Култура и туризам

Македонските седум чуда

adam-od-makedonija

adam-od-makedonijaАдам од Македонија е мала керамичка фигура на машко торзо во седечка положба, откриена во 2000 година со археолошкото ископување на локалитетот Говрлево (крај Скопје). Фигурината е датирана помеѓу 4-от и 3-от милениум п.н.е и претставува еден од десетте уникатни археолошки наоди во светот. Веднаш, по самото пронаоѓање, го доби епитетот – милениумско откритие. Адам има необична уметничка обработка. Тоа е еден нецелосно сочуван обид за претстава на маж фатен во момент на физичка или духовна активност. Ова машко тело, поставено во седната позиција, има нагласена анатомија, длабоко вовлечен стомак, истакнат папок, добро дефинирани мускули, видлив ‘рбет, па дури и скршен фалус.

ohridski-dlabiniОхридското Езеро е најголемото езеро во Македонија и меѓу трите најстари езера во светот. Од биолошки аспект, претставува најзначајен стагнантен акватичен екосистем во Европа, стар меѓу 3 и 10 милиони години, на чие дно се наоѓаат остатоци од вулканска маса кои биле активни пред 50000 години. Истражувањата покажале дека басенот под Охрид се карактеризира со три поголеми тектонски пореметувања. Станува збор за многу стар еко-систем. Научниците велат дека под дното се крие уште едно помало езеро. Најстарите населби околу езерото датираат од неолитскиот период, околу 6000 години п.н.е., а откриени се повеќе од 170 археолошки места.

Makedonsko_rakopisno_pismoНа овие простори е откриена најголемата концентрација на цртежи на купули, разни видови крстови, реткули, гравирани врз карпите и камењата од времето на палеолитот, први почетоци на било каква духовна манифестација на човекот од нашата планета. Македонското писмо, според анализите на археолозите и историчарите, е едно од најстарите писма и претставувало основа во создавањето на египетското, римското и други писма. Старомакедонската азбука е писмото што го користеле македонците до 7 век. Глаголицата е најстарата позната азбука и била создадена од Св. Кирил и Св. Методиј 862–863. Климент Охридски ја создал кирилицата, 886 година ја формирал Охридската книжевна школа, прв Универзитет, од кој излегле 3500 ученици.

alsarАлшар е необично и мошне атрактивно место. Рудникот се наоѓа во селото Мајден, на 900 м. н. в. Во близина на окната се чувствува миризба на сулфур. Земјата е мека, а е исполнета со разни минерали во сите бои. Доминантна е жолтата, поради големото присуство на арсенот. Токму тој, арсенот, се икопувал во турско време и се користел најмногу во козметиката, за депилација. Дел од рудата преку солунското пристаниште се носел во Германија. Токму таму, при обработката, се откриени некои од уникатните руди. Во него, во изобилство ја има талиумовата руда лорандит, која е природен детектор на “неутрино”, честичка која од Сонцето до Земјата патува за 8 секунди. Со други зборови, тој единствено ги препознава реакциите што доаѓаат директно од јадрото на Сонцето. Станува збор за мошне редок минерал, за кој е утврдено дека во целиот свет единствено во Македонија го има во чиста форма.

lebЛебот е дел од основните состојки во исхраната кој се подготвува со печење, парење или пржење на тесто, кое се состои најмногу од брашно, вода, сол и квасец. Неолитскиот човек бил далеку подлабокоумен отколку што за него сме мислеле. За тоа говори изработката на керамички зрна жито кои, никаде во светот освен во Македонија, досега не се откриени. Во специфичен масивен објект од глина кој е органски поврзан со подот и има облик на клупа за седење, постојат показатели дека се приготвувал лебот, од мелење на зрното преку месењето на квасецот до печењето, како впрочем и до скоро во фолклорот, подеднакво носела и утилитарен и обредно магиски карактер.

D.D._OkarinaМакедонскиот уникатен инструмент, топчестата окарина, датира од неолитскиот период. Изработена е од теракота и е пронајдена во 1989 г на археолошкиот локалитет Мрамор, Велес. Ова е и единствен ваков инструмент пронајден во Европа, направен од некој голем ум, од човек кој точно знаел што сака и каков звук да произведе. Окарините ги има во најразлични облици, но најкарактеристичниот облик е баш Македонскиот, кој е тркалезен, и е само со три отвори. Чудо се случи кога Даутовски повторно ги повика гласовите стари илјадници години, а звукот што излезе од неа беше вонвременски и вонпросторен, потсетуваше на светската музика на сите најстари цивилизации на човештвото. Концертната промоција на топчестата флејта е прво искуство во Македонија на еден поинаков начин да се постави еден движен археолошки наод.

skitКако сликовна претстава, иконата може да има историска, естетска и археолошка карактеристика, но таа не припаѓа на сакралната уметност, туку на Црковно богослужење, заедно со Светото Писмо и Светите Тајни. Таа не е некој украс, табло или фигуративно претставување, туку визуелно соопштување на невидливата божја стварност, манифестирани во времето и во просторот. Затоа, визуелната контемплација има иста вредност за примање на Тајните Божји откриени во историјата на Спасението како и усмено исповедување или напишана порака. Иконите не се почитување на материјалното, туку на темелот од сличноста на претставениот лик со личноста чие име треба да се напиши на иконата.

Превземено од Кингмарколанд

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top