Култура и туризам

МАНАСТИРОТ „СВ. МАЛА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА – ПРЕСПА (29)

ПРЕСПА ВО МИНАТОТО И СЕГА – ГОЛЕМ ГРАД И ЦАР САМОИЛ

За Преспа е карактеристично што таа, заедно со Охрид, во еден долг период претставувала крстосница на народи, религии, цивилизации… Трајни сведоштва за тоа се бројните споменици од материјалната култура на Македонците, но и остатоците од три важни магистрални патишта – Виа Игнација, Епирскиот и Стариот битолски пат, како најстар каравански пат од византиско време и средниот век, како и други споменици на духовната култура.

Процесот на осознавањето, во смисла на национално освестување, во Преспа се јавил многу рано, а тоа било особено изразено во 19-иот век. Но, и многу порано, со подигањето верски објекти и со нивното украсување со икони и фрески кои говорат за тешката историја на македонскиот народ, како и со другите споменици на културата, уметноста, народното творештво и другите вредности на македонското население.

Во минатото, иницијативите за подигање цркви и други објекти потекнувале од занаетчиите и трговците, особено во историските околности кои овозможувале извесна верска слобода на македонското население. Во таквите прилики доаѓале до израз и творечките постигања на македонските градители и зографи.

Така, во подножјето на Пелистер, во село Курбиново, се наоѓа црквата Свети Ѓорги, чијшто живопис потекнува од 1191 година. Однадвор мала и неугледна, градена од кршен камен, внатре – бисер со одлично зачувана фрескодекорација од 12-от, 16-от и од 17-от век, поради што е ставена под заштита на државата. Жителите раскажуваат, а постарите паметат дека некогаш околу црквата постоеле и манастирски конаци.

Обновените археолошки истражувања на локалитетот на Голем Град на Преспанското Езеро, пак, ги потврдија претпоставките за организирано живеење на овој езерски остров од 3-от до 1-от век пред Христа. Откриени се остатоци од две цркви и потврдено е постоењето на средновековната некропола. Населбата својот процут го доживеала во периодот меѓу 9-от и 14-от век, но овојпат како манастирски комплекс. Целосно била сочувана црквата Свети Петар, а делумно Свети Димитрија во која се претпоставува дека е погребан свети Димитрија.

Дел од убавата Преспа

Од голема важност за Преспа, секако е Преспанското Езеро, кое е второ по големина во Македонија. Тоа зафаќа површина од 294 km2, co најголема длабочина од педесетина метри кај селото Нивици. Денес заради губењето на големи количини вода, Преспанското Езеро се повлекува и смалува. Тоа е заобиколено со високите планини и од сите страни дава величествена глетка.

Се наоѓа на околу 850 метри надморска височина, а температурата на водата се движи од над 18°С во јуни до 24°С во јули и август. Брегот е песоклив, а температурата на воздухот во лето е пријатна. Две третини од Преспанското Езеро и припаѓаат на Република Македони-ја, а една третина на Грција и Албанија. Тромеѓето е во близина на островот Голем Град.

Македонскиот цар Самуил својата престолнина ја сместил не случајно на островот Ахил во Преспа, кој се наоѓа на таканареченото Мало Преспанско Езеро, во Егејска Македонија што сега припаѓа на Грција. На островот Мал Град, што е на албанска територија, пак, се наоѓа црквата посветена на свети Петар и Павле, а на брегот кај Нивици е црквата Света Богородица.

Затоа со право се вели дека цар Самуил не ја избрал Преспа за своја престолнина случајно. И сега и тогаш, Преспа била питома и богата со големи населби, со плодно поле и зелени пасишта, со богат лов на риби во тогашното езеро и големата река, кои му овозможувале на царот доволно храна за војската и робовите што ги држел. Преспа ја видел и како тврдина која му обезбедувала спокоен престој за војската и управата, особено кога се враќал од походите.

Самуил во Преспа почнал да гради патишта и други паметници. Така, на островот во Долна Преспа ја изградил црквата Свети Ахил, која имала 12 олтари во кои на обредите пееле 12 попови. Црквата ја подигнал по неговата голема победа над Византијците, во близина на Лариса, каде што бил инспириран од тамошната цркваСвети Ахил, решил таква црква да изгради и во Преспа. Во новата црква ги донел и моштите на патријархот Ахил, бидејќи ја изградил во негова чест. Црквата е лоцирана на источната страна, во подножјето на островот, а еден дел од неа денес се наоѓа во водите на езерото, како урнатина.

На островот царот изградил четири цркви, во кои работеле голем број калуѓери. Тие ја обработувале и манастирската земја, чувале стада говеда и овци и се грижеле за одржувањето на објектите. Кога подоцна во Мала Преспа надошле води и го поплавиле полето и патот до островот, калуѓерите и селаните од Ахил, чие село тогаш било големо, ја доградувале калдрмата за населението од Преспа да може да доаѓа на „светата” земја.

Над Византијците цар Самуил извојувал многу победи и секогаш кога се враќал во Преспа со него носел голем број робови и богат плен. Преспанското население му приредувало свечени дочеци, а во црквите се правеле обреди и церемонијали. Затоа и не е случајношто денес во Преспа има четириесетина цркви и манастири, чии камбани веројатно го означувале трумфалното враќање на царот во престолнината.

Каде се наоѓа гробот на цар Самуил? Постојат две претпоставки. Едната, дека бил погребан на островот, во еден од олтарите на црквата Свети Ахил, а другата, дека бил погребан во селото Раби, во црквата Света Пречиста, во која со години била чувана неговата надгробна плоча.

Долна Преспа

Во близина на сегашната Перова Кула, во Долна Преспа, каде двете преспански езера се на растојание од само 200 метри, нив ги поврзува река чии води се влеваат од Малото во Големото Езеро. Оваа река е поврзана со минатото на Преспа. Постарите преспанчани раскажувале дека течението на оваа река било многу подолго, а реката поголема. Таа почнувала од подножјето на планината Врба, во близина на селото Л’к и завршувала кај завојот на Нивичка Планина, во местото Роот, каде што сега езерото е најдлабоко. Низ подземните пукнатини и канали под планината Галичица, водата од езерцето се провлекувала и влевала во Охридското Езеро.

Според кажувањата, тогаш Преспа била широко и плодно поле, со многу села и големиот град Преспа кој тогаш се викал Река. Веројатно името го добил по Големата Река, која почнувала и завршувала во Преспа. И кога градот Преспа со селата бил во зенитот на својот развој, се случило најлошото. Регионот бил зафатен од силен земјотрес, земјата се распукала и се појавила голема вода која го потопила градот и селата и тие засекогаш останале под водата. Подземните канали и пукнатини под Галичица, низ кои истекувала водата, се затвориле и малото езерце почнало да го зголемува своето ниво и да ги поплавува полето и селата.

Така дошло до трка во спасувањето и селењето на луѓето, која траела со години и векови, се додека езерото не го достигнало сегашното ниво. Населението што останало без своите куќи, побарало спас во градот Преспа или подигнало нови живеалишта во правец на Охрид кон северозапад и на југ кон Костур. Така биле создадени сегашните леринско-костурски села Желево, Ошчима, Перово, Руља, Брезница и Габреш, а областа во која се наоѓале се викала Корешта. А бидејќи дошле од областа Река, го добиле името Рекарци, кое сеуште го носат.

Продолжува

Пишуваат: Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВКА-АНТИЌ и СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Најнови вести

To top