Култура и туризам

МПЦ – ОА мора да остане црква на македонскиот народ!

mpc-oa

mpc-oa

Во Македонија секојдневно се појавуваат информации за бришење на македонското име и идентитет. Некои се вистинити, некои лажни, некои пробен балон на актуелната власт за да се види реакцијата на македонскиот народ во контекст на спорот со името со Грција. Меѓу последните беше информацијата во која се вели дека Светиот синод на нашата света македонска православна црква побарал од Вселенската патријаршија да се откаже од македонска само за да биде призната автокефалноста на Охридската архиепископија. Очигледно е дека ова преставува уште една манипулација на оваа ненародна и нелегална власт предводена од Заев со македонскиот народ. Меѓутоа, оваа власт со прифаќањето на Тиранската платформа и Законот за употреба на јазиците, потоа Договорот со Бугарија, како и со уништувањето на се што има предзнак  македонско, создавде чуство дека ја турка земјата во прегратките на Албанија и Бугарија. Историјата на Охридската архиепископија ја покажува која е крајната цел со евентуалното бришење на МПЦ, од целосното име МПЦ-ОА.

Имено, на територијата на Македонија, чија име стана славно уште во IV век пр.н.е., за време на Филип II (382 – 336) и Александар III Македонски (356 – 323), рано почна да се шири христијанството. Во пролетта во 50 –тата година од н. е., откако го оставил во Филипи апостол Лука, апостол Павле со Сила и Тимотеј заминале за Солун. Во 51 година, тие го напуштиле Солун и заминале во македонскиот град Берија. Апостол Павле проповедал во Македонија и за Македонците и испратил до Македонците од Филипи и до Македонците од Солун посланија, кои потоа ќе станат значајни поглавја во Новиот завет.

Во Светото Писмо се говори дека свети апостол Павле во Троада имал видение на еден човек Македонец кој го молел и му велел: Премини во Македонија и помогни ни! Евангелистот Лука во Делата запишал дека разбрале дека станува збор за Божја промисла таму да се проповеда Евангелието. Црквата во Филипи била првата Европска црква што ја основал апостол Павле во средината на првиот век. Светиот апостол ќе рече: Македонските христијани, доброволно, со љубов и дарежливо милостдие, материјално го помогнаа делото на Господ Бог.

Света Лидија, Македонка по род, е камен темелник на Црквата во Филипи. Таа е првата личност која што била крстена од страна на апостол Павле во Македонија и воопшто во Европа. А градот Филипи кој бил значаен град во тој дел на Македонија бидејќи бил градот на Филип и Александар Македонски, станал првиот град во Европа, каде што било проповедано и прифатено христијанството.

По Миланскиот едикт во 313 година, кога се престанува прогонството на христијаните, христојанството зело широк замав меѓу македонското население. Македонските градови станале центри од каде се шири христијанска култура кон Дунав и на запад кон Равена и Италија. Така, во периодот од доаѓањето во IV век на првиот христијански цар на Римската империја Константин Велики (272 – 337), па се до доаѓањето на византискиот император од македонската династија Јустинијан (527 – 565), христинијацијата на Македонија била завршена а црковната власт воспоставена. Во Македонија од тоа време се познати епископските седишта во Солун, Стоби, Скупи, Астибо, Хераклеја, Лихнидос. Кон крајот на 5 век Солун станал седиште на архиепископија, а Скупи на митрополија

Византискиот император Јустинијан, роден во скопски Таор (Тауресиум) во близина на Бадар (Бедариана), свесен дека населението во Македонија и северно од неа не е грчко, основа во овие области во 535 година самостојна црква. Во близина на своето родно место Јустинијан изградил нов град Јустинијана Прима, кој станал политички, административен, црковен и военостратегиски центар на префектурата Илирик, кој ги покривал балканските земји.

Според најголем дел од научниците, врз основа на пишаните извори, овој град постоел во Северна Македонија, таму каде што е сега Скопје. Други пак археолози сметаат дека Јустинијана Прима се наоѓа во Лебане, Србија, некои во минатото во Ќустендил, а пак, како што пишува Виктор Григорович по посетата на Македонија во средината на XIX век, според кажувањата на Охриѓани, ова име му припаѓало на нивниот град, бидејќи во близина на Охрид постоело селото Исток и поради што планината Петрина  во минатото се викала Ведеријана.

Во минатото за последен пат Macedonia Prima и Macedonia Secunda  заедно како две провинции се спомнати во 535 година, во XI – та новела на царот Јустинијан I, по повод назначувањето на Кателијан за архиепископ на нововоспоставената Архиепископија Јустинијана Прима.  Во делот каде се зборува за границите на Архиепископијата, се вели дека под негова надлежност покрај останатите провинции се и Macedonia Secunda. По Кателијан имало и други архиепископи, како што се: Бененат, Павле, Јован I, Леон, Јован IX кој во 680-681 година учествувал на Трулскиот собор во Цариград.

