Култура и туризам

Торонто: 30-годишниот јубилеј на „Браќа Миладиновци“ одбележан со делото „My Broken Heart“ од Вера Петровски

my-broken-heart-1

my-broken-heart-1

Одбележан 30-годишниот јубилеј на Литературното друштвото „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада со промоција на книката „My Broken Heart“ („Моето скршено срце“) од Вера- Верка Петровски. Друштвото е едно од најзначајните и долговечни културни асоцијации на северно – американскиот континент. Тоа има за цел да ги зближи македонските доселеници во Канада, кои потекнуваат од сите делови на Македонија и кои се занимаваат со пишаниот збор

По повод 30-годишниот јубилеј на Македонското литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада, излезе од печат автобиогравското дело под наслов „My Broken Heart“ („Моето скршено срце“), 2018, 1-198 (на англиски јазик), од Вера – Верка Петровска, во издание на Издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје.

Ова најново дело на првата претседателка на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“, Вера Вржовска – Петроски беше промовирано во Катедралната македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто на 28 октомври 2018 година. Пред поголем број присутни, особено членови на Друштвото, книгата ја претстави Ели Танасковска, уредник во Македонската телевизија – Скопје.

Исто така, на присутните им се обратија членови на Друштвото „Браќа Миладиновци“, меѓу кои: претседателката на Друштвото Маја Доневска – Ивановска, потпретседателката Драгица Димовска, потоа поетесите Рада Видиновска, Блага Дафовска, свештеникот Илија Донев и други, а присутните ги забавуваше естрадниот уметник, Соња Лозановска. Присутните ги поздрави и д-р Јовица Палашевски, генерален конзун на Република Македонија во Торонто, Канада.

my-broken-heart-2

На промоцијата на делото „My Broken Heart“ („Моето скршено срце“) од Вера – Верка Петровска, беше речено дека тоа како автобиогравско дело има големо значење за семејството на авторката, чиј корени се протегаат до Брајчино, во Преспа, а во исто време претставува значаен прилог и придонес во иселеничките литературни остварувања.   

Инаку, македонските доселеници во Канада со гордост ја истакнуваат својата национална и културна македонска припадност. Уште поголема благодарност на мултикултурната политика, тие со голем ентузијазам и полет ги негуваат своите народни традиции; го презентираат својот богат фолклор, потоа на јавни места ги пеат своите народни песни; ги играат убавите македонски ора и со своите поетки дела се чувари на македонски јазик и култура..

Всушност, Македонците во Торонто своите поетски остварувања ги изразуваат преку својот дела на англиски и на македонски јазик. Меѓутоа, преку мајчиниот македонски јазик, донесен од родната земја Македонија го афирмираат македонското име, културно-историското минато и сегашноста на етничка Македонија, а во исто време се дел на мултикултурното општество на Канада.

Треба да се нагласи дека поетите Канаѓани од македонско потекло, меѓу кои и Вера Верка Вржовска – Петровска се блиски со Македонија, а  истовремено претставуваат и дел од секојдневието и од вистината на демократска Канада. Затоа, нивните поетски остварувања се тесно поврзани со родниот крај, а имаат силни носталгични изливи на љубов кон старата и новата татковина – Македонија и Канада.

Пишува; СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Најнови вести

To top