Култура и туризам

Македонски литературен кружок во Софија

makedonski-iteraturen-kruzok

Ангел Жаров за основањето на Македонскиот литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Македонски вести“ во Софија. По укинувањето на весникот и прогонот на редакторите, во периодот 1937 – 1938 година, кружокот работеше илегално под името Македонски литературен-публицистички кружок „Нација и култура“. Македонскиот литературен кружок програмски се обновува во октонври 1938 гидина и претставува еден од најзначајните настани кои придонесоа во развојот на македонската национална индивидуалност. Неговите членови и симпатизери го задржуваат литературно-културниот контиуитет и допринесуваат во развојот на македонската национална свест.

makedonski-iteraturen-kruzok

Јадрото на програмски обновениот Македонски литературен кружокот го сочинуваат Никола Вапцаров, Антон Попов, Михаил  Сматракалев (Ангел Жаров), Кирил Николов, Ѓорѓи Абаџиев, Асен Шурдов и др. Член на кружокот бил и Димитар Митрев познат македонски научник и општественик. Подоцна во кружокот беа опфатени уште и македонските поети Коле Неделковски, Венко Марковски и новинарот Митко Зафировски.

Во кружокот се разгледуваа творбите на неговите членови и реферати за актуелните проблеми за македонскиот национален развиток и култура. Темелно се проучува книгата на Крсте Мисирков „За Македонцките работи“ , а во тој контекст особено се значајни рефератите на Никола Вапцаров и Антон Попов.

Михаил Сматракалев или Ангел Жаров, член е на ВМРО (Об), бил познат македонски општественик и поет меѓу двете светски војни во Бугарија. Соработувал со прогресивните македонски весници: „Знаме”, „Македонски вести” и други.  Опишувајќи го првиот обновувачки состанок на Македонскиот литературен кружок (Документи, Том Втори, Скопје, 1981,  Никола  Вапцаров,  Спомени.  Писма. Документи. Софии, БАН 1953, стр. 159 – 160.)  Ангел Жаров ќе забележи:

„Во 1938 година се замисли формирањето на „Македонскиот литературен кружок”. Во врска со тоа имав неколку средби со Вапцаров и Антон Попов. Нашите разговори беа се околу нашите македонски работи и кружокот. За кратко време ние толку многу се спријателивме, та започнавме да се среќаваме секоја вечер. Се запознав и со творештвото на двајцата, Во нивното лице видов прекрасни луѓе, со талент, срдечни, ентузијазирани. Моето другарување со нив ме правеше среќен. Ние меѓусебно се ентузијазиравме. Јас им раскажував за борбите на Македонците во Софија, за ВМРО (Об.), во која работев до нејзиното растурање, за „Македонската студентска група” итн. Сакавме што поскоро да го образуваме кружокот, мечтаевме за идната работа, кроевме планови, набележувавме кадри, горевме од желба поскоро да почнеме.

Есента 1938 година се собравме на улица „Љулин”, во куќата на Асен Ведров (Шурдов) на основачко собрание. Беа присутни околу 12 души, меѓу кои Антон Попов, Никола Вапцаров, Ангел Жаров, Васил Александров, Георги Деспотов, Иван Керезиев, Антон Великов и други. Референт беше Вапцаров.

Рефератот беше извонредно интересен. Од корен се разликуваше од дотогаш слушнатите од нас реферати на тајните собири, конференции и заседанија. Својата работа Вапцаров беше ја напишал оригинално, со душа, со мајсторство. Тоа не беше обичен реферат, ами една искрена исповед, една другарска покана за исполнување на светиот долг кон нашиот народ. Напишан речовито, сликовито, рефератот веднаш се „фати” за срце. Кољовиот глас звучеше топло и уверливо во задимената соба. „Треба да се собереме, да се организираме, да ги дадеме своите сили за слобoдата на нашиот измачен македонски народ. Нашата македонска историја е полна со ликови, славни подвизи, големи револуционерни настани, легендарни борци; нашата народна песна е чудно мелодична и возбудлива. Но сето тоа уште не го нашло својот одраз во литературата. Богатите сижети за поети и за белетристи стојат недопрени. Се пројавија млади поети. Треба да го стимулираме тој почеток, да ги организираме одделните усилби, да запнеме, да го совладаме мајсторството, подлабоко да ги запознаеме темите, да создадеме вистински уметнички дела. Нашата работа е благодатна. Ние треба да влијаеме врз нашиот народ, да ја пројаснуваме неговата национална свест, да ја разгоруваме неговата борба за национална слобода и за социјална правда. Нема ништо поголемо од тоа да се бориме за новиот прекрасен строј на социјализмот што доаѓа, кој ќе му донесе среќа и на нашиот измачен народ.

Тоа беа, накратко, предадени, мислите што ги разви Вапцаров во својот реферат. Подоцна тој ја напиша стихотворбата „Доклад” (т.е. реферат) во која овие основни идеи беа изразени во прекрасна уметничка форма. Неговите зборови воздејствуваа со голема сила. Огнот беше запален во нашите души. Внатрешен длабок ентузијазам гореше во нашите срца. Искажувањата на другите другари во врска со рефератот и за идната работа на кружокот беа полни восхит. Таа вечер ние го образувавме кружокот. Кон полноќ излеговме од задимената соба. Молчаливиот и мрачен град ни изгледаше светол и убав…“

По формирањето на кружокот, од есента 1938 година па се до почетокот на 1942 година, се развивала богата литературно-културна, национална, општествена и револуционерно-политичко дејност. Во Раководното тело на Македонскиот литературен кружок биле Вапцаров, Попов и Сматракалов. Состаноците се одржувале еднаш неделно и преставувале литературна лабораторија на која се креирал творечкиот пат на македонските литературни творци. Сите пишувале на јазикот на кој се образувале, бугарски, освен Венко Марковски и Коле Неделковски.     

По нападот на нацистичка Германија на СССР во 1941 година и засилените прогони на антифашистичките и демократските елементи во Бугарија, замира работата на македонскиот литературен кружок во Софија. Полицијата интернира неколку членови на кружокот, а тие што останаа на слобода продолжија да се борат во рамките на бугарското антифашистичко движење.  

Двајцата членови на Раководното тело на МЛД имаат иста судбина. Македонскиот револуционер и поет Никола Јонков Вапцаров, роден во 1909 година во Банско,  Пиринска Македонија,  станува член на Воената комисија на ЦК БКП. Бугарските фашисти го стрелаат на 23 јуни 1942 година. Антон Николов Попов  познат македонски публицист и револуционер, роден е во 1915 година во село Гега, Петричко, исто така станува член на Воената комисија на ЦК БКП. Стрелан е заедно со Н. Вапцаров од бугарските фашисти.

Војната ќе ја преживее Михаил Сматракалев. За време на Втората светска војна и тој се приклучил на отпорот против фашизмот. По 9.1Х 1944 година бил поставен  на должност член на Советот за законодавство при Министерството на правосудството на владата на НР Бугарија. Со промената на политиката на бугарската влада спрема македонскиот народ положбата на Сматракалев се влошува поради неговата македонска национална определеност. Последниот член на Раководното тело на МЛД, умира на 16 април 1998 година во Софија.

Македонска нација

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top