Култура и туризам

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (26)

0001

0001

НАСТАП НА ЕСМА И ЛОЗАНО НА „ЕВРОВИЗИЈА  2013“ ВО МАЛМЕ, ШВЕДСКА

Евровизија е годишен музички натпревар што се одржува еднаш годишно.Секоја земја–учесничка доставува песна која ќе биде изведена во живо на телевизија, а потоа доделува гласови на песните на другите земји за да се одреди најпопуларната песна во конкуренцијата. Изборот се емитува од неговото воведување во 1956 година до денес, и е еден од најдолготрајните телевизиски програми во светот. Исто така Евровизија е и еден од најгледаните неспортски настани во светот, со бројка на гледаност помеѓу 100 и 600 милиони гледачи на меѓународно ниво во последните неколку години 

Македонија за првпат учествуваше на Евровизија во 1998 година, кога претставник беше Владо Јаневски. Меѓутоа, честа да бидат претставници за 58. избор за песна на „Евровизија 2013“, што се одржа од 14 до 18 мај 2013 година во Малме, Шведска им припадна на реномираните имиња од македонската музичка сцена – Есма Реџепова–Теодосиевска и Влатко Лозаноски – Лозано.

Тие настапија  со песната „Пред да се раздени“ од Симеон Атанасов, Дарко Димитров, Лазар Цветковски и Магдалена Цветковска. Есма и Влатко Лозаноски беа избрани од Македонска радио-телевизија и ја имаа таа чест да ја претставуваат својата земја –  Република Македонија, како земја-членка на „Евровизија“.

Изборот на песна за „Евровизија 2013“ има подолга историја. Имено, првата песна на Есма и Лозано беше композицијата со наслов „Опсесија“, која премиерно беше изведена на 27 февруари 2012 година на МРТ. Таа  е во етно поп-стил,  чиј автор е синот на Есма, Симеон Атанасов, а текстот го напиша Борче Нечовски.

0002

Есма на сцена

Во студиото на Македонската радио-телевизија, Кралицата на ромската музика, Есма Реџепова и талентираниот поп-пејач Лозано, учествуваа на  премиерна вечер. Таа беше возбудлива вечер на која тие настапија со композицијата „Империја“.

Таа претставува исклучителна комбинација на поп- игра и народна музика. На тој начин се направи мешавина на Влатко Лозаноски како современ поп-пејач и Есма Реџепова како пејачка на ромската музика. Песната беше испеана на македонски јазик.

Во текот на оваа телевизиска музичка претстава, Есма ја испеа нејзината песна „Чајорије шукарије“,  позната во целиот свет со поддршка на „Биг бенд“ . Лозано, пак, ја пееше композицијата на Џони Логан изведена на „Евровизија 1987“. Исто така, овој интересен македонски дует ја исполни народната песна „Благуњо дејче пожаранче“. Претставникот од Македонија на претходната „Евровизија 2012“, познатата Калиопи беше специјален гостин на шоуто и ја испеа нејзината песна „Црно и бело“ со која настапи на Евровизија во 2012 година.

Меѓутоа, поради јавна критика, МКРТВ , радиодифузер на Република Македонија се одлучи за промена на претходно најавениот влез на „Империја“  со друга песна. Вечерта, Есма и Лозано го презентираа својот нов акт наречен „Пред да се раздени“.

Македонската радио-телевизија, своето право за менување на евровизиската песна до 18 март го искористи целосно и ја повлече песната „Империја“. Затоа, песната „Империја“, од авторите Симеон Атанасов и Дејан Момировски, според текст на Борче Нечовски, во изведба на Есма и Лозано не беше изведена во мај на Евровизијата во Малме. Република Македонија на „Евровизија 2013“ во Малме беше претставена со новата песна со наслов „Пред да се раздени“, а во изведба на Есма Реџепова и Влатко Лозаноски.

Новата песна „Пред да се раздени“, која е замена на првичната и повлечена песна „Империја“, е дело на Лазар Цветкоски и Дарко Димитров, аранжманот го направи Дарко Димитров, а авторка на текстот е пејачката Магдалена Цветкоска-Ена. За делот на Есма комплетен автор е Симеон Атанасов.

