Култура и туризам

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (31)

eci1

eci1

ЕСМА – ДОБИТНИК НА НАЈВИСОКОТО ДРЖАВНО ПРИЗНАНИЕ „ОДРЕН ЗА ЗАСЛУГИ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Во пресрет на Меѓународниот ден на Ромите – 8. Април, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов ја одликува ромската Кралица Есма Реџепова-Теодосиевска со „Орден за заслуги за Македонија“. Реномираниот естраден уметник со богата повеќедецениска светска кариера, Есма Реџепова-Теодосиевска, орденот го доби за музичката афирмација на земјава во светот, како и за нејзината хуманитарна дејност 

Во своето излагање претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, меѓу другото истакна: „Со својата автентичност, оригиналоност и перфектна вокална изведба, Есма ја афирмираше македонската и ромската музика во светот, израснувајќи во маркантно интернационално музичко име. Орденот за заслуги Есма Реџепова-Теодосиевска го добива за афирмирањето на Република Македонија, за нејзината музичка големина и за нејзината хуманитарна дејност.

– Денешната свеченост се одвива на само два дена пред 8. Април – Меѓународниот ден на Ромите. Ромската заедница е нераскинлив дел од македонското општество и не случајно токму во нашата земја постои општина каде што ромскиот јазик е во службена употреба. Есма е една од водечките личности во ангажманите за подобрување на социјалната и економската состојба на Ромите.

Споредувајќи ја со Мајка Тереза, Иванов посочи дека Есма е апсолутен пример дека не постојат бариери кога е во прашање талентот, волјата и истрајноста.

Ромската Кралица, како што популарно ја нарекуваат пејачката Есма Реџепова-Теодосиевска, изјави дека орденот е заслуга на граѓаните и оти тој им припаѓа и ним, бидејќи без нив таа немаше да го постигне овој успех.

eci2

Есма се заблагодарува за признанието

– Ова е признание за сите граѓани, за сите националности кои живеат во Република Македонија, рече Есма заблагодарувајќи им се, исто така, и на медиумите, кои секогаш ја поддржуваа.

„Би сакала сите да ја гледаат Република Македонија преку моите очи, бидејќи моите очи се космополитски. