Култура и туризам

ВО ДОЛНА ПРЕСПА КАКО ДОМА (2)

crk1

crk1

СЛИВНИЦА И СЛИВНИЧКИОТ МАНАСТИР „СВЕТА МАЛА БОГОРОДИЦА“ 

Селото Сливница е едно од постарите и попознатите села во Преспа, со долга и вековна историска традиција на постоење. Во доцниот среден век на крајот на XVI и почетокот на XVII век во 1607 година над селото бил изграден познатиот Сливничкиот манастир посветен на пресвета Богородица

Кога ќе се пристигне во Долна Преспа, прво село е Сливница. Тоа е лоцирано на падините на ридот кој се извишува над источниот брег на Преспанското Езеро, на територијата на Општина Ресен. Сливница е ридско село, кое се наоѓа на надморска височина над 900 метри, чиј атар високо се издига од езерото и се граничи со сртот на планината Баба, зафаќајќи простор од околу 10 километри квадратни.

Во Сливница живее исклучително македонско население. Населбата е малечка, но заедно со викенд населбата на атарот на Сливница и Претор е една од најголемите и најзначајните туристички населби на Преспанското Езеро. За жал, многу од нејзините жители се иселиле во Австралија, Америка, Канада, по европските земји, како и низ градовите на Македонија, така што бројноста на населението постепено се намалува. Но, иселениците одвреме-навреме, особено во летниот период, си го посетуваат селото, кое е привлечно за живеење и одмор

Селото Сливница, како и други македонски села, името му го должи на овошјето. Така, етимологијата на името Сливница потекнува од зборот – слива. Старите жители на селото раскажуваат дека на ова место некогаш имало многу сливи од разни сорти од кои селаните вареле многу вкусна ракија – сливовица. Исто така, Сливница е прочуено и по добриот асортиман на грозје, но сливите порано доминирале и така, поради многуте насади од сливи, луѓето населбата ја нарекле Сливница.

Во Сливница постојат приватни продавници за стока за широка потрошувачка, бензиската пумпа „Свети Атанас“, што е лоцирана на патот Макази-Маркова Нога и е единствен објект од таков вид во Долна Преспа, како и плажата што е дадена под концесија на повратничката од Германија по потекло од Љубојно, Сотирка Стеријовска-Цоца.

crk2

Денес, Сливница се прероди благодарение на Сотирка Стеријовска-Цоца. Таа од љубов и копнеж по родниот крај, одлучи цела печалба што ја заработила 30 години во Германија да ја вложи во изградба на туристички комплекс во Сливница.

Исто така, во последните неколку години сопствениците на комплексот „Конект“вложиле многу средства за изградба на ресторанот, други објекти и уредување на плажата. Овие објекти работат од март до октоври. Во Сливница претежно уживаат туристи од Ресен, Битола и од Прилеп, но убавините с`е почесто привлекуваат и странци.

Сливница е повеќевековно христијанско село и е надалеку прочуено по сливничкиот манастир „Света Мала Богородица“, кој се наоѓа на неколку километри источно од селото во планината, изграден во почетокот на XVII век. Патрониот ден на манастирот е на 21 септември кога се збираат верници од сите преспански села, Битолско и пошироко од многу места во Македонија.

Славата и честа што и се оддаваат на пресвета Богородица во Македонија ја паметат многу генерации наназад. Нејзиниот лик е достоинствено и интензивно обработуван во бројните живописи и икони во македонските цркви и манастири. Нејзиниот ореол не ги одминал и книжевните и народните творби. Токму затоа, целокупното богатство собрано во Македонија, опфатено со нејзината личност, дело и бројни добродетели, нужно бара широки истражувања.

Нејзиниот култ е присутен во Македонија, но тој бара и многу опсежни студии во областите на црковно канонското наследство, книжевно, историско – уметничко, археолошко, социјално, историско, теолошко, фолклорно, итн. Бројните уметнички дела во црквите и манастирите, ракописите во старите и новите книгохранилишта, иако празнети низ вековите заради скапоценостите што ги содржеле, бараат нови заокружени видувања и анализи.

Слично како во целиот христијански свет, култот на Светата Марија особено се негува во Преспанскиот регион. Култот е претставен во македонската средновековната литература, во традициите и фолклорот. Историајта на уметноста има важна улога во културните достигнувања, а некои од македонските икони и фрески се вклучени во светското наследство.

crk3

Плажа во Сливница

Бидејќи манастирот „Света Мала Богородица“ изобилува со богати фрески, икони, резби, архитектура, интересни случувања и друго, во последните години тој е предизвик за бројни научници, патеписци и други заинтересирани кои посветуваат големо внимание на науката, литературата и воопшто на црковното и културното живеење на Долна Преспа и пошироко на Македонија.

Така, и книгата ,,Ореолот на Дева Марија и Св. Богородица Слимничка во Преспа” на професор д-р. Вела Стојчевска-Антиќ и Славе Николовски-Катин е содржински богата во однос на култот на Дева Марија проследен со тектови од многу книги посветени на нејзиниот живот. Оваа значајна и по многу нешта единствена книга е, исто така, посветена на Пресветата Дева Марија и на Слимничкиот манастир изграден во 1607 година, кој во 2007 година го одбележа јубилејот 400 години од своето постоење.

Бидејќи Сливничкито манастир се наоѓа во Преспа, авторите Вера Антиќ и Славе Катин даваат живописен опис на овој регион, нагласувајќи го неговото значење за црковните активности на Македонија во минатото, како и денес.

Читателите ќе се запознаат со Преспа како главен град на македонјското царство на Цар Самуил; потоа со Преспа како место на кое се формирала првата Македонска архиепископија; со Преспа како регион во кој многу Илинденци биле организирани, а чиј дух бил присутен и во текот на НОБ.

Посебен дел во книгата е посветен на селото Сливница и на величенствениот манастир Пресвета Богородица Слимничка. Живописниот опис на ова село, со своите пет цркви и манастари, едноставно го одзема здивот. Како Слимничкиот манастир да оживува и ги поканува ненајавените и добронамерните гости да го посетат. Делот што изобилува со легенди и митови само го потврдува значењето и важноста на култот на Пресветата Дева Марија во Македонија бидејќи таа е сакана и величена – и поради тоа е видена, а нејзините дела почувствувани.

crk4  crk5  

Ореолот на Дева Марија и Света Богородица Сливничка во Преспа, В. Стојчевска-Антиќ, С. Нико-ловски-Катин,„Македонска искра“, Скопје, 2007,.1-164, Библиски речник – П. Златевски, С. Николовски–Катин, Библиско здружение на Македонија и „Македонска искра“, Скопје, 1997, 1-215.

Инаку, во дворот на манастирот постои чешма за која се верува дека е света и лековита вода. Се смета дека водата која извира од под манастирската црква лечи од болести и помага за пород.

Исто така, покрај манастирот „Света Мала Богородицаво“ Сливница постојат и уште пет македонски православни цркви и тоа: селската црква „Свети. Димитрија“, потоа „Свети Атанас“, која е лоцирана на патот и целосно е реновирана и доби нов изглед како новите македонски православни цркви изградени од камен, црквите „Свети Петар и Павле“, „Света Петка“ и “Свети Никола“, што го прават ова долнопреспанско село значаен духовен центар

Продолжува

d5

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Најнови вести

To top