Култура и туризам

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (23)

ESM

ESM

ХУМАНИТАРНОТО ЗДРУЖЕНИЕ „КРАЛИЦАТА ЕСМА И СТЕВО ТЕОДОСИЕВСКИ“ 

Судбинската мисија на Есма Реџепова–Теодосиевска е да дарува, да помага, да биде мајка над мајките, непоколеблива и истрајна во намерите да подари на секој огромна љубов како непресушен извор на добрина, што ја чини ретка на овој свет. Нејзиниот смисол на живот е хуманоста која доследно ја следи сите изминати години. Покрај тоа што таа беше икона на македонската и ромската народна музика, во исто време Есма беше една од најхуманите личности во Македонија и пошироко

Како резултат на тоа е формирано Хуманитарното здружение „Есма и Стево Теодосиевски“. Оваа по многу нешта карактеристична асоцијација е регистрирана во 2002 година, под регистерски број  4434749, а од 2012 година е пререгистрирана со нов назив: Хуманитарно здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“. Претседател на здужението е Зорана Костовска, а Есма Реџепова–Теодосиевска е почесен претседател.

Мисијата на Хуманитарното здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ е да пружи хуманост и помош на оние на кои им е потребна. Здружението многу пати несебично дарувало, се грижело и се залагало да се помогне на беспомошните, болните, сиромашните, хендикепираните и на сите оние на кои им е потребно да им се подаде рака. Во оваа пригода, меѓу големиот број донации ќе ги наведеме следните:

IRENA

Есма со Зорица и Ирена во Алфа ТВ

Донација на Клиниката за неврологија од 5.000 евра во медицински помагала;

Донација во санитетски материјали на Клиниката за нервни болести;

Донации континуирано во Детскиот дом за деца без родители „11 Октомври“ во подароци, материјални средства и присуство на сите нивни манифестации;

Донација по 100 евра на 9 матуранти од Детскиот дом за деца без родители „11 Октомври“ и организирање и финансирање на матурска забава за 450 гости;

Донација за летување на децата од Детскиот дом за деца без родители „11 Октомври“;

Донација во стоматолошка опрема на Здравствениот дом „Скопје“;

Донација континуирано на Специјалниот завод во Демир Капија;

Донација на Центарот за дијализа во Струга;     

Донација на Здравствениот дом во Чаир;

Донација во санитетски материјал и колички за болни на поликлиниката во Ѓорче Петров;

Донации континуирано заедно со Црвениот крст на Македонија;

Донација во храна и облека за бегалците од Косово, заедно со Црвениот крст на Германија;

Донација во облека и книги на село Кондово ;

Партнерство со Мери Корпс – донација на храна и облека на бегалците од Косово;

Партнерство со Издавачката куќа „Просветно дело“ – донација на 100 комплети учебници за сиромашни ученици;

На хуманитарната организација „Класје на добрината“ дониран простор од долниот кат од Домот на хуманоста „Есма и Стево Теодосиевски“ за време на бегалската криза на Косово, од каде се распределуваше помошта;

Партнерство со хуманитарната организација „Крик“ во донација на прибор за градинки и училишта;

Четири модни ревии со фустаните на Есма под наслов „Есма хепенинг“. Средствата од ревијата во Неготино беа донирани на Центарот за помош на лица со ментален хендикеп „Порака“;

Модна ревија во Струмица – средствата беа донирани на сиромашните  Роми од Скопје;

Модна ревија во Струга – средствата беа донирани на Женската организација на жените од Струга, а тие ги донираа на две сиромашни семејства;

Средствата од модната ревија во Скопје беа донирани на децата од Топаана;

Партнерството со жените од Фрајбург, Германија, во донација на облека на сиромашните  семејства во Скопје;

Донација на шлепер со облека, апарати, храна, препарати и лекови за настраданите од земјотресот во Бам, Иран;

Донација на Училиштето за специјални потреби „Д-р Златан Сремац“;

Донација на Основното посебно училиште „Иднина“;

Континуирано подароци за децата од „Детското село“;

Континуирано подароци за Домот за стари лица „Волково“;

Целосно финансирање на престој и студии на Факултетот по соло пеење на Елеонора Мустафова, сиромашно девојче од Кратово;

DONAC

Донација на младиот сликар Ивица Николов од Ѓорче Петров;

Донација на Билјана Џуфовска, хендикепирана девојка од Велес;

Донација од 200 евра, подароци и храна на Стефан и Зоран Петровиќ, две хендикепирани братчиња од Волково;

Континуирано заедничко донирање со клубот „Лајонс“ од Скопје, во кој Есма Реџепова-Теодосиевска е прва жена-членка;

Донација-играчки на Детската клиника;

Донација за девојка од Домот „11 Октомви“ која живее сама во Ѓорче Петров, а не е вработена;

Донација за болното дете од леукемија, Томислав Стоилковиќ од Куманово, донирани се средства и крв;

Целосно финансирање на студии за сиромашното момче Дурмиш Ибраимов од Шутка;

5.000 долари за настраданите во земјотресот во Скопје;

Партнерство со италијанската хуманитарна организација КРИК, во донација на прибор за градинки и училишта;

Партнерство со КАРИТАС, донација за бедните Роми во Шутка;

Одржани повеќе од 2.000 хуманитарни концерти од кои средствата се донирани во различни потреби, а тоа, меѓу другите, се следните:

Концерт во Бомбај, средствата се донирани за 30.000 работници;

Концерт во Канада, донација за настраданите во Босна;

Концерт во Канада, средствата се донирани за настраданите во Пакистан;

200 хуманитарни концерти за Црвен крст;

