Култура и туризам

Еванѓелие по Јоана (9. дел)

p001

Кониково, Беломорска Македонија – 18 век

Текстот е најден во библиотеката на православната црква од Александрија во Египет, го пронајде во 2003 г. Финскиот историчар и филолог Мика Хакарaинен [Mika Hakkarainen] од Универзитетот во Хелсинки. Ракописот претставува оригинал на преводот од еванѓелието, и е најстаро еванѓелие на Македонски народен јазик, не црковен. Направен е во форма на Литургиска книга напишана рачно на Унцијално Којне писмо од непознат преведувач при крајот на 18-от век, и препишана и правописно исправена од Иромонахот Павел Божигропски Протосингел, родум од Кониково, Воденско, Беломорска Македонија.

Текстот го препишалe од оригиналниот ракопис Финскиот лингвист Jоуко Линтстед [Јouko Lindtstedt] и Људмил Спасов од Универзитетот „Кирил и Методија” во Скопје. Во преписот се користени Латинското писмо и комбинации на обични и апострофирани Латински букви за најприближни озвучувања на живописните букви и глоси (гласови) кои се исфрлени од модерниот Македонски јазик (Ъ, Ы, Ь, Ю, Я, Щ, и т.н.) кон средината на минатиот век. Заради  полесно читање и приближување на наречјето од тоа време кон денешниот читател, во кириличната транскрипција подолу овие правописни посебности се занемарени и оставени на изучување на лингвистите…

[стр.078] НЕДЕЉА. 6.

От Луки.

НА тоа времи, кога утиде Исус на селуту Гадаринцку, гу срете идин чувек ут Градут, тоа што имаше бесуве ут многу гудини, и руба на са ублечуваше, и уф куќи не застануваше, ами на гробиштата. И ка виде Исуса, викна: и утиде и панна на нозите му, и сос гулем глас рече: Исус Сине божиј, вишнаго, што имаш да чиниш сос мене, та молам нимо ма мачиш. Зашто нарача на духут нечистијут да излезе ут чувекут: Зашто нарача на духут нечистијут да излезе ут чувекут: зашто многу гудини гу дарче: и са варѕуваше сос синџире, и сос клапи гу чуваа: ами он сечеши варзуваниту, и са истеруваше ут бесут на пустините места. И Исус гу пита, и рече: што е имито му? И он рече: Легеон: зашто многу бесуве флегоа уф негу. И гу молеши да не и пувеља да одат уф [стр.079] длабокуту. И таму на планината имаше стаду ут правци дека пасеши, и гу молеа да му даде изин да флезат уф тие, и му даде. И ка излегоа бесувите ут чувекут, флегоа уф правциту: и киниса стадуту тоа ут брегут уф ѓолут: и са удави. И ка видоа пастириту тоа што са чини, бегаа, и утидуа на Градут, и на нивите, и кажаа ги: И људиту испанаа да видат тоа што са чини, и дујдоа на Исуса, и најдоа чувекут дека седеши, ут тоа што испанаа бесувите, ублечен, и разумен на нозите Исусуви: и са уплапиа. И тие што гу видоа гу рекоа на них, как бесниут уткина. И сфетут сат ут страните Гадаринцки молиа Исуса, да испани да си оде  ут них: зашто имаа гулем страх: и он флезе уф корабут, и са варна назат. И чувекут тоа, [стр.080] ут тоа што излегоа бесувите, са молеши на Исуса, да биде сос негу, ами Исус гу испушти, и велеши: Варни се дома ти, и прикажувај колку ти чини Бог, и утиде пу сат Грат и прикажуваше колку му чини Исус.

НЕДЕЉА. 7.

От Луки.

На тоа времи, чувек некуј дујде на Исуса, имито му Јаир, и воа беше напрежен ут соборут, и панна на нозите Исусови, и гу молеши ад оде уф дома му. Зашто имаше ина ќерка самородна, ду дванајсет гудини, и она умре. И таму дека одеши Исус, калабалакут ут људиту гу стеснуваа. И ина жена таа што имаше течени ут кр’ф дванајсет гудини, и пуарчи сату му имане пу екимчиите, и не може ут никуј да са излекува. Ка наближи зат негу, фати [стр.081] крајта  на рубата му: и уф часут застана течениту на кр’фта му. И Исус рече: кој е тоа дека ма фати, и кату да са утрчуваа сите, веле Петар и тие беа сос Петар: Дидаскале, људиту та стенат и та стеснуват, и велеч кој е што ма фати. И Исус рече: некуј ма фати, зашто јазе пикасах сила дека излезе ут мене. И ка виде жената оти не гу лажа, дујде путресена, та панна на нозите Исусови, и зарди кое работа гу фати, му кажа прет сите људе, и ка са излекува уф часут. И Исус му рече: о ќерко имај гајрет, верата ти та уткина: оди сос дубро. И кога Исус ошти велеши лакардиата: иде идин ут первособорникут, и му веле, оти умре ќерка ти, ним задеваш Дидаскалут. И Исус ка гу чу, отвешта и му рече: ним са боиш салде верувај, и ќи уткине. И ка флезе …

Забелешка: Страниците 82-110 од оригиналот за жал не се зачувани.

