Култура и туризам

ВО ГОРНА ПРЕСПА КАКО ДОМА (4)

ik1

ik1 ik2

ЦАРЕВ ДВОР И ДРМЕНИ – ГРАДСКИ НАСЕЛБИ

Царев Двор е едно од најголемите и најубавите населби во Преспа. Тоа е распослано во рамничарската питомина на Преспанското Поле, близу до синото  Преспанското Езеро, во најубавиот дел на Преспа. Царев Двор е тесно поврзано со Дрмени со новоизградените куќи покрај патот и заедно прават најголема  населба во Преспа после Ресен

Царец Двор и Дрмени  се наоѓаат на пет-шест километри од Ресен и се раскрсница на патот од Макази кон Отешево. Тие се стари мешана етнички населби, со претежно македонско населени и турско малцинство. 

Царев Двор е големо и убаво уредено преспанско село од збиен (собран) тип, со околу 450 куќи, обновени или новоизградени. Во минаторо, тоа била развиена трговска населба, за што зборуваат седумте влезно – излезни патишта, како и постоењето на црквичката Меркурија (според нивно кажување светец на трговијата). Денес Царев Двор се проширува на сите страни и прилега на градска населба која претставува значаен дел на Преспа и Македонија.

Царев Двор е царско место на Цар Самоил. Тоа е стара македонска населба со сите нишани на древноста и вистината на Македонија. Тоа е место на иднината на Преспа. Тоа е мести во кое постојат две цркви и една џамија. Црквата „Св. Никола“ што е лоцирана на влезот во населбата по патот од Ресен била изградена во 1875 година. Во неа живеел и работел познатиот македонски борец од Втората светска војна, Јосиф Јосифовски – Свештарот. Црквата таканаречена Долна Црква, пак,  е на патот за селото Езерени, која е стара и била обновена во 1920 година. Џамијата, пак, се наоѓа во центарот на селото и била изградена во Отоманскиот период, а е  обновена во 1974 година.

ik3

Царев Двор 

Царевдворци својата егзистенција во минатото ја обезбедувале преку поледелството и сточарството. Најмногу биле застапени житните и градинарските култури, а некогаш се садело и македонското злато – тутунот. Од 1960 година, пак, преовладува овоштарството, кое е најразвиено во Преспа,  а најмногу хектари се под јаболкови насади и други овоштарски култури.

Образовните процеси во Царев Двор почнале во годините на Илинденското востание, кога е изградено и старото училиште. Новата училишна зграда датира од учебната 1964/65 година. Пред Втората светска војна имало триесетина жители со завршено средно, а денес со завршено вишо или високо образование има преку стотина жители, меѓу кои, има магистри и доктори на науки како и познати и признати граѓани на Македониај и светот. 

Меѓу другите, од Царев Двор потекнуваат: Цветко Узунов – Абас (1916 – 1994), револуционер, генерал, член на Президиумот и на Првото заседание на АСНОМ, а Цветко Узунов, заедно со  Вангел Темовски и Алексо Стефковски биле учесници во Граѓанската војна во Шпанија; Живко Стефановски, првоборец; митрополитот Кирил, потписникот на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и владиката кој ги стави темелите на најголемиот број македонски цркви во дијаспората; проф. д-р Христо Поповски; познатиот новинар Панде Поповски, Гога Прцуловски, Гоце Андоновски, Васил Василевски и многу други. Затоа со право се вели дека Царев Двор е револуционерно село во Преспа. Во НОБ животите ги дале Живко Андоновски и Мите Прцуловски Денес во селото постои спомен – биста на народниот херој Јосиф Јосифовски – Свештарот. 

Исто така, од Царев Двор има голем број иселеници ширум светот, кои се дел од националното и црковното живеење на Македонците во дијаспората. Меѓу нив треба да се споменат: Димче и Пара Ставревски, Јонче и Вера Филиповски, Блаже и Кицо Принцевски, Блаже и Кита Поповски, Владе Царевски, Гоце Поповски и многу други во САД, Канада, Австралија и Европската Унија.

ik4 

Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Дрмени

Кога се зборува или пишува за Дрмени, патеписецот помислува на градска населба, бидејќи ова преспанско село со новите изградени современи куќи покрај патот изгледа како да се споило со Царев Двор и заедно прават најдолга населба во тие делови на Преспа. Дрмени се наоѓа на околу 6 км од Ресен и исто толку од раскрсницата на патот од Маказот кон Отешево.

Тaа е стара мешана етничка населба, со претежно македонско населени и турско мухамеданско малцинство, кое претежно живее во странство, но на корените во селото изградиле современи домови и доаѓаат особено во летниот период. Дрмени е убава рамничарска населба со богати овошни и други култури.

За името на Дрмени се смета дека е етничко, изведено со помош на суфиксот „ени“ од апелативот „дрм“ (се мисли на грмушкасто растение). Во различни периоди со името, Дармени, Дермени и Дрмени, селото се среќава во повеќе извори од различни периоди.

Денес во селото има околу 200 куќи современо опремени и над 400 жители, од кои покрај Македонците има дваесетина семејства од турска националност, кои сложно живеат и во Македонија и во Европската Унија. Во селото има една црква и една џамија. Црквата „Свети Ѓорѓи“ се наоѓа во селото покрај патот Битола-Отешево и била изградена во 1871 година, која располага со богат иконостас и црковни украси. Во нејзиниот круг се селските гробишта и една германска гробница од Првата светска војна. Џамијата,  исто така, е  во селото. Таа е стара исламска градба, а е обновена 1980 година.

ik5 ik6

  Митрополитот Кирил и дел од неговиот овоштарник во Царев Двор

Во Дрмени, како и во голем број други села во Преспа до Втората светска војна немало ниту еден жител со завршено средно образование. Меѓутоа, по ослободувањето се стекнале со вишо и високо образобание околу 70 души. Многумина од нив прераснаа во успешни раководни кадри, во стопанството, општествените дејности и државната управа.

Како добри стопанственици посебно се истакнаа; Данчо Шутурковски, Драган Таневски, Митко Ноневски и други. Од ова село потекнува и универзитетскиот професор д-р Љубица Шутурковска., спортистот Кирил Филиповски, како и голем број истакнати исленици ширум светот, меѓу кои, Нане Темелковски, Борис Таневски, Здравко Јошевски, Стојан Ристовски, Ѓорѓи Ристовски и други.

Дрменци својата егсистенција секогаш ја обезбедувале преку поледелството, сточарството и печалбарство. Интересно е да се спомене дека во Дрмени се одгледувале биволи. Меѓутоа, денес дрменци работат во државни и општествени служби, трговски и производни претпријатија..

Во текот на Втората светска војна селото беше под повеќе фашиститички окупации. Во тие тешки години, своите животи за подобро утре на Преспа и Македонија ги дадоја Пере Несторовски, Јонче Волчевски и Борис Робановски. Меѓутоа, денес Дрмени е населба со добра иднина за младите генерации.

Продолжува

B3

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top