Култура и туризам

ОД ПРЛИЧЕВ ДО ТРПОСКИ

prlicev

prlicev

Сега сме во пресрет на 40 годишнината од формирањето на Македонското литературно друштво „Григор Прличев„ во Сиднеј, Австралија. Друштвото го носи името на еден од најславните македонски поети,  ловороносецот-охриѓанецот  Григор Прличев.

Литературното друштвото во Австралија има одиграно важна улога во промовирање на македонскиот јазик преку промовирање на повеќе од четириесет поети и писатели; издаде педесетина броеви на списанието „Повод“ и издаде стотина наслови од македонски автори кои делуваат во Австралија, Америка, Канада и Македонија. Насловите се од сите жанрови но најповеќе збирки поезија во кои се опишува болката за својата земја – Македонија и за сето она што е поврзано со тоа поднебје, како историјата, културата, јазикот, а секако и теми кои се тесно поврзани со печалбарството и разделбата поради желбата за подобар живот или како резултат на поделбата на Македонија или економско-политичката состојба.

Но не само Прличев кој еден период живееше надвор од Македонија ја почувствува таа разделба, носталгија и болка за својата Македонија, туку и браќата Димитар и Константин Миладинов, Рајко Жинзифов, Коле Неделковски, Никола Вапцаров и други поети – преродбеници кои толку убаво ги ткаеја желбите преку песните да се вратат на своето огниште во милата Македонија.

Во оваа толку политичко напната прилика ќе го споредиме бунтовниот излив на Прличев против насилната окупација на Охрид и охридските цркви, со истиснување на црковно-македонскиот јазик и воведување на елинистички- грчки јазик. Тој најдобро го искажува својот гнев преку стиховите напишани во песната „Песна за Патрикот (1762 – лето)“, која за охриѓани и пошироката македонска јавност ќе остане како вековен хит.

А ете сега, за жал, да ги споредиме настаните во нашата татковина Македонија, каде насилно се воведува двојазичност, се менува Устав, се преговара за националното име и идентитет, пра-пра-пра внукот на Прличев, поетот Иван Трпоски, не можејќи да остане равнодушен, најмногу им забележува на македонските парламентарци во владината коалиција на Република Македонија кои во Парламентот изгласуваат се и сешто само за да ги сочуваат своите позиции или да добијат мито како Јуда (дали од Тирана или Атина – сеедно). Таквиот револт Трпоски (како и Прличев пред повеќе години) ја искажува со стиховите испишани во песната „Македонијо – не те забораваме“.

Душан Ристевски

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top