Култура и туризам

Прославувањето на Велигден – најстариот празник на светот

Христос Воскресна

Христос Воскресна
Православните христијани со неизмерна  радост го  очекуваат големиот христијански празник Велигден. На овој значаен  ден сите христијани  се присетуваат  на христовото жртвување за  спас на човештвото. Велигден е најстар празник и се празнува од вториот век.

Нема поголема  радост и восхит од онаа кога се празнува животот. На Велигден се разгласува најрадосната вест за воскресението Христово. И самото тоа укажува  дека нашата вера е создавана, темелена  врз радоста од христовото воскреснување. Христовото воскреснување  е светлина на светот и патоказ за животот низ вековите на човечката историја. Воскресението е радост за измачените, утеха за болните , поука за малодушните, сила и цврст темел за благоверните.

Воскресението претставува победа против непријателите, пораз и уништување на демоните, простување и разрешување на гревовите, сигурно пристаниште од бурата на искушенијата. На овој ден како што е познато, смртта е победена затоа што ја победи оној кој има живот во себе. Од тој момент, сите ние ја примаме таа вистина и се исполнуваме со особена храброст и духовна крепост, зашто смртта не е повеќе закана, ниту причина за страв. Таа треба да се свати како враќање кон  царството на Отецот наш небесен.

Христос ја победи смртта и со тоа ги отвори портите на рајот, портите на светлината  во кои влегуваат сите синови и ќерки. Иако во светот се случуваат војни, немири и други несреќи, тоа не треба да не плаши и загрижува. Правдата и вистината се уште се распнуваат на крст, но преку крстот доаѓа радоста за целиот свет. На тој крст беше распнат и  мачен нашиот Спасител.  Тој  се предаде Себе Си за живот на светот. Со неговата душа тој слезе во рајот за да ја ослободи човечката природа  од пропаѓање. Тоа го стори и се жртвува за нас , за ние да се исполниме со живот и  радост како што се исполни Тој, распнат на крстот.

Овој празник е суштината на христијанството, потврда на  верата  во Бога. На Велигден се слави победата на животот над смртта. Св апстол Павле рекол: ‘Ако Христос не воскреснеше, празна ќе беше нашата вера‘.

Чествувањата на Велигден укажуваат и на тоа дека ризницата на нашето духовно и национално наследство е богата. Велигденските празнувања ја симболизираат верата и богатата македонска традиција кој опстојува со векови.

Нека ни се честити и вековити Велигденските празнувања .

Христос воскресе!

Вистина воскресе!

Легенди и обичаи за Велигден забележани од нашиот фолклорист д-р Марко Китевски

За Велигден нашиот народ спроведува и голем број обичаи кои секогаш заземаат централно  место во празнувањето.

Според една легенда се смета дека црвените јајца и поздравот Христос воскресе, прво го употребила Марија Магдалена.

Таа секогаш ги слушала проповедите на исус и прва дошла на неговиот гроб во неделата наутро. Таа прва го видела гробот празен, прва го видела и Исус воскреснат и по неговото осзнесение на небото, тргнала по светот да го проповеда христовото учење.

Легендите за црвеното велигденско јајце – се смета дека  кога Исус бил распнат на крстот, од крвта што капела  од рацете и нозете , камчињата биле обоени во црвено. Како спомен на таа случка, луѓето денес вапцуваат црвени јајца.  Црвената боја ја симболизира  Христовата крв.

Вапцувањето на првите три велигденски  јајца се прави на Велики Четврток , пред изгрејсонце затоа што се верувало дека  ако тоа се направи подоцна, ќе се расипеле јајцата. Првото јајце имало најголема магиска моќ.

Додаток – Приказна

‘Последната вечера‘

Исус Христос седна да вечера заедно со дванаесетте апостоли. Тој беше многу тажен. Неговите апостоли го прашаа зошто е тажен а тој им одговори – “утре морам да заминам и да бидам заедно со мојот татко во рајот”. Во тој момент и апостолите се натажија и му рекоа дека нема да дозволат нешто лошо да му се случи. Исус им рече дека еден од апостолите веќе зел и пари и го предал. Сите се погледнаа еден во друг а Јуда стана и излезе надвор.

Исус им кажа на апостолите дека некои луѓе во Ерусалим не го сакаат и дека наредниот ден ќе го затворат а потоа ќе го стават на крст. И за да го запомнат засекогаш, исус скреши малку од лебот и рече – “ова е моето тело, земете каснете, и запомнете ме”. Потоа зеде чаша со црвено вино и им рече- “Ова е мојата крв. Напијте се и запомнете ме”.

Неговата мајка го гледаше како мачеше распнат на крстот. Исус повика еден од апостолите и му рече да се грижи за неговата мајка. Кога Исус умре, земјата се  затресе. Дури тогаш некои од насобраните луѓе поверуваа дека Исус е син Божји.Два дена после смртта на Исус, Марија Магдалена појде да го посети неговиот гроб. Кога стигна таму, виде дека гробот беше празен, телото на Исус веќе не беше таму. Таа со трчање отиде кај петар и другите апостоли и им кажа дека Исус го нема. Трчајќи таа сретна еден човек кој ја прашал зошто плаче. Човекот што стоеше пред неа беше Исус  Христос.

GORDANA 1 copy copy copy

Гордана Димовска-Австралија

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top