Култура и туризам

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (14)

xc1

xc1

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЖИВЕЕЊЕТО И ОБЛЕКУВАЊЕТО НА ЕСМА – II ДЕЛ

Исто така и во вториот дел од продолжението ќе се обидеме да доближиме дел од стилот на живеењето што го имаше Есма Реџепова – Теодосиевска, Кралицата на ромската песна како национален уметник. Есма беше голем љубител на сликарството, беше колекционер на слики, марами, ама и на накит. Најдрага и` беше сликата „Двата коња“ (црн и бел), за кои велеше дека ги претставуваат неа и Стево. Сликата и` беше подарок од Домот за стари лица од Куманово. Во својата колекција на марами, пак, имаше повеќе од 300 марами

Со цел подобро да се претстави Есма Реџепова-Теодосиевска, покрај наведените 7 точки во предходното продолжение,  треба да се знаат и следните седум точки, а тоа се:

1.Нејзиниот прв настап бил кога имала 11 години, во емисијата „Микрофонот е Ваш“, која се емитувала на Радио Скопје. Имала страв од својот татко дали ќе се согласи да настапи, но сепак, настапила.

2. Кога Стево Теодосиевски првпат го слушнал нејзиниот глас, ѝ рекол дека ќе работи со неа и дека ќе направи напори да стане позната. Така и се случило. Тој се договорил со родителите на Есма дека ќе ја школува до 18-годишна возраст. Кога го завршила 8. одделение, Есма и Стево заедно заминале за Белград, каде што го завршила средното музичко училиште.

Стапиле во брак кога таа имала 23 години. Биолошки немаат деца, но Есма и Стево заедно изгледале 47 машки деца, а 48. е девојче и сите музички ги образувале. Имаат околу 130 внучиња и голем број правнучиња.

xc2

Есма на концерт

3. Додека живееле во Белград, им било понудено таму да ја направат нивната куќа музеј, онака како што тие си ја замислиле. Но, сепак, тие сакале да се вратат во својата Македонија. Во Скопје стигнале во 1988 година. Потоа Есма велеше дека тие имале намера да градат куќа на Водно, но тогаш во тоа време, водњанците таму не ги сакале. Кога го слушнале тоа си рекле, тогаш и ние нив не ги сакаме.

Почнале да бараат друга локација и ја нашле локацијата на Кале. Есма беше задоволна со изборот, затоа што куќата не беше само стан каде што таа живееше, туку таму на Кале сакаше да биде „Домот на хуманоста и Музејот на музиката на Есма и Стево Теодосиевски”. Местото на овој музеј му беше тука, во близина на другите музеи – „Музејот на Гоце Делчев“, „Музејот на современата уметност“ и други културно–уметнички споменици во Скопје. Планиран беше и изложбен музејски простор на приземјето.

4. Додека престојувала во Белград, а постојано патувала низ целиот свет со свои концерти, Есма ја немало цели 25 години на нашите радио и телевизиски станици. „Два-тројца ни ги затворија вратите во Радио Скопје“, се сеќаваше Есма. Дури во 1986 година, пред нејзиното селење во Скопје, било направено едно телевизиско шоу за неа.

5. Си ги броела концертите до 1984 година, кога биле вкупно 15.000. Оттогаш ни самата не знае колку од нив се допишани во автобиографскиот „нотес“.

6. Во 1995 година ја добива веројатно најдрагата награда – „Примадона на европското пеење“. Ваквата награда редовно им се доделува на оперски пејачи.

xc3

Есма на прием

7. Есма беше голем љубител на сликарството, беше колекционер на слики, марами, ама и на накит. Најдрага и` бешесликата „Двата коња“ (црн и бел), за кои велеше дека ги претставуваат неа и Стево. Сликата и` бешеподарок од Домот за стари лица од Куманово. Во својата колекција на марами, пак, имаше повеќе од 300 марами.

Есма уште како дете научила да ги цени предметите не толку поради нивната материјална вредност, туку поради мигот што ја поврзувал со луѓето важни во нејзиниот живот, но и со некои што ги сретнала само еднаш во животот. Всушност, таа секогаш повеќе сакала да подарува и да им помага на сите што ќе побараат помош од неа.

