Култура и туризам

Велики Петок

Исус Христос на крст

Исус Христос на крстНастанот кој е поврзан со овој празник е Христовото распнување. Поради тоа што Христовата личност е божествена, тој единствен меѓу луѓето немаше никаков грев, или поинаку кажано се одликуваше со извонредна етичка чистота. Во тоа и се состои космич¬ката трагедија што светот во Христос, во една таква личност, не го препозна својот сопствен излез од сите животни пробле¬ми, вклучувајќи ја тука и смртта, туку тој ненасилно понуден излез го прикова на срамно дрво (така го нарекуваа крстот, затоа што распнувањето на крст беше најсрамната и најтешка казна во Римската империја). Но, денешниот празник е двозначен, затоа што три дена по својата смрт, со своето воскре¬сение т.е. станување од мртвите, Христос ја донесе и најголемата радост во светот.

Велики Петок е посветен на спомнувањето на осудувањето на смрт, Крстните страдања и смртта на Спасителот.

Најпрво, Христос беше одведен пред првосвештеникот Кајафа, кој кратко Го испрашуваше и Го затвори. Утредента, Тој бива испрашуван пред Синедрионот, највисокиот еврејски совет за верски прашања составен од 70 највидни членови, фарисеи, книжевници, садукеи и страрешини. Таму бива распрашуван, и осуден за хула, за што канзата била смрт. Сепак, во тоа време само римскиот управител имал право да изрече смртна казна, при што тие Го упатуваат кај Понтиј Пилат. Пред него Христос беше осуден дека велел дека Е цар јудејски; Пилат, гледајќи дека Христос Е предаден од зависти и злоба, се обидуваше да Го спаси, и бидејќи од Галилеја, решава да Го испрати кај Ирод, кој управуваше со таа покраина. Ирод Го исмејуваше Исуса и Го врати пак кај Пилата, кој попушта пред разбеснетата и поткупена маса и Го предава на грубите војници, кои Го исмејуваат, понижуваат со удари, бичуваат и Го облекуваат во црвена наметка ставајќи Му на главата круна од трње, а во рацете, место жезол – трска.

Но според обичајот, бидејќи Пасха, еден осуденик можеше да биде ослободен по волја на народот. И повторно, поткупената маса го избира злосторникот Варнава, наместо Синот Човечки. И додека Христос сведочи за Себе пред судот, светиот апостол Петар три пати се одрекнува од Него, а Јуда се обеси.
Исуса Го одведоа од затворот и од судот за да Го погубат. Пресудата беше извршена на губилиштето близу градот, на мала височинка наречена Голгота (череп). Евангелијата нагласуваат дека тука се исполнија уште два страшни псалми – псалмот 21 („Боже мој, Боже мој, зошто ме остави?“) и псалмот 68 („Спаси ме, Боже, зашто водите стигнаа до душата моја.“). Тука се исолнуваат и најситни детали – војниците фрлаат ждрепка за Неговите алишта, Му нудат оцет и жолчка, присутните презриво нишаат со главите свои. Покрај првите зборoви на 21 псалм, евангелистите забележуваат уште неколку други нешта кои Христос ги изговорил умирајќи на Крстот:

• Се моли за Своите мачители: Оче, прости им, зашто не знаат што прават.
• Му ветува на разбојникот распнат со Него: Навистина ти велам дека денес ќе бидеш со Мене во рајот.
• Погледна кон Јована и ѝ рече на Својата мајка: „Жено, еве ти син,“ а потоа му рече на Јована: „Еве ти мајка“!
• Небото ги покажуваше знаците на последните времиња: темнина на пладне. Исус гласно извика: „Жеден сум.“
• Околу три часа по раснувањето, односно 3 часот по пладне, нашиот Господ умре на крстот. Повика на висок глас: „Оче, во Твоите раце го предавам својот дух.“ (Лука 23,46 спореди Псалм 30,5). Свети Јован Богослов, пак, го споменува наклонувањето на главата, и Неговите последни зборови: „Свршено е.“

Најново од: Култура и туризам

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

To top