Култура и туризам

Еванѓелие по Јоана – Кониково, Беломорска Македонија 18 век (втор дел)

p001

Текстот е најден во библиотеката на православната црква од Александрија во Египет, го пронајде во 2003 г. Финскиот историчар и филолог Мика Хакарaинен [Mika Hakkarainen] од Универзитетот во Хелсинки. Ракописот претставува оригинал на преводот од еванѓелието, и е најстаро еванѓелие на Македонски народен јазик, не црковен. Направен е во форма на Литургиска книга напишана рачно на Унцијално Којне писмо од непознат преведувач при крајот на 18-от век, и препишана и правописно исправена од Иромонахот Павел Божигропски Протосингел, родум од Кониково, Воденско, Беломорска Македонија.

Текстот го препишалe од оригиналниот ракопис Финскиот лингвист Jоуко Линтстед [Јouko Lindtstedt] и Људмил Спасов од Универзитетот „Кирил и Методија” во Скопје. Во преписот се користени Латинското писмо и комбинации на обични и апострофирани Латински букви за најприближни озвучувања на живописните букви и глоси (гласови) кои се исфрлени од модерниот Македонски јазик (Ъ, Ы, Ь, Ю, Я, Щ, и т.н.) кон средината на минатиот век. Заради  полесно читање и приближување на наречјето од тоа време кон денешниот читател, во кириличната транскрипција подолу овие правописни посебности се занемарени и оставени на изучување на лингвистите…

[стр.028] … му Жената, и утиде на Градут, и веле на људиту. Елајте да видите един чувек дека ми кажа сите колку чиних: да не е воа Ристос. Испанаа убо от Градут: и идеа на негу. И меѓу воа гу молеа Учениците му, и му велеа, Дидаскале јади. Ами он му рече: Јазе имам јасте да јадам, тоа што вие не гу знаете. Велеа убо Учениците меѓу них: да не му дунесе некуј да јади? Му веле Исус: мој јасти е, да чинам волјата на тоа што ма пушти, и да сфаршам работата му. Не велите вие, оти ошти четири месице има ду жетвата? Ја дека ви велем: кренејте очите ви горе, и видејте нивите, дека са бели близу за жетфа. И тоа што жние, зева плата, и бери и плот на живот вечни, да са радува зајно тоа што сее, и тоа дека жние. Зашто ваа работа, истинцка е лакардиата, оти друг е [стр.029] што сее, и друг што жние. Јaзи ва пуштих да жниете тоа, затоа што не са мачихте: друзи са мачиа, и вие дујдохте и флегохте уф маката му. И ут Градут тоа многу ут Самарититу веруваа на негу, зарди лакардиата на Жената, дека мартириса (и кажа) оти ми кажа сите колку чиних. Ка дујдоа убо Самарититу на негу, гу молеа да устани на них, и устана два дена. И многу повеки веруваа зарди лакардиите му. И на Жената велеа: оти веки не веруваме зарди лакардиите тфојте: зашто ние сами чухме и видохме, оти воа е истина Спасут на Сфетут Ристос.

НЕДЕЛЈУ. 6. Слепом.

Еваѓелие Утрени, Воскресно, 8.

На Литургии.

От Јоана.

[стр.030] НА тоа време, Ка заминуваше Исус виде чувек што беше слеп ут ка са роди. И гу питаа Учениците му, и рекоа: Дидаскале, кој согреши, воа или Татките му, да са роди слеп. Отвешта Исус: нету воа исгреши, нето Татките му: ами са роди слеп, да са јават работите Богуви на негу. На мене требува да чинам работите на тоа дека ма пушти, дури е ден: иде ноќjа кога нето никуј не може да работи. Кога сам на Сфетут, сам виделу на Сфетут. Вие рече, и пљувна доле и направи кал ут пљунката му, и пумажа калта на очите на слепјут. И му рече: оди са исмиј на Гурната Силоамцка, тоа што ќи речи, пустен, утиде убо и са исми, и са варна гледаке. Кумшијте убо и тие дека гу гледаа понапре оти беши слеп, велеа: не е ли воа дека седеси и просеши. Друзи велеа [стр.031] оти воа е, друзи велеа му миаса, и он велеши: оти Јази сам. Му велеа: и как убо са утвориа очите ти. Отвешта он: и рече идин чувек што гу велет Исус, направи кал, и кладе наврас очите ми, и ми рече: оди на Гурната Силоамцка, и са измиј, и утидух и са измих, и пругленах. Му рекоа: и дека е тоа, му веле: не знам. И дунесоа на Фарисеите тоа, дека беши идно времи слеп. И кога направи Исус калта. и утфори очите му, беше Сабута. Пак убо гу питаа Фарисеите, как пуглена, и он му рече: кал кладе наврас очите ми, и са исмих и гледам. И некуј ут Фарисеите велеа: воа чувек не е ут Бога, зашто не чува Сабутата, друзи велеа: как можи чувек грешен да чине таквизи нисјане, и беше тараф меѓу них. Велет пак на слепиут: [стр.032] ти што велеш за негу, зашто утфори очите ти, и он рече: оти Профитин е. Не верува убо Јудеите зарди негу, зашто беши слеп и пуглена, дури ка викнаа Татките на тоа што пуглена. И и питаа, и рекоа: воа ли е Син ви, дека велети оти слеп са роди, как убо сега гледа. Татките му му отвештаа и рекоа: знаеми оти слеп са роди, и оти воа е Синут ни. Ами сега как гледа, не знајме, или кој утвори очите му, ние не знајме: воа има бои негу питајте: воа за себеси ки ви каже. Вие рекоа Татките му, зашто са боеа ут Јудеите: зашто и понапрет согласиа Јудеите оти кој омологиса негу ка е Ристос, да гу терат ут Соборут. Затоа  рекоа Татките му, оти бој има негу питајте. Викаа убо фтору чувекут дека беши слеп, и му рекоа: слави Бога, ние знајме оти [стр.033] чувекут воа е грешен. Отвешта он, и рече: аку е грешен не знам: идно салде знам, оти уттаму дека бех слеп сега гледа. И пак му рекоа: што ти чини, как утфори очите ти. Му отвешта: понапрет ви кажах, та не чухте: што пак сакате да чуете? или сакате и вие да са чините ученици на негу. Испцуа гу убо, и рекоа: ти си Ученик на негу, ами ние сме ученици на Мојсеа. Ние знаеми оти Бог збурува сос Мојсеа: ами воа не гу знајме ут дека е. Отвешта чувекут и му рече, воа е чуднуту, оти вие не гу знајте ут дека е, и утфори очите ми. Ами знаиме оти грешен Бог не слушја: ами аку е некуј што чести Бога: и чине волјата му негу гу слушја. Ут крајта на сфетут не са чу, оти некуј да утфори очи на некуј што да са роди слеп. Аку не беши воа ут Бога, не можеши да чине [стр.034] ништу. Отвештаа, и му рекоа: ти сат сос сé са роди уф грехувите, и ти на учиш, и гу извадиа надвор. Чу Исус, оти гу извадиа надвор: и ка гу најде, му рече: веруваш ти на Синут Божие. Он отвешта, и му рече: та кој е Господине да верувам на негу? И Исус му рече: и гу виде, и тоа дака збурува сос тебе тоа é. И он рече: верувам Господине: и му са пуклони.

(продолжува)

Приготвил: Васил Чулев

Комплетниот текст овде:http://www.helsinki.fi/~jslindst/268/

p001

p004

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top