Култура и туризам

Двеилјадитата година ја дочекав во Крушево

SavoKostadinovski

SavoKostadinovski
Саво Костадиновски

Двеилјадитата година ја дочекав во Крушево. Така имав испланирано десет години порано, како што ги имав испланирано патувањата во Детроит и во Сиднеј.

Моите претци заминале кон Крушево да го заложат животот за повозвишени цели, а јас во нивна чест да го пречекам новиот век и новиот милениум.

Последното лето од векот што изминуваше, во черените на старите куќи во Ботуше трагав по стари работи кои можеа да ме врзат со некои спомени од минатото или да ми го надополнат сознанието за семејната лоза. Ја доживеав радоста од потрагата кога наидов на предмети од Костадина. Кубура, кама, стари ливчиња со имиња на луѓе и со други записи, еден стар молитвеник и неколку некогашни долари што ги донесол од печалба и ги криел за недајбоже.

А, веројатно, ги скрил за да ги најдам јас. За да можам да ги суредам таму каде што треба.

И не се двоумев што ќе правам со нив.

Ги понесов за Крушево.

Кога му ги предадов на директорот на музејот со име на претседателот на републиката за која се борел Костадин, мојата радост од потрагата по нив премина во задоволство од предавањето на старите предмети, а задоволството го делевме заедно со домаќинот. Тоа го наведе со часови да разговараме и да разгледуваме по музејските витрини и депоа. А потоа не доведе до случајот што ми донесе и радост и задоволство – во старите хартии наидов на името на Костадина. Беше запишано во документите за илинденците, а покрај документот со името, во крушевскиот музеј останаа неговата кубура, камата, неколку стари ливчиња, неколкуте стари долари што не стигнал да ги потроши… Некогаш тој дал долари за да се купи оружје за востаниците, а јас ги предадов во музејот на востаниците. Оставив и една копија од чудната книга, како што некогаш ја викале фотографијата… Од онаа истата што си ја испратил Костадин од Америка… и што стигнала со задоцнување. По еден век стигна и во Крушево. Таму заврши патот на чудната книга за раните спомени на семејната сага, но нашата сага стигна и до третиот век…

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top