Култура и туризам

Првата христијанска општина во Европа (2)

Etnografska karta

Св. Апостол Павле и Македонија

Etnografska karta

Co полно право може да се прифати дека надвор од градот, Филипи, крај реката Македонците, оделе да ги вршат своите молитвени ритуали Македонците, затоа што и Страбон пишува дека тие ја обожавале водата и воопшто изворите и реките. По секоја веројатност, откако ја прифатиле грчката паганска религија, Македонците не ги заборавиле ниту своите традиционални верувања и обичаи. Имено со такви верувања и обичаи на етничките Македонци се сретнал апостолот Павле за време на својата прва посета на градот Филипи.

Прва, како што веќе рековме, ја прифатила новата христијанска вера “една богобојазлива жена од градот Тијатир, по име Лидија”. Тука таа била дојдена за да продава црвени ткаенини. Овој податок, секако, упатува на тоа дека во Филипи биле развиени занаетчиството и трговијата111. Имајќи го, притоа, предвид фактот дека во онаа далечна епоха жената била поврзана, пред се, со куќата и со домаќинството, не е тешко да се сфати до каков степен биле развиени занаетите и трговијата во македонскиот град Филипи, штом и една жена им била позната на филипјаните како продавачка на ткаенини. Поважното во случајот, се разбира, е тоа што новопокрстената христијанка Лидија била од градот Тијатир112, кој бил населен исклучиво со македонски преселници. Нам ни е познато дека по освојувањето на бројните територии од страна на Александар Македонски, многу Македонци биле раселени во разни делови на империјата, за да може на тој начин полесно да се зачува македонското владеење над другите народи. Но и покрај раселувањето и навидум непремостливата просторна оддалеченост од родниот крај, при немање на какви и да е модерни превозни и телекомуникациони средства, тие стародревни иселеници не ги заборавиле својот род и својата татковина. Тие се наоѓале во непрекинато општење со своите еднородни браќа од Македонија не само во времето на македонското владеење, туку и векови потоа. Имено оваа голема љубов кон родната грутка ја довела Македонката Лидија од далечниот град Тијатир во Филипи. Каква беспримерна приврзаност кон род и родина; какво духовновеличие поседувала оваа древна Македонка живеејќи толку далеку од татковината на своите прадедовци и притоа жена, нашла во себе доволно сили и поминувајќи стотици километри, доаѓа имено тука, помеѓу своите сонародници да ја врши својата трговска дејност. Во личноста на Лидија денешните Македонки имаат, навистина, светол пример, бидејќи и денес тие можат да дадат свој придонес во остварувањето на вековните стремежи на онеправданиот и измачен македонски народ.

Македонката Лидија го пројавила и така типичното за Македонците гостопримство. Таа ги поканила апостолот Павле и неговите соработници да живеат во нејзиниот дом и не само што ги поканила, туку и повеќе од тоа – таа била толку упорна во своето настојување, што тие не биле во состојба да ја одбијат нејзината покана (Дела 16,15). Во нејзиниот дом тие престојувале во текот на целиот свој престој во Филипи. Тука тие го проповедале новото учење, разговарале со новопокрстените и сл. Притоа, освен од Лидија и од нејзините блиски, новата вера била прифатена и од многу други граѓани на Филипи. Така се родила првата христијанска општина во Европа. Основана од апостолот Павле, таа, во почетокот на своето постоење, била организирана и раководена од светиот евангелист Лука. Откако дошол од Троада во Филипи, заедно со апостолот Павле, Сила и Тимотеј, тој не отпатувал со нив за Солун, туку останал во Филипи, каде што продолжил да го проповеда христијанското учење и истовремено се грижел за уредување на тукушто формираната црковна општина. Тоа дека евангелистот Лука останал во Филипи по заминувањето на апостолот Павле, со Сила и Тимотеј, за Солун, се гледа од самиот начин на раскажување од 17 глава натаму. Додека до нивното пристигнување во Филипи, свети Лука, кој е автор на “Дела на светите апостоли”, раскажува во прво лице множина, по заминувањето на апостолот Павле, со Сила и Тимотеј, за Солун, расказот од прво лице множина поминува во трето лице множина, а тоа покажува дека авторот (евангелистот Лука) натаму веќе не учествувал во патувањето. Еве што читаме во Дела 16,9-12: “(9) Преку ноќта имаше Павле видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: “Премини во Македонија и помогни ни!” (10) По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи разбравме дека Господ не повикал таму да го проповедаме Евангелието. (11) И така,откако отпловивме од Троада, стигнавме право во Самотраки, a на вториот ден – во Неапол, (12) а оттаму во Филипи, кој во тој дел на Македонија е прв град, римска колонија. Во тој град престојувавме неколку дена”. #913; еве како звучи текстот по заминувањето на апостолот Павле, со придружниците Сила и Тимотеј, од Филипи за Солун: “Минувајќи преку Амфипол и Аполонија, дојдоа во Солун, каде што имаше јудејска синагога” (Дела 17,1). Од посочените примери јасно може да се види дека евангелистот Лука не го продолжил патувањето, туку останал во Филипи.

По евангелистот Лука епископ на Филипи станал Епафродит113, којшто бил филипјанец и градски првенец. Тој бил поставен за епископ на Филиписката христијанска општина, според сведочењето на свети Јован Златоуст и Блажени Теодорит, од самиот апостол Павле. Филипјанецот Епафродит бил познат по своите големи христијански добродетели, поради што апостолот Павле се однесувал кон него со чувство на длабока почит. И не само кон него, апостолот Павле чувствувал посебна љубов воопшто кон сите филиписки христијани заради нивната добродушност, човекољубие, приврзаност кон Христовото учење и сл. Големата љубов на апостолот Павле кон филиписките христијани се забележува уште во првите стихови од неговото послание до нив. Тука тој не го истакнува своето апостолско достоинство, како што тоа го прави во некои други свои посланија (на пр. во Првото послание до Коринтјаните и во посланијата до Тимотеј), Туку се наречува себеси раб на Исуса Христа, при што, на тој начин, ги третира филипјаните како да се рамни по чест со самиот него. Апостолот Павле ги пофалува филипјаните за нивната ревност во верата, за готовноста им за духовни и матерјални жртви во името на новата идеја. Додека некои христијани, во тешки моменти, го напуштале апостолот (1 Тим. 4,10; 2 Тим. 1,15), тоа филипјаните секогаш му се притекувале на помош, поткрепувајќи го во најтешките моменти од неговата проповедничка дејност, независно од тоа каде се наоѓал тој. “Јас се зарадував необично многу во Господа -пишува апостолот – затоа што вие одново почнавте да се грижите за мене, но немавте згодно време. Ова го велам непоради немање, бидејќи се научив да се задоволувам со она што го имам. Знам да живеам и во скудност, знам да живеам и во изобилство; научен сум на се и секако, и сит да бидам, и глад да трпам, и во изобилие да сум, и во немање. Се можам преку Исуса Христа, Кој ме крепи. Покрај сето тоа, добро направивте што зедовте учество во мојата скрб. #913; знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на Благовестието, кога излегов од Македонија, немаше ниту една црква нешто да ми даде или нешто да примам освен од вас; зашто и во Солун, еднаш, и по втор пат, ми пративте нужни работи. Ова го велам не дека сакам да ми давате, туку го барам плодот, кој се умножува во ваша полза” (Филип. 4, 10-17).

Од цитираните стихови јасно се гледа дека филипјаните го помагале апостолот Павле не само духовно, туку и матерјално, снабдувајки го со потребните за живот работи.

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top