Култура и туризам

Хипатиевиот манастир во Кострома го граделе Македонци

hipatija

hipatija

На 17 јули 1998 година или на Огнена Марија по стариот православен календар, во Петроград беше организиран повторен закоп на остатоците на руското царско семејство, кои според тогашните руски власти биле пронајдени во некој рудник во близината на Екатеринбург. Откако процесијата со царското семејство тргнала од градот Екатеринбург на 15 јули, царското семејство конечно со сите церемонии беше закопано во капелата “Света Катерина” (Екатерински предел) во тврдината “Свети Петар и Павле” во Петроград. Главната манифестација пред закопот се одвиваше на плоштадот Света троица, спроти тврдината “Свети Петар и Павле”, и преку Мостот на Свети Јован ковчезите со остатоците беа внесени во тврдината.

Според официјалната руска верзија, целото царско семејство било убиено во градот Екатеринбург, во т.н. куќа на Ипатиев или Хипатиев. Станува збор за куќа на некој тогашен богат трговец Николај Хипатиев, каде што било егзекутирано целото руско царско семејство. Во 1927 година, по повод 10-годишниот јубилеј од Руската револуција, во куќата бил отворен музеј на револуцијата, кој бил затворен во 1932 година. Потоа куќата била користена за се и сешто, но во 1974 година таа е класифицирана како куќа од историско значење. Во 1977 година во Москва, тогашниот член на руското политбиро Михаил Суслов донесол одлука куќата да се урне. Оваа одлука за извршување му била пренесена на тогашниот прв секретар на регионот Свердловск, Борис Елцин, кој таа одлука и ја извршил. Ноќта помеѓу 27 и 28 јули 1977 година куќата на Хипатиев била срушена. Подоцна на тоа место била направена мала дрвена капела, а денес таму е изградена црква, која се нарекува Црква врз крвта, која веројатно треба да го симболизира покајувањето на рускиот народ за убиството на царското семејство.

Сето тоа би било убаво ако е така. Ама не е. Од причина што руското царско семејство воопшто и не е убиено во Екатеринбург. Ниту тоа некогаш стигнало до таму.

Станува збор за последниот руски цар Николај Втори и за неговата сопруга Александра, кој владеел со Русија од 1895 до 1917 година, во времето на Распутин, во времето на поделбата на Македонија. (Во негово време, непосредно пред Илинденското “востание”, на 26 мај 1903 година, Апис ќе ги убие Драга Машин и Александар Обреновиќ, по што ќе следуваат сите познати настани. Тие денес се закопани во црквата “Свети Марко” во Белград).

Но без оглед на тоа што убиството на руското царско семејство нема никаква врска со Екатеринбург и со познатата куќа на Ипатиев или Хипатиев (иако спротивното денес е општораспространето убедување во Русија), ред е малку да се запознаеме со тоа за што всушност станува збор. Според руските “легенди и преданија”, руското царско семејство Романов своето “царување” го почнало многу одамна, во 1613 кога Михаил Романов бил прогласен за цар од страна на земското собрание во Ипатиевскиот или Хипатиевскиот манастир кој се наоѓа во близината на градот Кострома. Инаку тоа се случило кога од таму бил истеран некој си “лажен Димитрија Втори”. Овде се алудира на “лажниот Димитрија Први, кој бил толку многу “лажен” што на сите европски царски семејства до ден денешен им се тресат коските и од самата помисла на него.

Според логиката “како почнало, така и ќе заврши”, царското семејство Романови своето царување го почнало 1613 година во Ипатиевскиот манастир во Кострома, а го завршило 1917 година во Екатеринбург егзекутирано од страна на болшевиците во куќата на Ипатиев. Скоро како бајка.

И во едниот и во другиот случај всушност станува збор за византиски, односно македонски споменици. Хипатиевиот манастир во Кострома всушност го граделе Македонци за време на Византиската империја, а на местото на т.н. “куќа на Хипатиев” навистина имало црква посветена на Хипатија. Дури и самиот град Екатеринбург своето име го добил по жената на Пантелејмон, Катерина.

Па која била таа Хипатија, што Македонците толку многу ја ценеле и во чија чест граделе толку многу цркви? Хипатија била жена пророк која била родена во Битола, тогашна Хераклеа. Татко и Теон, бил филозоф. Таа му помагала на семејството на Александар Македонски. Александар Македонски бил отруен и умрел од отров. Во заговорот за неговото убиство учествувал и неговиот зет. Додека умирал, се уште зашеметен од отровот му наредил на син му Димитрија да го донесе во Македонија телото на еден еврејски пророк. Пророк кој е вброен во Библијата меѓу книгите на пророците. Александар верувал дека нему му се случиле истите работи што на Блискиот Исток се случиле за време на тој библиски пророк. Токму затоа на смртната постела и го замолил син му Димитрија, телото на тој пророк да го однесе во Македонија како симбол што народот во Македонија треба да го памети “еднаш и засекогаш”.

Димитрија тоа навистина и го направил, но кога дошол во Битола дознал дека се убиени пророчицата Хипатија и некои луѓе блиски на Александар Македонски и дека и во тој заговор повторно учествувал неговиот зет. Тогаш тој заедно со сопругот на Хипатија ги убил зет му и сите луѓе што биле вмешани во труењето на Александар и во убиството на Хипатија. Димитрија и сопругот на Хипатија по книгите се шифрирани како “Хион и Леонид”. Во негова чест и во чест на Хипатија во Битола е изградена една црква која стои до ден денешен. Тоа е најголемата црква во Битола – “Свети Димитрија”. Тој ќе биде наречен Сотер или Спасителот, а една цела династија негови наследници ќе владее со Либан, Сирија, Палестина и Израел како династија Сотер. Заради хаосот што настанал во Битола во тоа време, пријателите на Димитрија Сотер телото на библискиот пророк ќе го донесат и ќе го закопаат во Скопје, каде што тоа се наоѓа до ден денешен. Хераклеја подоцна ќе биде наречена Битола, по првата книга Мојсиева – “Битие”. На сличен начин своето име ќе го добие и денешниот “Бит-Пазар”, по првата книга Мојсиева. “Битието” ја означува “суштината на проблемот”. Телото на еврејскиот пророк било симбол за таа “суштина”, за тоа “битие”.

Пророчицата Хипатија ќе биде искасапена на четири дела. На четири дела ќе биде поделено и царството на Александар Македонски. Судбината сакала династијата на Димитрија Сотер да владее токму во Либан (Феникија), на местото каде што многу време пред тоа на ист начин била убиена тамошната видовита жена Изис. Таа е позната од легендата за Изис и Озирис. Таа била убиена со заговор од тогашниот египетски фараон, кој нам ни е познат како Хорус.

(Толку за тврдењето на Меѓународната кризна група дека “Хераклеја е Грчка”. Дека Пантелејмон сакал Грци “повеќе од леб да јаде” е општопозната работа. А за Распутин, допрва)

Димитар Гелев (Авторот е професор)

http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2934&stID=68992&pdate=20051210

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top