Култура и туризам

Марково Кале е феудална крепост 1 км југозападно од познатиот Марков Манастир

Марково Кале е феудална крепост 1 км југозападно од познатиот Марков Манастир

Марково Кале е феудална крепост 1 км југозападно од познатиот Марков Манастир покрај Маркова Сушица и 1 км северно од Малчиште. Претставува издаден рид во подножјето на планинскиот венец Караџица, што од запад го затвора северниот дел од долгата речна клисура на Маркова река. Ридот Марково Кале се издига 100 м високо над реката и 530 м н.м. Од ова место се контролира патот долж Маркова река до нејзиниот извор, што преку планинскиот премин на Караџица продолжува кон соседните области Порече и Азот; денес овој пат има само локално значење. Во северното подножје на Марково Кале лежат антички испиралишта на златоносен песок, кои повремено биле експлоатирани и низ средниот век и турскиот период, до наше време.

Во доцната антика на врвот од ридот Марково Кале било изградено обѕидие од камен со малтер. Укрепениот простор имал неправилна правоаголна форма, голема 105 х 85 м, а на него од југозапад се потпирала акропола голема само 60 х 32/22 м. Таа стоела на највисокиот дел од ридот и со челото го надвишувала малото седло југозападно од неа. Нејзиното чело и јужниот ѕид биле два пати целосно уривани и повторно градени, секој пат поместувани погоре на падината. Во рановизантиско време врз урнатата челна правоаголна кула била изградена нова триаголна, а на источниот крај била изградена голема полукружна кула. На југозападниот ѕид на кастелот, широк сега 2,50 м, била изградена голема петоаголна кула и еден предѕид, со издаден потковичест бастион на јужниот крај, за да се отежнее доближувањето на непријателот до главниот ѕид. Во кастелот, во северниот дел, се гледаат темели од бројни куќи поставени долж тесна уличка. На падината стоела една црква.

Во доцното средновековие тврдината била обновена: на акрополата, врз челниот тригон од VI век, сега била изградена нова, петаголна кула со масивна основа. Обѕидието околу кастелот било исто така обновено, но со намалена широчина (до 1,5 м) и зајакнато со 7 потпори — контрафори. Јужниот агол на крепоста е зајакнат со потпор во форма на мала петоаголна кула. Предѕидот и јужниот бастион останале во урнатини и вон употреба. Движниот археолошки материјал е малуброен, бидејќи целиот локалитет е денес густо обраснат со грмушки од бел трн и на тој начин природно конзервиран. На јужната падина, пред челото на крепоста, се среќаваат парчиња од доцносредновековна грнчарија, а најдени се и монети од XIV (А. Гропа) и XIV век (турски акчи).

Најверојатно е дека тврдината била обновена во времето кога е изградена и големата црква кај Маркова Сушица, со цел да ја штити. Црквата била обновена од Волкашин во средината на XIV век. Судејќи по бројните портрети на кралското семејство на Мрњавци и библиските ликови симболично поврзани со нив, црквата требало да послужи како мавзолеј на кралското семејство (Л. Мирковиќ 1933, 181—191).

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top