Култура и туризам

Манастирот „Света Богородица“ во Јанковец

manastir-jankovec-1

manastir-jankovec-1

Манастирот “Успение на Пресвета Богородица”, кој се наоѓа на западната страна од селото претставува еден од позначајните верски објекти, не само за Јанковец, туку и за Преспа и Македонија. Тој бил изграден во 18-от век, во чиј комплекс постои манастирска црква, за која не е исклучена можноста некогаш да била парохиска црква

Кога туристот патува од Битола кон Охрид и се искачи на превојот Ѓавато, пред него се отвора панорама на дел од котлината на Преспа и Преспанското Езеро. Од таму се гледа голем дел на Горна Преспа, особено Отешево, Царев Двот, Ресен, Јанковец и други места.

Тоа е просторот каде во минатото минувала античкиот пат „Виа Игнациа“, каде низ вековите врвеле трговци со долги каравани и каде понекогаш престојувале и различни војски,  намерници и патеписци. Затоа, и јас како патеписец кој патувал по светот имам желба скромно да пишувам за мојата Преспа, а овој пат да го претставам Јанковец, едно од значајните македонски населби не само во Преспа, туку и пошироко во Македонија.

Јанковец, или Јанкоец, како обичните граѓани го нарекуваат, е убава преспанска, македонска населба која се наоѓа на северната страна од Ресен, на патот Битола-Охрид. Тоа е споено или може да се рече дека е предградие или предградска населба на Ресен со сите нишани на градска населба.

Куќите се целосно обновени или, новоизградени, на приземје и кат и внатре современо опремени. Околу современите домови има убави уредени дворни места, во кои често има и магацини, гаражи, летни кујни, фурни и други објекти. Во многу дворови има овошни гради и простор за цвеќиња и други земјоделски културу.

Со своја училишна зграда селото се здобило уште во времето на турското владеење. ВО 1922 година била изградена нова (денес разурната), а околу 1960година е подигнато денешното училиште.

Во селото има одреден број куќи кои заради архитектонските вредности се ставени под заштита на државаа и претставувуваат национално богатство. Со право се заклучува дека Јанковец се одликува со градски манири и менталитет на жителите, како и современ начин за живеење. Затоа, со право често народот вели дека Јанковец е ни село, ни град.

Во Јанковец како локалитет од археолошко значење се наведува месноста Св. Атанасија, средновековна некропола. Во непосредна близина на југоисточниот дел на селото, постојат видливи остатоци од гробови покриени со камени плочи. Тоа говори дека Јанковец е стара македонска населба.

Јанковец е стара христијанска населба во која живеат околу илјада и петстотини жители сместени во над петстотини убави куќи со македонска градска архитектура, а изградени во минатото и сегашноста. Тоа е населбана во која сложно живеат претежно Македонци, а има и понеколку власки, турски-мухамедански и други семејства.

Во врска со името на Јанковец се пренесува дека селото го добило името по некој селанец по име Јанко (македонски Влав), кој заедно со својата сопруга го паселе своето стадо овци на ридиштата околу Јанковец. Тогаш неговата сопруга го здогледала местото во подножјето на планината што и’ се бендисало и извакала „Јанко-вец“, што би значело „Јанко, види-гледај“.

Се смета дека од овие зборови селото го добило името Јанковец. Но, тоа е само легенда, а вистината е дека во Јанковец постојат многу Јанковци, кои ги рашириле своите корени во Преспа, цела Македонија и ширум светот и придонеле на општествено, културено и друго поле.

Од секогаш Јанковец било значајно место, особено како општина во Преспа, а јанковчани биле вклучени во сите воени и повоени период во историјата на Македонија. Така, во Илинденското востание имало востаничка чета предводена од војводата Перо Јанковчанецот. Во Кресненското востание (1878-79) зел учество јанковчанецот Коста Христов. Потоа, во Народноослободителната војна учествувале голем број жители на Јанковец, а жртви на бугарскиот окупаторски терор биле Милан Думовски и Крсте Трајчевски.

Јанковчани својата егзистенција секогаш ја обезбедувале преку различни дејности, преку занаетчиството, поледелството, трговијата и други занаети.  Исто така, голем број јанковчани се и биле дел на државната администрација во Ресен и во Република Македонија. Во минатото од Јанковец оделе на печалба во многу земји, особено во прекуокеанските земји во Северна Америка.

