Панде Манојлов
ИМЕТО… КРШТЕВКА ПРЕД ВОДИЦИ
“Треба
да си го промениш
името!” –
ѝ рекоа
на карпата на ридот.
-“Не си го менувам!
Ако го сменам,
ќе бидам
неплодна земја!” –
одговори карпата.
-“Треба
да си го промениш
името!” –
ѝ рекоа на земјата.
-“Не си го менувам!
Ако го сменам,
ќе бидам пустина!” –
одговори земјата.
-“Треба
да си го промениш
името!” –
ѝ рекоа на пустината.
-“Не си го менувам!
Ако го сменам,
ќе ги снема оазите!”-
одговори пустината!
-“Треба
да си го промениш
името!”
Ѝ наредија на Македонија.
“Не си го менувам!
Ако го сменам
и реката Јордан
и Исус ќе заплаче!”