Семето на христијанизацијата било посеано, а Македонија и Македонците во Стариот и Новиот завет ќе бидат спомнати повеќе од 30 пати. Во Библијата како извор на историјата може да се најде за етничкото потекло на Македонците и Елините (Грците), за Александар Македонски и неговите наследници, како и патувањата на апостол Павле низ Македонија. Таа само ги потврдува историските вистини за Македонија и Македонците.

Од Библијата може да се види дека немало време кога како Македонци не сме биле и дека нема да дојде време кога нема да бидеме. Во неа се разрешуваат најдлабоките прашања кои го вознемируваат човештвото. „Во неа провејува љубовта како надеж, како вера, како сон, како песна. Таа е еден живот на еден човеќ, на еден свет, на едно минато кое се прелева во сегашноста и вечност, со надвижување на сеопштата љубов, толку неопходна за човекот.“

Праизворот на Библијата бил составен на староеврејски јазик, а потоа следел грчкиот превод во Александрија од седумдесетмината (септуагинта), латинскиот превод (Вулгата), готскиот и меѓу европските јазици на четврто место е славјанскиот превод на Библијата од Методиј во IX век. Овде треба да се напомене дека Свети Јероним Стридонски (347 – 420), роден на границата на Далмација и Панонија, некогашената римска провинција Илирик, ја превел Библијата од старогрчки јазик на латински позната како Вулгата, кој бил званичен текст на римокатолчиката црква до 1979 година. За него се смета дека ја составил глаголицата уште во 4 век, што пак нучниците кои тврдат дека славјаните дошле во 6 век велат дека е невозможно.

Ако сето ова го поврземе со ученикот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, свети Климент, кој како прв славјански епископ воопшто во светот ќе ја наследи црковната традиција од Јустинијана Прима, која имала автономија во овој временски период, тогаш лесно можеме да го извлечеме и подоцнежното име на Охридската архиепископија, која по пропаста на Самоиловото царство Охридската архиепископија ќе ја именуваат  како Архиепископија Охридска на Прва Јустинијана и на цела Вулгарија.

Според средновековните житија, за времето на Климент, цариградскиот или преславскиот патријарх никогаш не се спомнати и целосно се игнорирани, што јасно укажува дека Македонија имала црковна автономија во овој временски период. Македонските автономни области тнр. Кутмичевица ја зафаќале територијата на Македонија до Солун на југ, на запад до јадранскиот брег, каде официјален јазик и писмо бил славјанскиот, а духовни и граѓански управители ја носеле титулата „епископ на славјански јазик“. Сето ова доведува до заклучок дека македонското население било одделно од бугарското и останатото околно население.

Цар Самоил ја издигнува светиклиментовата црква на ниво на патријаршија, околу 996 година. За меѓународно признавање на новото царство и патријаршијата, бил потребен благослов од центрите на христијанството, тогаш Цариград или Рим. Цариград не ја признал Самоиловата држава, па затоа тоа го направил римскиот папа Григур V меѓу 997 и 999 година. На овој дел на Балканот во тој момент ќе егзистираат две патријаршии Охридската и Преславската (македонска и бугарска).

Под јурисдикција на Охридската патријаршија се наоѓаат Тесалија, Епир, Албанија, Дукља, Травунија, Захумје, Рашка, Босна, Срем и подунавска Бугарија. По укинувањето на Преславската патријаршија, Охридската патријаршија својата јурисдикција ја распостила врз сите освоени територии на средновековната македонска држава, меѓу кои Малта и Сицилија.

По пропаста на средновековната македонска држава, Василиј II ја инкорпорира Македонија во Византиското Царство, ги срушил световните и духовните обележја на средновековната македонска држава за народот да не се сеќава на славните времиња и затоа Македонија ја нарекува тема Бугарија, заедно со Србија, Албанија, Црна Гора, Панонија, па се до Срем. Охридската патријаршија не ја уништува, туку ја смалува на рангот на Автокефална Охридска aрхиепископија и дијацезата и ја намалува само на териториите од византиската тема Бугарија.

Охридската aрхиепископија титулирана од Византијците како Архиепископија Охридска на Прва Јустинијана и на цела Вулгарија станува главна црковна организација на византиската тема Бугарија, односно на Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија. Од тогаш, охридскиот архиепископ се титулирал како архиепископ на цела византиска тема Бугарија, со епархии во Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија.

Ваквото титулирање денес го користат бугарските историчари Охридската архиепископија да ја престават како бугарска автокефална црква, а Охрид како духовен центар на Бугарите. Во негирањето на името и македонскиот идентитет, подоцна стануваат сосема јасни обидите на поедини научници и седиштето на Првата Јустинијана Прима, чии влијание се протегало од Дунав на север па се до Крит, да се постави на своја територија или да се приближи до балканскиот Ерусалим – Охрид. Поради тоа денес МПЦ – ОА не смее да си дозволи преименување. Таа мора да остане црква на македонскиот народ.

(продолжува)

Македонска нација

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top