Култура и туризам

Мариово – „Мирна земја“ (2)

turisti-od-slovachka-vo-poseta-na-mariovo

turisti-od-slovachka-vo-poseta-na-mariovo

„Мариовскиот говор е премногу чист од странски зборови и промеси. За неговата чистота следните околности им помогнаа најмногу: планинскиот карактер на земјата ја прави тешко достапна и изолирана за страни посетители или од соседството; нема ниту Турчин, ниту Грк, ниту Влав, ниту Србин, ниту Албанец, ниту пак Циган (Ром – н.з.). Маровецот не знае и за емиграцијата (гурбет). Тој е толку цврсто поврзан со родниот крај што никакви услови и околности не можат да го одведат од него. Во време на последната војна Мариово беше фронт, земјата се претвори во пепелиште, но Мариовецот не замина од овој крај ниту како бегалец, ниту во странство (Америка и во други места) за печалба или прехрана.“ –  пишува Георги Траjчев  во својата книга за „Мариово“.

Георги Трајчев во книга „Мариово“, чие второ издание се печати во 1923 година, во својот опис на Мариовци кои живеат изолираното во т.н. „Мирна земја“, за нивното образование, говор и традиции ќе го забележи следното:

„Во културно-образовен однос, Мариово е многу заостанато. Населението е едноставно, наивно и неуко. Живее патријархално во мали куќи заедно со стоката. Целата земја да “хуриетот” имаше само 1-2 училишта. Земјата е лишена од интелигентни сили. Од Мариово, само еден млад човек го завршил четвртото одделение на Солунската гимназија пред 35 години и уште еден друг има завршено свештенички курс во Скопје. И свештенството на овој крај се одликува со својата едноставност. Неговото образование било во училиштето во Витолиште, кое постоело уште од 1829 година под водство на калугерот Лунгур (?), роден во селото Кокре (Мариво) и воспитаник на Света Гора. Учебните предмети беа: наусница, псалтир и евангелие.

Витолишкото училиште како расадник на културно образовниот процес во Мариово е многу назад. Од таму излегуваа ѓаци и попови, иако со ограничени знаења. Ваквото училиште, во стари времиња, имало во Чебренскиот манастир (Мариово). Иако овие училишта давале на земјата ѓаци и попови, едноставноста и незнаењето како во свештенството, така и кај населението, се премногу типични. Населението, во верска смисла, е многу суеверно…

Во повеќето села старите цркви се ниски, мали и темни само со по една-две дупки, наместо прозорци. Едноставноста и незнаењето на Мариовците создале неколку анегдоти… Еднаш еден Мариовец дојде во градот да купува по повод свадбата на својот син. Влегол во бакалница и му се пожали бакалинот на високите трошоци. Бакалинот го поткрепил тврдењето на Мариовециот со своите додавки велејќи дека трошоците потребни за свадба – мадба: вино- мино, ракија – манија, чалгија – малгија и др. така што Мариовецот се исплашил од двојните трошоци што треба да ги направи за мадба, мино, мапија, малгија и др. и решил да се откажат од свадбата. Во друг дуќан, сепак, му направиле поедноставна сметка, без овие додатоци, па Мариорамот се смирил и ги направил потребните купувања за свадбата. Друго. Мариовец е почестен со кафе, во кое намерно е ставена сол наместо шеќер. Тој го испил кафето без мрморење, а на прашањето: дали кафето е убаво, – тој вели дека е малку соленко.

Градското население смета дека Мариовецот е синоним за .. “прост” и го нарекува “торлак”. Тиквешани пак го нарекуваат Мариовецот со името “дујка”. Голема одговорност за тоа незнаење на Мариовецот, паѓа на црковно-училишните власти (Прилепско црковно-училишна општина, пелагониската митрополија и Егзархијата). Целосната незаинтересираност од страна на овие власти беше во врска со културното просветлување на овој заборавен крај. Ногата на владиката ретко беше таму. За просвета ниту збор не стануваше низ канцелариите на поменатите фактори до “Хуриетот”, кога се создаде инспекторскиот институт. И тогаш дури, Егзархијата дејствуваше многу слабо. Требаше грчката пропаганда, потикната од турската власт, да ги зајакне своите агитации преку своите агенти: наставници, учителки, доктори, четници, поткуп; мораше да сме неми сведоци на погрчувањето на овој чисто … (македонски – н.з.) крај, мораше да помине година време за да си ги отвориме очите и ја спасиме земјата со контра-мерки.

Сега (1909 година) направивме се за да ја надоместиме загубата, а владиката почна почесто да го посетува тој крај и отворивме училишта во многу села; и во селото Витолишта се отвори архиерејско намесништво; како и училиште со III класа беше отворено со економски интернат. за образование во земјата.

Говорот на Мариовецот е близок до Тикешкиот. Акцентот секогаш паѓа на вториот слог, не оди подалеку од третиот слог. Примери: воденица, валавица и др., со член воденицата, тепавицата и т.н., акцентот е на третиот слог. Енклитичните форми на мариовскиот говор не влијаат на акцентот. По синтакса и етимологија, овој говор е ист како и Прилепскиот. Во речникот, мариовскиот говор задржал многу стари форми и зборови кои јасно го разликуваат од сите соседни говори. Мисур велат на јадење (чинија европска) паленица (паница) и други.

Мариовскиот говор е премногу чист од странски зборови и промеси. За неговата чистота им помогнаа најмногу следните околности: планинскиот карактер на земјата ја прави тешко достапна и изолирана за страни посетители или од соседството; нема ниту Турчин, ниту Грк, ниту Влав, ниту Србин, ниту Албанец, ниту пак Циган (Ром – н.з.).

Маровецот не знае и за емиграцијата (гурбет). Тој е толку цврсто поврзан со родниот крај што никакви услови и околности не можат да го одведат од него. Во време на последната војна Мариово беше фронт, земјата се претвори во пепелиште, но Мариовецот не замина од овој крај ниту како бегалец, ниту во странство (Америка и во други места) за печалба или прехрана Тој го знае и познава само градот, каде еднаш неделно слегува на пазарот. Мариовецот е исто така тврд и конзервативен кон јазикот, верувањето и обичаите. Тој и по 50 и 100 години не може да усвои и да научи ниту еден едноставен српски збор.“

(продолжува)

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top