Култура и туризам

На Каменот од Розета карактеристики на битолскиот говор

kamenot-od-rozeta

kamenot-od-rozetaИ античките Македонци, како битолчани денес, не ги членувале именките со гласот „т“ на крајот. Ова го тврдат нашите научни работници Томе Бошевски и Аристотел Тентов, кои го проучуваа и дешифрираа средниот текст на Каменот од Розета.

На Каменот, пронајден во 18 век во местото Ел-Рашид во Египет, запишана е фараонска наредба од 196 година пр. н.е. од кралот Епифан Петти од династијата на Птоломеите, која потекнува од античка Македонија. Бошевски и Тентов тврдат дека средниот текст е пишуван со писмото на јазикот на античките Македонци. Корените на овој јазик потекнуваат од татковината на Птолемеидите кои живееле во јужна Пелагонија, кај ископините на денешниот град Птолемаида, кој се наоѓа 60 километри јужно од Битола.

Со анализирањето на текстот запишан на Каменот од Розета, Бошевски и Тентов дошле до сознание дека јазикот на античките Македонци оставил големи траги во денешниот македонски јазик. „Има околу 20 граматички правила, како што се формирањето еднина и множина, суперлативот кај придавките, формирањето пасивна форма на глаголот. Тука ја сретнавме и карактеристиката на битолскиот говор во однос на членувањето на именките. Имено, за битолчани се вели дека не знаат да зборуваат литературно, дека не ставаат ‘т‘ на крајот од именките, на пример, столо, моливо и слично. Докажавме дека оваа неправилност што им се припишува, во суштина, води корени од античко-македонскиот јазик“, тврди Бошевски.

Интересно е и следново мислење. Според Бошевски и Тентов, античкиот јазик е променет во 10 век со појавата на кирилицата. Од Кирил и Методиј сега нè делат околу 1.200 години. Кога тие ја формирале кирилицата, од Каменот од Розета, исто така, ги делеле 1.200 години. „Значи, тие во свое време го знаеле античко-македонскиот јазик како што ние денес го знаеме јазикот на Кирил и Методиј. Анализиравме артефакт кој никој не може да го оспори и да нè обвини дека сме го измислиле. Тој е значаен за писменоста во целиот свет“, нагласуваат тие.

Трудот на Бошевски и Тентов е ставен на веб-страница на интернет: http://rosetta-stone.etf.ukim.edu.mk/. Според датотеката на „Google“, интересот за него е голем. Во последните четири-пет месеци, според посетеноста, е на првите места. „Пред извесно време дознавме дека нашиот труд може да се најде и како печатен материјал во книжарниците во Велика Британија и во САД, а искрено не знаеме како стигнал таму“, вели Тентов.

Инаку, домашната научна јавност многу е скептична за резултатите на Бошевски и Тентов, особено лингвистите. „Тие не можат да се ослободат од теоријата која е сосема погрешна за нас, дека Македонците заедно со другите Словени во 5 век дошле од зад Карпатите. Ние сметаме дека нашите корени се длабоко на Балканот. Негирање има априори без аргументи, но конкретни забелешки или критика со укажување на пропусти кои би можеле да ги најдат во нашиот приод нема. Зашто она што го направивме не е измислување некоја комплицирана математика. Резултатите се едноставни. За дешифрирање на текстот, место египетскиот јазик, ние го применивме македонскиот и дојдовме до резултати“, подвлекуваат Бошевски и Тентов.

Соња Тантарова-Груевска

Најново од: Култура и туризам

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

To top