Култура и туризам

Светски истражувачи тврдат дека Св.Лука е по потекло Македонец

luka

luka

СВЕТИ ЛУКА МАКЕДОНЕЦ….

  •          Истражувањата покажале дека, Св. Лука не е роден во Антиохија, роден е во Македонија (иако тогаш во Антиохија претежно биле Македонци).
  •          Според теоријата, Св.Лука е Македонецот кој го вика Св. Павле да дојде во Македонија.
  •          Св.Лука го пречекал Св.Павле во Троада (Малоазиски град недалеку од Македонија),и заедно одат во Македонија.

Доказ – Биографијата на Св. Лука, преземена од светски познатата- Општа ЦД Американска енциклопедија Encarta (цит. дело, наслов: Luke, saint).
Во биографијата на Св.Лука во оваа Енциклопедија  стои и дека Св.Лука живеел во I век по Христа.
Во Новиот Завет тој е придружник на Св.Павле и паган, зашто Св.Павле го одделува Лука од  еврејските соработници.

Употребата на прво лице множина во Делата апостолски (16:10-17) може да ни покаже, и ако авторот на Делата апостолски бил, човекот од Македонија’ (Дела апостолски, 16:9), Лука очигледно му се придружил на Павле.

 СВЕТИ ЛУКА – ЧОВЕКОТ ОД МАКЕДОНИЈА

Подецидна потврда за оваа теорија и во познатото Американско издание “Библиски земји” (Biblelands) под надзор на д-р Клинт Арнолд од Теолошкиот Талбот Семинар.
Овде, е истата претпоставка дека Св.Лука е Македонец од Македонија. Во врска со ова стои:
“Додека престојувал во Троада, Павле имал визија на човек од Македонија, кој го повикал да појде во Македонија.
Некои претпоставуваат дека човекот од Македонија бил лично Лука”.
Македонското потекло на Св.Лука го потенцира и македонскиот црковен историчар и теолог проф. д-р Ратомир Грозданоски, кој смета дека само доколку Св. Лука бил Македонец од Филипи, можел толку добро да ја познава топонимијата на овој град.
За македонското етничко потекло на Св. Лука има уште еден  интересен податок. Знаеме дека Св. Лука ги напишал своите библиски дела (“Евангелие по Лука” и “Дела апостолски”) на јазикот коине.
Внимателните проучувачи и аналитичари на најстарите преписи на неговите дела дошле до едно зачудувачко откритие.
Откриле дека Св. Лука во “Дела апостолски” употребил еден античко-македонски збор, кој го нема во ниту еден друг текст откриен на територијата на етничка Грција. Истиот збор пак го имало на бројни натписи ширум Македонија. Овој збор бил откриен и на древниот споменик Вардарова Порта во Солун.
Во споменатото издание “Библиски земји” стои:
“Лука, во своите објаснувања за престојот на Апостол Павле во Солун, употребува еден збор за „градските старешини“ што не се среќава во ниту еден друг текст од грчката литература. Истиот овој збор е пронајден на еден натпис на „Вардаровата Порта“, како и на бројни други натписи низ цела Македонија.
Овој податок дава поткрепа во прилог на историската автентичност на објаснувањата на Св.Лука”.

– Кој е античкомакедонски збор,што го употребил Св. Лука, а кој го нема во ниту еден литературен антички грчки текст?

– Тоа е зборот – политарси (политархос), чија етимологија е -градски старешини.
Терминот  Св. Лука го употребил во “Дела апостолски” (17,6).
– Кои биле политарсите?
– Тоа биле луѓе на локални (градски) управници.
Токму затоа овој термин е пронајден исклучително на натписи на територијата на Македонија и токму затоа истиот го нема во ниту еден старогрчки текст!
Д-р Проева пишува дека засега најстарото спомнување на овој термин датира уште од III век п.н.е. за време на македонскиот владетел Касандар.
Конкретно натписот од III век п.н.е се наоѓа на територијата од Илирија, која во тоа време била македонска колонија.
Терминот е пронајден и во една македонска колонија во Тракија
и по окупацијата на Македонија, Римјаните ја задржале оваа институција во македонските градови, па од тоа време, во Македонија, има зачувано повеќе од 50 натписи со терминот политарси .
На територијата на Грција, пак, не е откриен ниту еден текст со овој древно-македонски термин.

Ова е силна индиција за неговото македонско етничко потекло,

Името Св.Лука, произлезено од коине терминот лукс (светлина),што воедно одговара и на денешниот македонски збор луч т.е. лач (зрак од светлина).
-Фактот што и делови од своето Евангелие Св.Лука ги напишал токму во Македонија, во градот Филипи (подетаљно кај д-р Ѓорѓи Поп-Атанасов -“Библијата за Македонија и Македонците”, цит. дело, стр.115).
-Евангелистот Лука среде Македонците пишува делови од Евангелието.

Св. Лука на територијата на Грција во Теба, е измачуван и обесен.од страна на Грците.

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top