Култура и туризам

Во Сиднеј, Австралија излезе од печат книгата „Каменот од Роби“ темелник на истоимената театарска претстава

kamenot-od-robi

kamenot-od-robi

Во издание на Македонското литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј излезе од печат книгата  „Каменот од Роби“ од познатиот и признат македонски автор – Битолчанецот Душан Ристевски кој живее и твори во Сиднеј, Австралија. Ова дело кое е посветено на трагедијата од селото Роби или Р’би, во Долна Преспа, има текстови на македонски и на англиски јазик, во превод на Ристо Стефов, а е издадено по повод 70-годишнината од егзодусот на Македонците од егејскиот дел на Македонија, а  во пресрет на Петтата средба на децата бегалци (избркани) од поробениот дел на Македонија. Издавањето на ова дело е финансиски помогнато од Австралиско – македонскиот театар од Сиднеј, кој истоимената монодрама премиерно ја прикажана во Сиднеј во февруари 2018 година, во изведба на Валентина Апостоловска и Антонио Нешковски.

Во книгата „Каменот од Роби“,се поместени три верзии на монодрамата и тоа на македонски литературен јазик, на лерински дијалект и на англиски јазик. Потоа на македонски и на англиски јазик се дедени   кратки осврти на најновото драмско дело на Душан Ристевски „Паља – Македонка“ од  доцент м-р Трајче Кацаров. Посебно внимание привлекуваат поместените текстови „Егзодусот на македонските деца од поробениот егејски дел на Македонија“, кои се на македонски и на англиски јазик, од Ристо Срефов, познат и признат писател од Торонто, Канада.

Исто така. во делото „Каменот од Роби“ се поместени на македонски и на англиски јазик литературни остварувања на Душан Ристевски и тоа: песната „Средба“, која е посветена на Средбата на децата бегалци во Скопје, во  1988 година, а објавена и во книгата „Страдалници на сонот“ (1992),  како и песната „Егејот во мене“, објавена и во книгата „Украдени мисли“ (2011).

Театарското дело „Каменот од Роби“ е посветена на децата избркани од поробениот Егејски дел на Македонија, но за да биде и како потсетник на трагедијата на Македонија која со таканаречениот Преспански договор, се сака да се избришат од македонската историја и да се „заборават“ Македонците во поробениот дел на Македонија.

Инаку, издавачот на ова дело – Македонското  литературно друштво  „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија е формирано во април 1978 година. Во него членуваат голем број ентузијасти и вљубеници во пишаниот збор од Сиднеј и околните градови, а има одреден број и почесни членови од македонската дијаспора и од Република Македонија, меѓу кои и авторот на овие редови, Славе Катин. Ова литературно друштво е поборник за зачувување на македонскиот јазик, литература и култура на петтиот континент – Австралија.

Друштвото од самиот почеток превзеде водечка улога во негувањето на македонскиот јазик преку издавање на списанието „Повод“, организирање на наградни конкурси за „Прличева награда“, издавање книги од членови и формирањето на библиотеката „Григор Прличев“. Од почетокот Друштвото ја превзеде улогата на организатор на манифестациите „Денови на македонската култура“ и „Филмскиот фестивали“.

Во изминатите 40 години на плодна работа на друштвото „Григор Прличев“, посебен акцен е ставен на организирање изложби, семинари, конференции, поетски средби, театарски вечери,  јавни протести, дебати и издавање писмени ноти во борбата за зачувување на македонскиот идентитет, барање човекови права за Македонците во поробените делови на Македонија и апели за поддржка на правото за самоопределување на Македонците во Австралија, како и да се запре дискриминаторската политика спрема Македонците во етничка Македонијана.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top