Култура и туризам

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (22)

СЛИВНИЦА И МАНАСТИРОТ СВЕТА БОГОРОДИЦА  I дел

Името   на   селото   Сливница   се   среќава   во   најстар   запис   од    16   век   и   гласи вековите во разни записи се среќава како Сливница и Слимница. Во поновите записи од 19-20 век почесто е името Слимница. Дијалектно останува како Слимница, а во маке-донскиот литературен јазик останува Сливница. Етимологијата потекнува од зборот -слива.

Така, Влогимјеж Пјанка пишува дека е топографско, изведено со помош на суфиксот „ница” од апелативот „слива” (супстанцирана придавка слив-н + ица) што се совпаѓа со преданијата на сливничани. Меѓутоа, можно е името Сливница да потекнува од карактеристиките   на   теренот,   на   пример,   сливно   (ерозивно)   подрачје,   какво   што   е сливничкото.Во овој труд селото го именуваме Сливница, а манастирот Слимнички, со огле на неговото современо именување од населението.

Селото Сливница е сместено во Долна Преспа на источната страна од Големото Преспанско Езеро. Тоа е лоцирано на падината во западното подножје на Баба Планина, од левата страна на асфалтниот пат Макази – Маркова Нога, а на надморска височина од 900 м. Сливница е преместено село. За негова претходна местоположба се спомнува месноста Шуица на 1,5 км јужно од денешната, на која се уште постојат видливи остатоци (црква, гробишта и др.).

Се пренесува сеќавање дека претходната локација била напуштена негде во текот на 18 век no еден напад на селото од некоја поголема разбојничка банда, кога повеќе луѓе биле убиени, а селото целосно ограбено и запалено. Еден дел од преживеаните жители се населиле во соседното село Арвати, а другиот дел подигнал свои огништа на местото на кое денес се наоѓа селото.

Сливница има интересна географска положба: од север се граничи со селата Претор и Курбиново, од исток со селото Маловиште, Битолско, од југ со Арвати и Крани и од запад со водите на Преспанското Езеро.

Сливмичкиот манастир

Атарот на Сливница зафаќа ридско-планинско земјиште обраснато со даб, бука и смрека, а на повисоките места постојат помали планински пасишта. Во непосредна близина, односно северно од селото, тече таканаречениот поток Сливничка Река, а јужно од селото потокот, Шуичка Река. Во летниот период, двата потока целосно пресушуваат. Во понискиот дел на падината под селото има цветни ливади, јужно од нив убаво обработени лозја, а во тесниот крајбрежен појас овошни насади и песочни плажи.

Сливница е повеќевековно христијанско село во кое секогаш живееле православни Македонци. Неговото постоење е забележано во повеќе извори од различни периоди. Најрано во 16 и 17 век во Слепчевскиот кодик (Селшичев) и во 1568/69 година во турските пописни документи за казата Горица, а во 1687 година во еден натпис на манастирската црква Света Богородица.

Исто така е забележано во некои турски документи за ајдутството и арамиството во Македонија, во 1865 година во патописот на Јохан Хан, во 1889 година во делата на Стефан Верковиќ, во 1900 година во делата на Васил К’нчов, во 1902 година кај Лев Огненов, во документите и спомените од Илинденскиот период, во 1925 година кај Ѓорѓе Киселиновиќ и други автори.

Селото е од збиен тип со околу педесетина куќи, старите целосно обновени, а има и новоизградени, внатре современо опремени и безмалку сите наредени од двете страни на една иста асфалтирана улица. Преовладуваат белите фасади со кои селото целосно се открива.

За прв пат во своето постоење, со училишна зграда селото се здобило во 1946 година (дотогаш сливничките основци учеле во Крани), со задружен дом во 1951 година, со систем за наводнување во 1956 година, со електрична енергија во 1958 година, со телевизиски прием во 1965 година, со водовод во 1970 година, со асфалтен пат во 1987 година и со телефонски приклучоци во 1988 година.

Денес во селото постојат приватни продавници на стока за широка потрошувачка и бензиска пумпа. Бензинската пумпа што e лоцирана на патот Макази-Маркова Нога е единствен објект од таков вид во Долна Преспа. Во периодот по 1970 година, северозападно од селото, покрај брегот на езерото, е подигната викенд-населба со околу стотина убаво изградени викенд-куќички.

