Култура и туризам

Манастир „Свети Архангел Михаил“ во село Теово, Велешко

teovo-manastir

teovo-manastir

На 35 километри југозападно од Велес недалеку од селото Богомила распослано пред клисурата на реката Бабуна распослан на надморска височина од 450 метри на локација врз која се најдени остатоци од стари темели на некогашен манастир се наоѓа манастирот „Свети Архангел Михаил“.

Манастирот пред 400 години е до темел изгорен од страна на турците но истиот денес е возобновен и во функција на Бога и на верниците. Храмот е посветен на и изграден во слава на Бога и Св. Архангел Михаил во временски период од 4 години а денешниот манастир е дело на само еден човек, ктиторот на манастирот протоерејот-ставрофор, Стојко Ристовски.

На прв поглед комплексот плени со неговата беспрекорна изградба на површина од 3000 квадратни метри се распослани три објекти: храмот, камбанарија и конакот. Ктиторот прота Стојко манастирот го има возобновено од неговата пепел а самиот по потекло е Теовчанец. Пронајдените коски кои се најдени на темелите на некогашниот манастир се на непознатиот монах Јован, преку видение и апотезно се сохранети во темелот на камбанаријата.

Манастирската црква е еднокорабен храм со димензии 9 на 4,5 метри а висината на ценреланото кубе е 7 метри така што вкупната корисна површина изнесува 40 квадратни метри. Автор на проектот архитектот Драгиша Живковски од Скопје а зографи на иконите се: Светозар Богдановски и Тања Мишева а додека на фрескоживописот се Драган Ристевски и Лазар Лечиќ од Охрид. Камбанаријата е доминантна во манастирскиот комплекс и нејзината основа е 2,5 на 2,5 метри во приземјето со три ката во висина од 13 метри.

Манастрискиот конак е ремек дело кое се издвојува по својата градба и уредување на станбен простор. Во основата содржи димензии од 18 на 9 метри со две ниски приземја, кат со каскадно решение и две поткровја. Површината на конакот изнесува 304 квадратни метри. Целиот комплекс е опкружен со камена и кована ограда а внатрешниот простор е зазеленет со култивирана трева.

На иницијатива на ктиторот издејствувано е да се направи нов асфалтен пат а стариот да се поправи од дупките. Чинот на осветувањето на манастирскиот комплекс е извршено од страна на четирите архиереи: Кирил, Тимотеј, Петар и Стефан на 16-ти Мај 1998 година. Секој оној кој што еднаш дошол во овој манастирски комплекс се воодушевил од убавината и од спокојот кој што преовладува во него.

Верниците имаат можност да уживаат во природата, чистиот воздух, убаво декорираниот и среден двор но и да уживаат во условите кои ги нудат конаците кои се опремени со најновата технологија. Со еден збор манастирот е место каде можете да отидете и да го постигнете душевниот спокој и мир, да се поврзете со Бога и да уживате во просторот кој е незагаден и ненарушен.

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top