Моето скромно искуство за иселеништвото од Јанковец е дека одреден број јанковчани се едни од најстарите активни доселеници во македонски иселнички движења, особено во Соединетите Американски Држави. Тие одиграле интересна и значајна улога во македонските иселенички процеси, во црковните и патриотско-политичките организации, во информативните гласила во Соединетите Американски Држави и во Канада.

Се разбира меѓу нив имало и патриоти и предавници, но за нив секогаш нивното село на дедовски корени – Јанковец останало ѕвезда водилка кон иднината на нивниот живот и кон посреќното утре за Македонија.

manastir-jankovec-2
Панорама на манастирот „Света Богородица“

Јанковец е расадник на образовани луѓе, особено по Втората светска војна. Меѓу другите од Јанковец потекнуваат Александар Гештаковски, Димитар Бузлевски, проф. Никола Нечевски, естрадниот уметник од Охрид, Петар Нечовски, ликовниот уметник Благој Думовски, потоа Стеван Томовски, чиј корени по мајка му се од Јанковец, а со кого авторот на овие редови го потготвија   делото „Водич низ компјутерската терминологија“, како и  ресенскиот фотограф Пеце Нечевски и многу други. Исто така од Јанковец има голем број познати и признати иселеници во светот.

Во Јанковец постојат пет цркви и еден манастир. Црквата „Св. Атанас“ во чиј круг се селските гробишта, кои се едни од најуредените во Преспа и се наоѓа во селото на патот  од Битола кон Охрид. Други цркви се црквите „Свети Јован Крстител“,главната селска црква, осветена 1866 година „Света Никола“, „Свети Игнатие Богоносец“ и „Успение на Пресвета Богородица“ – главната манастирска црква на Јанковечкиот манастир, која е дел од духовното наследство на Македонија и на македонскиот народ.

Манастирот “Успение на Пресвета Богородица”, кој се наоѓа на западната страна од селото претставува еден од позначајните верски објекти, не само за Јанковец, туку и за Преспа и Македонија. Тој бил изграден во 18-от век, во чиј комплекс постои манастирска црква, за која не е исклучена можноста некогаш да била парохиска црква.

Манастирот “Успение на Пресвета Богородица”  е женски манастир, во кој монахињите во манастирот работат икони според православното предание, а не уметнички слики со религиозна тематика. Обично се вели дека иконата, според правосланата теологија е визуелно богословие.

Тоа што е со букви и мастило напишано во Светото писмо, овде е напишано со бои. Ако промените макар и најмали нешта во начинот на сликање на иконата, тоа е како да сте промениле збор од Светото писмо – што е недозволено. Исто така, монахињите сложуваат мозаици, ткаат покривки и везат ракотворби. Таму пред манастирот се наоѓа големо ореово дрво полн со ореви, а над манастирот е изградена црквата Свети Игнатие Богоносец, прва ваква црква кај нас.

Инаку, според бројни податоци, во црковниот двор на манастирот е погребан Охридско – преспанскиот владика Дионисиј (Елин по потекло), како и архиерејот Калиник кој починал во март 1841 година.

На 27-ми август, во вечерните часови и на 28-ми август во утринските часови во манастирот „Света Богородица“ во Јанковец се обележува еден од најголемите христијански празници Успение или Воскресение на Пресвета Богородица.

По повод православните празнувања, верници од Преспа и од цела Македонија масовно го посетуваат овој манастит и го прославуваат големиот христијански празник Успение или Воскресение на Пресвета Богородица. Се палат свеќи за здравје и за денот на заштитничката на домот и на семејството. Празникот Успение на Пресвета Богородица меѓу народот е познат како Голема Богородица.

Во текот на празнувањето на Успението на Богородица, која е и селска слава, во манастирот се собира голем број верници од Јанковец и Преспа и од многу други места ширум Македонија. Таа е убав пример на македонски верски објект.

Во Јанковец како локалитет од археолошко значење се наведува месноста Св. Атанасије, средновековна некропола. Во непосредна близина на југоисточниот дел на селото, постојат видливи остатоци од гробови покриени со камени плочи. Тоа говори дека Јанковец е стара македонска населба.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top