Култура и туризам

Христијанството во Преспа

hristijanstvo-prespa-1

hristijanstvo-prespa-1

Македонскиот народ во неговата долговековна борба за своја сопствена држава, за национална и за културна слобода и независност, во исто време, се борел христијанската вера и за независност на својата Православна црква.

Историјата на македонскиот народ е тесно поврзана со историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Тие со векови заедно егзистираат и во исто време страдаат и се борат против денационализацијата и неправдата кон македонскиот народ на Балканот и на други места насекаде по светот.

Црквата одиграла првостепена улога за македонскиот народ во текот на тешките периоди на ропство. Затоа се вели дека Црквата била основата на националното признавање и лулка на ренесансата на Македонците во подолг период

Така, почнувајќи од древниот период па до денес Македонија била, е и ќе биде место каде што ce вкрстуваат различни цивилизации. Така христијанството се појавило на овие балкански простори, а со тоа и во Преспа пред многу векови, односно уште од времето кога апостол Павле дошол во Македонија.

Историски гледано, почнувајќи од древните времиња на Филип и Александар Македонски, преку римскиот и византискиот период, како и преку големите миграции на Словените кон југ и на други народи, а потоа и за време на отоманскиот период, Македонија била раскрсница на нации, цивилизации, култури, јазици, религии…

Македонскиот народ во неговата долговековна борба за своја сопствена држава, за национална и за културна слобода и независност, во исто време, се борел и за независност на својата Православна црква. Затоа историјата на македонскиот народ во изминатите илјада години секогаш била тесно врзана со Македонската православна црква-Охриска ариепископија. Црквата била таа која организирала голем дел од културната и од уметничката дејност на македонскиот народ, пред сé преку градење цркви и манастири.

Македонската православна црква – Охридска архиепископија игра значајна улога во собирањето на Македонците како во државата, така и во светот. Тоа е особено изразено со конституирањето на Република Македонија, пo обновувањето на Охридската архиепископија во 1958 година и по прогласувањето на нејзината автокефалност во јуни 1967 година. Македонската православна црква – Охридска архиепископија направи силен пробив меѓу православните Македонци во државата и меѓу бројната македонска емиграција во прекуокеанските земји – САД, Канада и Австралија, како и меѓу Македонците во Европската Унија и во други земји.

За Преспа е карактеристично што таа, заедно со Охрид, во еден долг период претставувала крстосница на народи, религии, цивилизации… Трајни сведоштва за тоа се бројните споменици од материјалната култура на Македонците, но и остатоците од три важни магистрални патишта – Виа Игнација, Епирскиот и Стариот битолски пат, како најстар каравански пат од византиско време и средниот век, како и други споменици на духовната култура.

Процесот на осознавањето, во смисла на национално освестување, во Преспа се јавил многу рано, а тоа било особено изразено во 19-иот век. Но, и многу порано, со подигањето верски објекти и со нивното украсување со икони и фрески кои говорат за тешката историја на македонскиот народ, како и со другите споменици на културата, уметноста, народното творештво и другите вредности на македонското население.

Преспа како дел од етничка Македонија е карактеристичен регион во кој Македонската православна црква – Охридска архиепископија одиграла значајна улога. Христијанското население од Преспа ги искажувало духовните и интелектуалните потенцијали низ дејноста на Охридската архиепископија. Негувањето на црковната литература, архитектура и сите видови на ликовната и применетата уметност, сврзани за иконографијата и литургијата во науката се високо оценети.

Co тоа се потврдува дека во Преспа се создале дела од највисок уметнички дострел во своето време кои ја збогатуваат не само македонската, туку и светската ризница на уметноста и културата.

Неговото христијанско население го негувало и го негува култот на Пресвета Богородица, на Исус Христос… Тоа се потврдува со фактот што во голем број преспански села се изградени цркви посветени на Дева Марија. Меѓу нив, црквите во селата Сливница, Брајчино, Јанковец, Евла, Љубојно, Арвати, Крани, Нивици, Курбиново, Долно Дупени, Бела Црква и други населени места.

Повеќевековниот христијански живот на Македонците, од времето на свети Климент, низ долгата историја на Охридската архиепископија, до времето на преродбата во XIX век, придонесе да се создадат ремек дела на уметноста со универзално значење, со исклучителна естетска вредност.

hristijanstvo-prespa-2
Свети Климент Охридски и свети Наум Охридски

Така, во црквите и манастирите во Преспа се созадени значајни ликовни дела со кои се гордее човечкиот род. Иконите, фреските на манастирската црква „Свети Ѓорги“ во Курбиново, како и архитектонските облици, делата на применетата уметност од манастирот „Света Богородица“ во Сливница, влегуваат во антологијата на значајните остварувања на тоа време. Bo тие дела се распознаваат оригиналните карактеристики и белези сврзани за македонската културна традиција во Преспа.

