Култура и туризам

ДРАМАТА „ПОСЛЕДНИОТ МАКЕДОНЕЦ“ ЈА РАЗБРАНУВА ДУШАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ

ДРАМАТА „ПОСЛЕДНИОТ МАКЕДОНЕЦ“ ЈА РАЗБРАНУВА ДУШАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ

И додека во македонското собрание се кова и последниот клинец се става на тешките пранги околу вратот на Република Македонија во Сиднеј Австралија се прикажува драмата Последниот Македонец од Душан Ристевски со врвните артисти од Австралиско македонскиот театар од Сиднеј. Имав можност да ги гледам двете престави минатиот викенд и бев воодушевен од настапот и енергијата што ја извлеков од она што се прикажа на сцена. Стравот од прогони и уцени од малтретирање и монтирани судски процеси на прадавничата влада само во Македонија може да им успева, а не во Австралија, каде уметниците и артистите можат слободно да се искажуваат и да творат.

Авторот како да имаше предчувство на она што ќе доаѓа за Македонците во Европа, во Евросилија, каде Македонецот нема да постои како човек и во која сите Македонци ќе бидат бегалци, понижени, злоупотребувани, обесчестени и под нивната кожа ќе живеат некакви црвја и зданија. А што е најстрашно нема да можат и смеат да си го кажат своето име, со јазик одсечен, со мозоци исколвани од чавки, па така бесцелно ќе скитаат без име и никогаш нема да најдат мир во душата оти се откажаа од своите мајки и татковци, од нивните аманети, се откажаа од себе си.

Подплатените политичари на кои не им успеа предавничкиот и срамниот референдум, наспротив вољата на народот, посегнаа по уставот, по сржта на државата и нацијата. Како некои ѓаволи се нафрлија да ја глодаат македонската душа за да се сотре македонската држава и нација. „Да им се исуши раката, да им се сотри племето“ како што ќе рече Солунка, бабата на силованата Македонка која подоцна ќе го породи бебето на Европа. А па нејзиниот татко, Филип, ќе заклучи дека „победува кукастиот крст, победува месечината во Евросилја“ и поради тоа „ризично е да се биде Македонец во Македонија“.

Прашањето со кое публиката си замина после гледањето на ова два часовна престава, која ти се чини поради динамичната изведба траеше само 10 минути, дали има спас за Македонците, дали вистина сме сведоци на изумирање на македонската нација и последниот Македонец се истисна во светот во далечните простори на сонот и реалноста да го бара својот род распрскан на сите континенти и го моли да се врати за да се одпочне нова држава, без историја и минато. А дали е тоа можно, кога семејството се распаѓа, кога се руши изграденото, кога се уништува родот, дали е можно да има враќање во земјата која не постои. Од она што се постави на завршниот чин од авторот и режисертот Стефо Нанцу, мислам, секој излезе со поинаков заклучок од завршената трагична приказна: можно е да има враќање во Македонија за да не се уништи родот; да се прифати новороденото како неминовна последица на евроатланската силувачка политика; излезот е да се врати честа со мечот на Александар Македонски и сонот на гемиџиите; животот и смртта се толку блиски како да се неразделни – не вреди да се живее кога својот брат те уништува…

Публиката излегуваше со насолзени очи, жалеше не само за семејната трагедија на Филип туку и за трагедијата што како некоја чума надвиснала над сите Македонци, над Македонија која ете сега се продава и уништува од самите Македонци.

Од кажувањето на присутните, „Последниот Македонец“ е најдобрата театарска продукција досега поставена на сцена од овој театар кој повеќе од десет години успешно на сцена поставува дела важни за македонската култура и нација. Не треба да се испушти шансата да се гледа оваа престава, а последната е оваа сабота, 8-ми декември со почеток во 19 часот во Македонскиот културен центар Илинден 675 Railway Street Rockdale.

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Најнови вести

To top