50 хуманитарни концерти во Израел, чии средства се наменети за настраданите од земјотресот во Скопје;

Многубројни концерти одржани во Бугарија, средствата се донирани за изградба на Универзалната сала во Скопје;

Концерт во Словенија за децата со посебни потреби;

Хуманитарен концерт за децата од Училиштето за специјални потреби „Д-р Златан Сремац“ од Скопје;

Хуманитарен концерт за помош на настраданите во поплавите во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Членовите на здружението „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“, на чело со претседателката Зорана Костовска се едни од најактивните меѓу хуманитарните здруженија во Република Македонија. Тие се грижеа, пред сè, за организираниот живот на Есма Реџепова –Теодосиевска, која беше синоним за мајка над мајките, за хуманост, добрина, беспрекорност, алтруизам, несебичност…

Хуманитарното здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ организираше хуманитарни концерти и други културни манифестации кои имале хуманитарен карактер на Кралицата на ромската и македонската песна Есма насекаде во Република Македонија. Од многубројните активности кои ги преземала оваа асоцијација, посебно место имаат следните хуманитарни активности:

1. Под мотото „Ако имаш две, подари едно“ здружението тоа доследно го реализира особено во последните десетина години. Така, под горното мото здружението организирало многубројни хуманитарни манифестации, акции, работилници, хепенинзи и донации, давајќи материјални средства и морална поддршка на безброј поединци и институции.

2. Есма Реџепова-Теодосиевска, пејачкa со многугодишна професионална кариера, на 18 март 2006 година, формално беше именувана за почесен претставник на УНХЦР. На кратката церемонија во хотелот „Александар Палас“, во организација на Амин Авад, претставник на Високиот комесаријат за бегалци при ООН во Македонија, беа присутни тогашната министерката за надворешни работи Илинка Митрева и други претставници на македонската Влада и на дипломатскиот кор, уметници и новинари.

Есма Реџепова-Теодосиевска изјави дека е многу среќна што официјално беше именувана за почесен претставник на УНХЦР.

– „Првпат со хуманитарна работа почнав да се занимавам на девет години, кога бев член на Црвениот крст. Голем дел од мојот живот и од мојата кариера посветив за да им помогнам на луѓето со проблеми. Ова назначување ќе претставува уште поголем поттик во мојата хуманитарна работа“. 

3. Под мотото „Сакам да пеам можам да пеам – сакам да свирам можам да свирам и сакам да играм можам да играм“ се одржувале традиционални хуманитарни концерти „Аплаузи“, кои започнале од 3 декември 2005 година. Со тоа се одбележуваше „Светскиот ден на лицата со хендикеп“, во организација на хуманитарното здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“. Концертите што досега се одржани за „Светскиот ден на лицата со хендикеп“ беа организирани во партнерство со Универзалната сала, а покровител била Маја Иванова, сопругата на претседателот Ѓорге Иванов.

HumanZ

Дел од активностите на Хуманитарното здружение

На овие концерти земале учество децата од специјалните установи  и познати музички имиња од Македонија. Меѓутоа, овие концерти ги отвораше и со своја богата програма учествуваше почесниот претседател на здружението Есма Реџепова-Теодосиевска.

Пораката на оваа манифестација не беше само да се одбележи денот и да се направи некаква донација, туку да се подигне нивото кај сите добронамерници во државата  со пораката „Ние сме исто, мојот свет и твојот свет е наш свет“.

4. Исто така, Хуманитарното здружение „Есма и Стево Теодосиевски“ е дел од заедничкиот проект „На секое дете му е потребно семејство“. Затоа, поранешниот министер за труд и социјална политика Диме Спасов го посети домот на Есма Реџепова– Теодосиевска. Притоа, нагласи дека Есма Реџепова-Теодосиевска е вистински пример за згрижувач на деца во Македонија и со љубов се приклучува на овој проект на Министерството за труд и социјална политика.

По тој повод министерот Диме Спасов го посети хуманитарното здружение на Есма. Притоа, во својата изјава тој  апелираше до граѓаните да го следат примерот на Есма и да се грижат за децата. Исто така, министерот Спасов информираше дека преку проектот „На секое дете му е потребно семејство“ досега повеќе од 280 деца  се згрижени во повеќе од 180 семејства.

Министерот Спасов, честитајќи ѝ на Есма за успешната работа, потенцира дека таа е вистински пример за згрижувачко семејство. „Есма Реџепова досега има згрижено 48 деца, што е показател за нејзината хуманост и добродетелност“, истакна Спасов, заблагодарувајќи се на целиот тим на здружението на Есма за несебичното залагање во проектот на Министерството за труд и социјална политика.

5. Хуманитарното здружението „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ особен акцент ставаше на ревиите на кои се прикажува бројната гардероба на Есма. Така, на модните ревии со наслов „Есма хепенинг“, голем број дами од различни општествени сфери – претставнички од локалната самоуправа, амбасадите, министерствата, бизнис секторот, пејачки, актерки, водителки, новинарки и пријателки, се појавуваа во улога на уметничката Есма Реџепова, носејќи ги нејзините фустани. 

Есма Реџепова заедно со својата менаџерка Зорана Костовска и Хуманитарното здружение „Теодосиевски“ ги организираше овие ревии. Притоа, тие беа проследени со наративно потсетување за секоја приказна од фустаните, како оние што ги добила на подарок од Јосип и Јованка Броз, Индира Ганди, Џавахарлал Нехру, Ричард Бартон, Елизабет Тејлор и многу други познати личности во светот.

Продолжува

Katin6

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Најнови вести

To top