Инаку, Есма Реџепова–Теодосиевска ги има и следните карактеристики, играчки и предмети кои длабоко ја поврзуваа, а тоа се:

1.Мачето – амајлија од детето од Австралија. За оваа играчка Есма велеше:

 „Тоа е сосема обична гумена детска играчка, која едно пет-шестгодишно девојче постојано ја носеше со себе. Со таа неразделна играчка, мајката го донесе своето девојче на еден мој концерт во Австралија. По концертот,  тие дојдоа зад сцената бидејќи малечката сакала да ме запознае, била фасцинирана од моето пеење. При нашата средба девојчето во рачето постојано ја стискаше гумената играчка – маче. На крајот од средбата, девојчето самото ми ја подари играчката. Знам колку децата на таа возраст се приврзани со некоја омилена играчка и тој искрен и спонтан гест на малечката ме освои. Оттогаш и јас постојано го носам тоа маче – играчка, како моја амајлија. И навистина ми носи среќа“, пренесе Есма во една од своите лични и (не)обични приказни.

2.Со вистинската марама за коса – секогаш со уредна фризура.

 „Почнав да пеам уште на 11 години, па на 15-16 години веќе може да се каже дека бев професионален пејач. Но, сè уште бев неискусно девојче за многу работи, се барав себеси, а покрај другото си го барав и стилот за фризури. Проблемот беше што иако пред секој настап ќе направев фризура, веќе по половина час од концертот, косата беше жива вода. Тогаш се сетив на марифетот на мајка ми. Таа секогаш самата си кроеше марами од бело платно и на чуден начин (за мене како дете) си ја врзуваше косата секогаш кога работеше, готвеше, чистеше… Го научив нејзиниот начин на врзување на марамите и оттогаш секогаш најважниот детаљ во мојот стил се марамите. Одамна престанав да бројам колку ги имам, но секогаш имам по некоја омилена“, истакна Есма Реџепова.

3.Марамите

 „На сцената, марамите во разни бои и дезени, секогаш обликувани според марифетот на мајка ми, станаа препознатлив дел од мојот имиџ. Но, надвор од сцената ги обожавам шапките. Лете имам две омилени шапки (иако мислам дека ги имам безброј), а за зима најмногу сакам една крзнена шапка. Таа, всушност, е во комплет со еден крзнен капут, што ми ги подари сопругот Стево, а ги порача да се изработат во Франкфурт, додека бевме на тримесечна турнеја низ Германија. Тие ми се драг спомен од Стево (покрај многу други работи што ме поврзуваат со него), но почесто ја носам шапката преку зима, зашто може да се комбинира и со други палта“, со задоволство зборуваше ромската Кралица.

4.Рачна торба за патување

„Децата се шегуваат со мене дека оваа торбичка повеќе е за внука ми Есма, но мене ме освои токму со тој весел детски изглед. А имам и такви патики, како на торбата, ха, ха… И секогаш кога патувам (а тоа е често), не се разделувам од оваа торбичка. Внука ми Есма повеќе сака дамски модели, па оваа моја торбичка за патување не ја привлекува, ха, ха…“, во шега велеше Есма.

xc4

Есма со пријатели

5.Слики

„Во мојот дом има неколку мои портрети и сите ми се драги на некој начин. Но, моите деца ми се чини најмногу го сакаат оној од уметникот Зафировски – секогаш се „расправаат“ кому треба да припадне таа слика, ха, ха… Меѓу сите слики во мојот дом, посебно место има сликата, наследство од баба ми Есма, некој вид икона на Исус Христос, што таа ја донела од Иран“, потенцираше како голем верник Есма Реџепова–Теодосиевска.

6.Монографијата за Есма и Стево

„Оваа монографија е печатена уште во далечната 1974 година и во неа е документиран мојот подем и развој како на пејачка, нераскинливо поврзан со постоењето на Стево Теодосиевски и неговиот ансамбл. Всушност, тоа е монографија за нашето семејство, љубовта, песната, животот… сето тоа е испреплетено кај нас. Оттогаш е минат, може да се каже, уште еден живот, но сега ваквите монографии сè поретко се печатат“, велеше Есма.

7.Новата монографија за Есма

„Во овие нови услови, техники и технологии, можеби е попрактично да си имаме некакво интернет-издание, или можеби на ЦД. Но, печатено дело останува вечно и спомен за во секој дом. Затоа, оваа монографија што ја подготвуваме со мојот драг пријател, публицистот Славе Николовски–Катин е делото за моите 55 години дружења со песната“, информираше  македонската и ромската дива Есма Реџепова–Теодосиевска.

Продолжува

slave

Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Најнови вести

To top