Во атарот на Сливница постојат повеќе локалитети од археолошко значење и тоа: Крш Полена, Кула, населба од доцноантичкото време, Сливница, населба од римското време, Шуица, средновековна црква и некропола, и др.

Во Сливница постојат пет цркви и еден манастир. Црквата Свети Димитрија се наоѓа во селото, изградена при крајот на 18-от или во почетокот на 19-от век. Во нејзиниот круг се селските гробишта. При изведувањето на некои градежни работи во текот на 1996/97 година, тука била пронајдена плоча со натпис „Света Петка” што упатува на можноста некогаш црквата да се викала така, по примерот на онаа од претходната локација на селото, но нема сознанија за причините на промената.

За црквата Свети Атанас, што се наоѓа северозападно од селото покрај патото Макази – Маркова Нога, нема податок за нејзината изградба. Се претпоставува дека потекнува од периодот на 19 век. Црквата Свети Никола е на околу 2 км источно од селото, во месноста Солиште и во нејзиниот круг постојат стари гробишта. Црквата Свети Петар е на околу 2 км североисточно од селото (во долината на Сливничка Река) и нема податок за нејзината изградба. Црквата Свети Петка е на околу 2 км источно од селото (во месноста Шуица) и во нејзиниот круг постојат гробишта од постарите генерации сливничани. Веројатно станува збор за црква од 17-от или 18-от век.

Седумтечислениците во манастирот Света Богородица во Сливница

Манастирот Пресвета Богородица (Богоројца), кому е посветена оваа книга од авторите проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ и публицистот Славе Николовски-Катин, се наоѓа на околу 3 км североисточно од селото Сливница. Овој значаен и по многу нешта интересен верски објект е еден од ретките сочувани манастири во Преспа. Тој е распослан на живописна ливада во горниот дел на Сливничка Река, опкружен со високи падини што стрмо се спуштаат од Баба Планина кои се покриени со густа дабова шума.

Според народното верување црквите и градбите посветени на Пресвета Богородица најчесто се јавувале на важни премини, кои на населението и задавале одредени тешкотии, а верувале дека силата на Пресвета Богородица ќе им помогне полесно да се премине и прооди новиот премин. Дури и легендата што ја зедовме како мото на книгата (забележана од Бојан Пупалевски на 18 декември 2004 во Ресен) укажува на одреден премин.

Манастирот го посетивме во делник, во еден пролетен ден кога дабовата шума даваше посебна слика и ја збогатуваше убавината на овој дел од Преспа. Патот за манастирот се дели од селото на јужната страна и по неколку остри кривини се искачивме над селото. Застанавме на височинката од каде се гледаше распосланото Преспанско Езеро. Глетка од која здивот застанува. Се насладувавме на природната убавина и тука, свртени кон езерската шир, разговаравме за минатото, сегашноста и иднината на Преспа. Потоа патувањето со „Симката” го продолживме низ дабовата шума и за петнаесетина минути стасавме до влезот на манастирот Света Бородица.

Тука не пречека двокрилната железна манастирска порта на која пишува: Манастир Света Богородица. Таа е поставена на јужната страна на манастирот и претставува главен влез во манастирскиот двор. Манастирскиот комплекс е заграден со високи камени ѕидови. На источната страна се сместени обновените конаци со поголем број соби и чардаци, како и големата трпезарија, во која особено за славата на манастирот доаѓаат поголем број гости. Во манастирскиот двор, веднаш до црквата е старата чешма, од која постојано тече пивка планинска вода.

Горните текстови се дел од монографијата „Ореолот на Дева Марија и Света Богородица Слимничка во Преспа” чиј автори се д-р Вера Стојчевска-Антиќ и публицистот Славе Николовски-Катин, а е посветена на дел од вистината за Дева Марија. Книгата е содржински богата во однос на култот на Дева Марија проследен со текстови од многу книги посветени на нејзиниот живот. Оваа значајна и по многу нешта единствено дело е исто така посветено на Пресветата Дева Марија и на Слимничкиот манастир изграден во 1607 година, кој одбележува 410 години од своето постоење

Продолжува

Пишуваат: Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВКА-АНТИЌ и СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Најнови вести

To top