0003

Есма и Лозано во Малме

Македонската радио-телевизија поради остри критики од македонската јавност, првпат направи целосна промена на евровизиската песна. Од националниот сервис тврдеа дека песната, првенствено, треба да биде избор на широката јавност и поради тоа се одлучија на таков драстичен чекор, комплетна промена и целосно нова песна.

Во врска со овој настан имаше различни коментари од различни личности, медиуми… Меѓутоа, во оваа прилика ќе ја цитираме изјавата на Љупчо Мирковски, шеф на делегацијата за Малме од Македонската телевизија.

„Направен е спој што до максимум ги извлекува вокалните можности на Есма и Лозано. Оваа песна е модерна, со примеси на ромска музика по која Есма насекаде во светот е препознатлива како уметник. На овој начин се спојуваат два различни стила во еден производ достоен за наше претставување на Евросонг.

Името на Есма, нејзиниот квалитет во изведувањето на ромската музика познат во светски рамки, со одличниот вокал на извонредниот Лозаноски, ќе биде одличен начин за наше претставување во Малме“.         

Што се однесува до промената на песната, според Есма, такви работи се случувале и порано на „Евровизија“. „Најважно е што нашите гласови не се сменети и што ние сме во состојба добро да си ја завршиме доверената задача“,  рече Есма Реџепова.

Инаку, Есма Реџепова–Теодосиевска се обидела на „Евровизија“ да ја претставува поранешна Југославија во различни времиња, и беше финалист во македонската селекција за 2004 година, со Тоше Проевски и во 2006 година, заедно со Адријан Гаџа кој ја претставуваше Македонија во 2008 година. Влатко Лозаноски–Лозано, пак, се обиде да ја претставува Македонија два пати, во 2009 и 2010 година, завршувајќи на четвртото место и во двата случаја.

Педесет и осмиот евровизиски избор се одржа на 14, 16 и 18 мај во Арена Малме, која има капацитет за 15.000 гледачи за концерти и 13.000 за спортски натпревари.

На изборот што се организираше во третиот по големина град во Шведска  учествуваа претставници на 39 земји од Европа. Лозаноски и Реџепова настапија на втората полуфинална вечер.

Во врска со пеењето на македонски јазик, Лозано појасни дека според одлука на македонскиот евровизиски тим тој пееше на македонски, а не на англиски јазик. Притоа го изјави и следното: „Мислам дека претставниците на секоја земја на најголемиот европски музички фестивал треба да пеат на својот мајчин јазик. Европа е вистинско шаренило од народи, кои зборуваат на различни јазици и токму тоа богатство треба да му го покажеме на светот“.

          За „Евровизија 2013“ е значајно тоа што за првпат се пееше на ромски јазик. По тој повод ромската Кралица Есма Реџепова-Теодосиевска изјави: „Јас мојот дел од песната го отпеав на ромски јазик и тоа е историски момент за „Евровизија“, бидејќи тоа се случи првпат“.

         Во врска со „Евровизијата 2013“ Симеон Атанасов во интервјуто за  „Дневник“ го изјави следното. „Нашата земја веќе е победник на евровизискиот избор затоа што покажа колку ги почитува своите малцинства дозволувајќи ѝ на Есма да пее на ромски јазик“ – вели коавторот на евровизиската песна „Пред да се раздени“.

0004

Есма и Лозано на сцена

„Не сакам да прогнозирам, но ќе ја повторам изјавата на Есма за странски медиуми која гласи: Македонија однапред е победник на оваа Евровизија затоа што  покажа на Европа колку ги почитува малцинствата што живеат овде дозволувајќи ѝ да пее на ромски јазик, што првпат се случува во историјата на Евровизија. Македонската песна однапред ќе биде песна на Евровизија затоа што за своја ќе ја чувствуваат 16 милиони Роми кои живеат во Европа. Има ли поголема победа за Македонија од ова“, рече Симеон Атанасов, синот на Есма Реџепова-Теодосиевска.

Крај

slave 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top