Култура и туризам

ВО ГОРНА ПРЕСПА КАКО ДОМА (8)

PRES1

PRES1

ПОД ПЕТРИНСКАТА ПЛАНИНА – ОД ИЛИНО ДО ИЗБИШТА

Петринска планина е дел на планината Галичица, која е висока планина во Македонија. Заради особените природни убавини и карактеристичниот растителен и животински свет на шумите и шумските предели на планината. 

Галичица, еден поголем дел од неа, на површина од 22.750 хектари, во 1958 година е прогласен за национален парк.

Националниот парк Галичица којшто се наоѓа во крајниот југозападен дел од Република Македонија, се карактеристика по положбата што ја зазема меѓу двете езера – Охридското и Преспанското, потоа, по разгранетата орографија и интересните геоморфолошки облици (длабоки долови, разни видови на карстни форми и леднички релјефни форми).

Најниска точка е нивото на Охридското Езеро 695 м.н.в. и нивото на Преспанското Езеро 850 м.н.в., а највисока врвот Магаро 2255 м.н.в. Планината Галичица има развиен релјеф со длабоки долови и стрмни падини кон двете езера. Поради релјефните карактеристики, единствениот масив на Галичица поделен е на четири засебни делови.

Делот јужно од Зли дол се именува како Стара Галичица. Тоа е највисокиот и најмаркантниот релјефен дел на националниот парк. Неговите страни стрмно се отсечени кон езерата и избраздени се со суводолици што на планината и дава изглед на непристапност. Во неговиот централен дел оформено е широко плато со надморска висина поголема од 2000 м. На него се застапени скоро сите површински карсни форми.

На север од него се наоѓа делот Галичица. Највисокиот врв Вакоски гној има централна позиција и висина од 1999 м. Во овој дел ширината на планината е најмала (9,75 км). Падините кон Охридското езеро се стрмни и слични со оние од претходниот дел, додека источните падини поблаго се спуштаат кон Преспанското езеро. Платото во централниот дел е на висина од околу 1400 м. и на него се оформени четири карстни полиња.

Остатокот од масивот меридијански е поделен на два дела и тоа Петрино кој гравитира кон Охридската и Исток кон Преспанската Котлина.

Krusje

Панорама на  Крушје

За водата на Преспанското Езеро, пак, се значајни реките кои извираат од Бигла, Пелистер и Галичица. Една од тие реки е Голема Река која извира од планинските масиви на селото Илино. Затоа и овој текст е насловен „Од Илино до Сопотско“, простор што обилува со голема количина на шуми и вода. Сите тие села во Горна Преспа се едни од најживописните  и најборбените не само во Преспа, туку и пошироко во Македонија.

Една од главните карактеристики во западниот дел на Македонија, особено за Преспа претставува водното богатство. Водата во овој регион, главно, се користи за енергетски и мелиоративни цели. Меѓутоа, основно својство на водното богатство е тоа што го зголемува економскиот потенцијал и го преобразува природниот простор на чие подрачје се чувствува влијание на средоземната и континенталната клима. Овој простор на Македонија е богат и опкружен со многубројни високи планини и планински венци, меѓу кои се вгнездени голем број питоми и плодни полиња, како и природни и вештачки езера.

Еден од бисерите на оваа убава езерска земја на Балканот е Преспанското Езеро, познато по својот жив свет, крајбрежјето, изворите, природните убавини, геолошките, геоморфолошките, хидролошките, лимнолошките и други научни вредности. Тоа придонесе Преспа да биде позната со своите културни, естетски, воспитно-образовни, здравствени, туристички, рекреативни и други стопански значења и вредности за македонската општествена заедница.

Меѓутоа, за водата на Преспанското Езеро се значајни реките кои извираат од Бигла, Пелистер и Галичица. Една од тие реки е Голема Река која извира од планинските масиви на селото Илино. Затоа и овој текст е насловен „Од Илино до Избиште“, простор што обилува со голема количина на шуми и вода. Исто така, тие села во Горна Преспа се едни од најживописните и борбените не само во Преспа, туку и пошироко во Македонија. 

Leva

Селото Лева Река

Селото Илино е сместено на разгранокот на Петринска Планина. Тоа е мало село во кое животот наполно згаснал во 1985 година, кога се иселиле неговите последни жители претежно во Охрид и некои охридски села. Од Илино води потекло Бил Серафиновски, градоначалник на една општина во Сиднеј, Австралија, познат и признат поборник за македонската кауза.

Селото Крушје, пак, е на десетина километри на патот од Ресен кон Охрид, сместено во подножјето на планината и на Голема Река. Тоа е прва населба во Преспа за намерниците кои доаѓаа од Охрид во Преспа. Крушје е старо  и живописно село во кое секогаш живееле православни Македонци, со околу триесетина домаќинства и стотина жители. Тоа се потврдува со фактот дека во него постои црквата „Св. Никола“ една безимена во Горно Крушје, како и манастирот  „Св. Спас“.

Во Илинденското востание и во Втората светска војна зеле учество бројни жители на ова револувионерно село, за што во селото се подигнати споменик за Илинденското востание изработен во мозаик, дело на доаенот на македонското сликарство – Лазар Личеноски и спомен-плоча на загинатите во во НОБ.

Од Крушје потекнува Борис Трајчевски, кој бил учесник во Шпанската граѓанска војна. Во Втората светска војна од ова село загинале: Ице Ангеловски, Ице Велјановски, Марјан Лазаревски и Бојан Лазаревски.

На патот кон Ресен, на неколку километри се напѓа селото Лева Река. Тоа е на дестина колометри на север од Ресен, во изолираната котлина  на двете страни на истоимената река. Селото Лева Река е христијанско село во кое секогаш живееле православни Македонци. Во него живеат дваесетина домаќинства со шеесетина жители.

Izbista

Дел од Избишта

До Втората светска војна селото немало ниту еден жител со завршено средно образование. По војната со вишо и со високо образование се стекнале преку петнаесет жители, од кои имало и на високи раководни места во државната администрација.Затоа со право се вели дека од мало место излегле многу паметни луѓе.

Во Лева Река има  два  археолошки локалитети и тоа; Старо Село, населба, црква и некропола од средниот век и горна Црква, осамен наод од доцноантичко време. Денес постои главната селска црква „Св. Никола“. Љоречани во текот на историјата мигрирале во повеќе европски и прекуокеански земји, и печалбарството кај дел од некои семејства станало традиција, а повеќето од нив мигрирале и живеат во странство.

На околу еден километар каде Лева Река се влива во Голема Река и продолжува кон Преспанското Езеро, распространето е селото Избишта Тоа е распослано меѓу плодните овошни градини, на двете страни на патот кон Ресен. Избишта е на околу 5 км северно од Ресен. Недалеку од селото завршува плодото Преспанско Поле и почнува клисурата на Голема Река, на патот кон Охрид.

Избишта е чисто христијанско, македонско село во кое живеат педесетина домакинства со околу 180 жители. Избиштани се познати овоштари и имаат голем број овошни насади. Во него има неколку стари локалитети од археолошко значење и една црква „Св. Архангел“, која е на излезот од селото,  сместена над главниот пат кон Јанковец.. Таа е стара црква, а е реновирана во 1992 година.

Продолжува

KatiN
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top