Култура и туризам

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (17)

cde4

cde4

ЕСМИНИ ЕСТРАДНИ ЧЕКОРЕЊА КОН УСПЕХОТ

Се присетуваше Есма, кога биле на турнеја со Aнсамблот за народни ора и песни „Орце Николов“, дека женскиот дел од Ансамблот му префрлувале на Стево, зошто ја носи Циганката, а нив ги посрамотува. Тој знаејќи дека до себе има раскошен талент и не обврнувал многу внимание на озборувањата, туку и давал целосна поддршка на Есма. Тоа уште повеќе ја зацврстувало решеноста на Есма да успее, па ако треба „планина ќе помести“, што би рекол нашиот народ

Тоа биле рани години за да се помисли дека заискриле некакви први заемни симпатии меѓу нив двајцата. Особено што Стево бил шеф, водач, човек кој давал сè од себе за да им помага на младите. И тргнувајќи од фактот дека под своја закрила ја земал Есма, со родителски благослови, тој максимално водел грижа за неа. Ниту знаел дали веќе е во брак или не, со неговите години, бидејќи толку многу бил посветен на музиката, на компонирањето, оркестарот, турнеите и дадениот збор пред таткото на Есма, што речиси, и немал време за некакви приватни и емотивни преокупации.

Меѓутоа, кога толку време сте еден крај друг, кога постојано патувате и давате концерти заедно, кога ги подготвувате новите песни, кога седнувате на иста маса да појадувате или седнувате на починка на исто место, некако спонтано, сепак, во окото ќе заискри извесна симпатија. Се раѓа желба, но,  тука е силното  пријателство и естрадниот  бизнис… Сепак, се испомешуваат чувствата и така ден за ден.

cde3

Стево како повозрасен бил доста повоздржан, помолчалив, потајновит, позатворен и построг. За него музиката била и живот, и работа, и постоење, и светоглед. Немал брачна другарка, но тоа не значело, дека така и ќе остане,и дека нема да биде поинаку од утре. Таков бил и Есминиот пристап, ама без да изусти ниту една буква на таа чувствителна тема.

Како минувало времетo, таа, како потемпераментна, подиректна, но одмерена и со многу претпазливост и стравопочит, сепак, понекогаш ја отворала душата. Особено што била на почетокот на своите естрадни години и подеми и што сета енергија на нив двајцата била насочена кон музиката. Се барало насекаде да бидат во добра форма, да се избере најдобриот репертоар и да се претстават во најубава светлина и тие како ансамбл, но и својата земја  Македонија.

Популарноста на Есма бргу растела. Веќе била позната интерпретаторка, која публиката одлично ја примала, ја поздравувала со симпатии и овации, ја барала на бис и уживала во нејзината песна. Зрачела со својата енергија и упорност, бргу се пробивала, ама, не  заборавајќи никогаш на грижата за своето семејство во Скопје.

Честопати во слободните денови, сакала да се расшета на корзото низ градот со своите две другарки кои многу ги сакала и почитувала, Цвета и Ната. Дека тие многу и значеле, зборува и постапката на Есма дека каква облека купувала за себе, иста таква земала и за нив двете. Со Цвета имале и зачудувачка сличност, па честопати дури и некои по Цвета ќе викнеле – Есма и обратно. Сите три другарки уживале во дружбата во слободното време, а имале едвај 16 години.

Околината веќе почнала да создава Есма-Стевина емотивна комбинација. Во чаршијата почнале да се шират приказни за наводната врска меѓу нив, што доаѓало и до ушите на татко ѝ. Меѓутоа, знаејќи го дадениот збор од Стево, тој бил убеден дека ветеното, Теодосиевски нема да го прекрши, туку нивното е професионално патронство и партнерство.

Честите долги заеднички патувања навестувале дека каде што има чад има и оган. Така, еден ден му се смачило на Ибрахим од чаршиските озборувања и кога се вратила Есма од некоја турнеја, таткото, отсечно и строго и се заканил дека нема повеќе никогаш и никаде да оди заедно на гостување со Стево и ансамблот. Ќе остане дома. Тука е крајот. Немало да дозволи да се разболи таа од туберкулоза и да умре како што зборувале луѓето наоколу за Стево, дека бил болен човек.

cde2

Стево и Есма во Белград

Каков шок било тоа за Есма. Таа не ја очекувала татковата исклучителност, кога веќе станувала некој и нешто меѓу „лавовите и тигрите“ на естрадата и тоа низ тогашната Југославија и пошироко.

За тие немили сцени Есма раскажуваше: „Колку многу плачев, молев, кукав, кажував илјада факти и причини, зошто таа одлука на татко ми е избрзана и апсолутно без повод и причина. Постојано повторував дека Стево е многу добар човек, кој е шеф на оркестарот и многу ми помага во создавањето на мојата музичка кариера и пејачки успеси.

По некое време, ми здодеа, го зедов куферот в раце со гардеробата за престојната турнеја и отидов право пред хотелот „Македонија“ во центарот на Скопје. Застанав пред татко ми. Се исправив храбро пред него и му велам:

„Слушај татко, јас одам во Белград. Утре таму имаме концерт и немој да мислиш дека може некој да ме запре да не отпатувам. Никој нема да ми застане на патот. И нема да го дозволам тоа, па кој и да е“.

Реков и така сторив. Оваа епизода ја заборавив како и да не постоела. Бидејќи Стево ми ги отвори вратите на успехот, бескрајно е грижлив, добар и професионален, и зарем сето тоа да се уништи поради некакви чаршиски муабети и злобни конструкции.

cde1

Во еден момент очите на татко ми се наполнија со солзи, а тој не изусти ни збор. Знаеше дека како ќе решам така и ќе сторам, но, и дека одлуката не е грешна туку исправна“.

Потоа Есма нè запозна и со други детали од нивните патешествија, велејќи: „Во Белград патувавме често. Имавме многу настапи. Бевме барани и сè` повеќе уважени како ансамбл и пејач. Некако паднаа идеи за преселба во главниот град на Југославија. Не помина многу време, кога Стево преку своите пријатели успеал да најде една скромна куќичка на улицата „Малиот Радоица“ бр. 15 на Дедиње. Беше запуштена и неугледна. Ја зедовме и бргу ја уредивме баш за мерак. Во неа сместивме сè. Стево ја донесе и својата мајка, па сите живеевме среќни и задоволни. 

Имавме покрив над главата, а потоа веќе правевме и други планови. Многу не се вртевме во новиот дом, бидејќи со недели и месеци бевме на гостувања по ју-просторите и низ разни држави во светот. Мојот репертоар беше сè побогат и поатрактивен. Го пеев она што ми лежеше и она што го сакаше публиката, чиј пулс многу добро го чувствував.

На човек му е непријатно да зборува за себе, за своите постигнувања и успеси, но еве и од оваа временска дистанца, со чиста душа можам да кажам, дека сум горда бидејќи доживеавме големи естрадни вознеси, триумфи, признанија и блескави мигови. Во хрониката на нашата заедничка работа ќе споменам дека уште во 1961 година, кога го имав првото гостување на телевизијата од Белград во програмата „Орфеум“, помнам како да беше сега, дека  со настапот блеснавме. Ја исполнив „Чајорије шукарије“ и грмна аплауз. И таму освоивме прво место, што за нас беше како да сме на крилјата на среќата“.

Продолжува

Katin6

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top