Култура и туризам

Минував низ мојата татковина

SavoKostadinovski

SavoKostadinovski
Саво Костадиновски

Секое лето, додека студирав во Келн, по три месеци работев. Работев за да студирам. Студирав и печалбарев.

Работното место не ми беше в место, туку во движење, зашто работев како келнер во германските меѓународни возови. Така печалбарев, патувајќи. Уште тогаш патешествијата ми беа како предодредени, како животна преокупација… Претчувствував дека патешествијата ќе ми бидат како судбина, како начин на живеење.

Патував низ Европа, бев насекаде освен во затворената Албанија. Тогаш Европа ми изгледаше како едно цело. Ја мерев и вдолж и попреку. Мојот пат по неа беше подолг од патот на прадедо ми Костадин од Солун до Детроит и од патот на дедо Јанко од Солун до Сиднеј.

Патував и нешто запишував, кога како, кога што, а најчесто по некој стих. Темите не ги барав, туку се соочував со нив. Се соочував со својата родна земја. Од с# најдлабоко се запишани спомените за копнежите.

Најчести ми беа патувањата со „Балкан-експрес“ од Хамбург до Атина. Подеднакво ги доживував и патувањата на линијата Париз – Атина. Секое патување ми беше посебно искушение.

Минував низ мојата татковина.

Така живеев со неа – на пропатување и со спомени. И со будење на копнежи. Секое поминување, секој предел, секоја станица… – беше уште еден копнеж повеќе за мојата татковина. Тоа беше и уште еден повик од мојата татковина, од родниот крај. А јас само минував, не навратував.

Ја гледав од минување, не & приоѓав. Им одолевав на копнежите за родните предели. Имав многу сила за да им одолеам, но собрав премногу тежина што ја носат копнежите и носталгијата…

И кога не минував низ родната земја, мислата ме носеше кај неа. Ме потсетуваа оние кои патуваа во неа. А имаше многу нашинци кои одеа по Европа и поначесто носталгијата ги тераше да се навратат во родниот крај. Модата им беше да патуваат со касетофони. Да ја слушаат песната од нив, зашто песната во нивните души беше потаговна и носталгична. Им ги разбирав и песната и тагата.

Такви беа и кога одеа во своите зафрлени села низ Македонија и кога се враќаа. Таков бев и јас. Распнат меѓу татковината и далечината.

Нешто слична беше сликата и кога патував од Хамбург до Лисабон. Само што по тие возови не патуваа моите земјаци туку португалските, шпанските и италијанските гастарбајтери. И тие беа од новиот вид номади, но таму мене ми беше полесно – родните предели не ми скориваа мачнина. Ама не можев да не ги забележам кај нив носталгијата, тагата или радоста, иако не им го знаев јазикот.

Поинаку беше кога патував зад железната завеса. Отаде големиот ѕид и тишината беше поинаква. Не само поредокот, туку и редот им беше поинаков на луѓето – се забележуваше тоа веднаш штом ќе се симнев во Москва, Букурешт, Софија, Будимпешта, Варшава… Тогаш не мислев многу за носталгијата и за родниот крај…, тогаш мислев на еден збор – слободата. А таа е илјада пати повеќе од еден збор. Ама мене, со мојата словенска душа и со мојот словенски збор, ми беше полесно. Во тоа наоѓав малку топлина, наспроти студенилото на север, во таа скандинавска цибрина…

Младоста ми минуваше во патување и имав чувство дека животот ќе го минам во патување. Поточно, и самиот живот е само едно долго патување, без разлика дали е низ времето или низ просторот.

Патувањето го сфаќав како потреба. И затоа ниедно патување до родниот крај или назад во Келн не го чувствував како тежина. Секогаш наоѓав убавина и некаква одржлива смисла во патувањето. Му се радував на новиот хоризонт, на новиот ден во друг простор…

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top