[стр.111] …десетту, зафатиа да са љутат, зарди Јакова и Јоана. И Исус ка и викна, веле на них: знајте зашто тие дека т’рчат да пувељат јазициту, и заптисуват: и гулемите и пувељат вие. Ами на вас не ке биде така: ами кој сака да са чине погулем ут вас, ќи ви биде езмиќарин. И којту ут вазе сака да са чине правен, ќи биде езмиќарин на сите. Зашто Синут чувечки не дујде да му чина исмет, ами да чине исмет, и да даде дусјата му уткупение за мнозина.

САБУТА. На Лазар.

От Јоана.

НА тоа времи, беши некуј болен Лазар ут Витаниа, ут селуту на Мариа и на Мариа на сестра му. И Мариа беши дека пумажа Госпуда миро, и сос косите му избрисја нозите му, на таа брат му Лазар беши [стр.112] болен. Пуштиа убо сестрите му на негу, и велеа: Господине, види тоа што милуваш, он буледува. И Исус ка гу чу, казја: ваа болка не е за умреш, ами е зарди славата Божие, да са пруслави Син Божие зарди низ неја. И Исус милуваше Марта, и сестра му, и Лазара. Как чу убо оти е болен, тогај застана на местуту деака беши два дена. От вие напоком веле на Учениците: нека одиме пак Јудеа. Му велет Учениците: Дидаскале, сега та сакаа Јудеиту, сос камени да та утепат, та пак одиш таму. И Исус отвешта: не са дванајсет саате на денут? Кој оде денут, не са сопнува: зашто гледа веделуту на сфетут воа. Ами кој оде ноќата, са сопнува: зашто нема виделуту на себеси. Вие рече: и напуком ут воа му веле: Лазар пријатељут ни заспа: одам да гу расбудам. И Учениците рекоа: Господине, аку заспа, ќи стани. И Исус [стр.113] му кажа зарди умрешут му, и на них му са виде, зашто зарди заспаниту на сонут веле. Тогај убо му кажа јаве: Лазар умре. И са радувам зарди вазе, да верувате зашто јази не бех таму, ами нека одиме на негу. И Тома што са велеши близнак, рече на Учениците му. нека одиме и ние да умреми сос негу. Кога убо утиде Исус, гу најде дека имаше близу четири дни уф гробут. И Витаниа беши близу на Јерусалим ду петнајсет стадиа. И мнозина уф људиту утидуа на Марта и Мариа, да и растажат зарди брат му. Марта убо ка чу зашто иде Исус, гу присрете: ами Мариа седеши уф дома. Марта убо рече на Исуса: Господине, аку беши туа брат ми не ке умреси. Ами и сега знам, оти колку пусакаш ут бога, Бог ќи ти даде. Му веле [стр.114] Исус: ќи војскресне брат ти. Му веле Марта: знам оти ќи војскресне на Воскресениету и Животут: кој верува на мене, и аку умре, ќи живува. И секуј чувек што живува и верува на мене, не умира уф векут, веруваш воа. Му веле Марта: истина Господине: јазе верувех: оти ти си Христос Син Божие: дека иде на сфетут. И ка рече вие, утиде та викна, Мариа сестра му скришну, и му рече: Дидаскалут е туа, и та вика. Она ка гу чу, стана скору, и утиде на негу. И Исус ошти не беши дошел на селуту, ами беши на местуту дека гу присрете Марта. Јудеиту убо дека беа сос неја уф дома, и ја растажуваа, ка видоа Мариа зашто стана скору и излазе надвор, утидуа пу неа, тр’чеа, зашто оди на гробут, [стр.115] да плака таму. Мариа убо ка утиде таму дека беши Исус, и гу виде, панна на нозите му, и велеши: Господине, аку беши туа не ќи умреси брат ми. Исус ка ја виде што плакаше, И јудеиту што беа зајно и плакаа, забуле душата му. И рече: дека гу кладохте, му велет, Господине: ела та види. И Исус пушти салзи. Велеа убо Јудеиту: види как гу милува. И некуи ут них кажаа: воа дека утфори оочите на слепиут, не можеши да чине и воа, да не умре воа. И Исус пак стенеши уф себеси, утиде на гробут: и беши пештера, и врас неја лежи камен. И веле Исус: кренејте каменут, му веле сестрата на умрењут Марта: може да смарде, зашто има четири дни. Му веле Исус: не ти рокох, оти аку веруваш, ќи видиш славата Богува. Кренаа убо каменут уттаму, дека лежеши умрениут. И Исус крена очите му горе, и [стр.116] рече: Татко, благударем ти, оти ма слушаш. И јазе знам оти секуј пат ма слушаш: ами зарди људиту што стојат окулу рекох, зарди да веруват оти ме пушти. И ка рече вие, сос гулем глас викна: Лазаре, испанни надвор. И испанна умрениут, варзани нозите му и раците му сос лурии и лицито му сос риза варзану: му веле Исус. утварзејте гу, и гу уставејте да оде. И мнозина ут Јудеите дека дујдоа на Мариа, видоа тие дека чини Исус, и веруваа на негу.

Приготвил: Васил Чулев

Комплетниот текст овде:

http://www.helsinki.fi/~jslindst/268/

p001

p004

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top