Преспа е лулка на македонската иконографија каде значајно е присуството на повеќе стотини портрети на света Богородица, Исус Христос, свети Климент и свети Наум Охридски и нивните современици и други светци. Тоа е доволен доказ за културниот континуитет на традицијата на Македонците од најстари времиња до денес.

Периодот на преродбата во Македонија ќе донесе и во Преспа специфична иконографија во рамките на православието, со особена нагласка врз македонските светци, на нивните житија и на словенската писменост на Балканот, како што е примерот со манастирот „Света Богородица“ во селото Сливница, во Долна Преспа. Таа е дел од големиот придонес на Македонците во културниот и духовниот развој на православието во сесловенската уметничка ризница.

Притоа треба да се нагласи дека македонскиот духовен простор во Преспа никогаш не бил затворен. Напротив, православните духовници, писатели и ликовни творци секогаш биле во благородните хуманистички текови коишто се засновуваат на Христовото учење и на традициите на свети Климентовата црква.

Таков е случајот со црквата „Свети Ѓорги“ во Курбиново, како и со неколкуте други значајни цркви во Преспа, меѓу кои е и манастирот „Света Богородица“ во Сливница, кој во 2017 година го прослави своето 410-годишно постоење.

Во Преспа се создала специфична градителска и ликовна култура и по укинувањето на Охридската архиепископија, особено во борбата на црковно-училишните општини да имаат богослужба на црковнословенски, односно македонски јазик.

Притоа се подигнати бројни цркви и манастири од македонски камен, дрва, керпич, со македонска душа и срце. Сите тие цркви најчесто се со монументални димензии и со базиликална форма за да потсетуваат на величината на старата црковна слава.

Македонецот градел духовно-културни храмови со силна желба, љубов и вера кон православието. Co цел да опстои на овие балкански простори, православниот народ во етничка Преспа во периодот од десетина векови си помагал со другите народи, си пружал христијанска рака, затоа издржал и ропство, асимилација, прогонување, а и неправди. Тој опстанал и ќе опстои сеʼ додека веков векува и светот светува, зошто македонскиот народ е библиски, со голема христијанска душа, со вера, надеж и со љубов кон својата Црква.

Во минатото, иницијативите за подигање цркви и други објекти потекнувале од занаетчиите и трговците, особено во историските околности кои овозможувале извесна верска слобода на македонското население. Во таквите прилики доаѓале до израз и творечките постигања на македонските градители и зографи.

Така, во подножјето на Пелистер, во село Курбиново, се наоѓа црквата „Свети Ѓорги“ чијшто живопис потекнува од 1191 година. Однадвор мала и неугледна, градена од кршен камен, внатре – бисер со одлично зачувана фрескодекорација од 12-от, 16-от и од 17-от век, поради што е ставена под заштита на државата. Жителите раскажуваат, а постарите паметат дека некогаш околу црквата постоеле и манастирски конаци.

Обновените археолошки истражувања на локалитетот на островот Ахил, во Малото Преспанско Езеро, во егејскиот дел на Македонија, се од големо значење. И археолошките локалитети на островот Голем Град во Преспанското Езеро, ги потврдија претпоставките за организирано живеење на овој езерски остров од 3-от до 1-от век пред Христа.

На островот Голем Град се откриени остатоци од две цркви и потврдено е постоењето на средновековната некропола. Населбата својот процут го доживеала во периодот меѓу 9-от и 14-от век, но овојпат како манастирски комплекс.

Тоа се потврдува и со фактот што во голем број преспански села се изградени цркви посветени на Дева Марија. Меѓу нив, црквите во селата Сливница, Брајчино, Јанковец, Евла, Љубојно, Арвати, Крани, Нивици, Курбиново, Долно Дупени, Бела Црква и други населени места.

Затоа, етничка Преспа спаѓа во редот на најживописните христијански подрачја во Македонија. Таа има долга и богата историја. Нејзиното име за првпат се споменува во 9-от век по Христа. Сите историски епохи и сите национални драми овде оставиле длабоки траги, за што сведочат многу историски споменици.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top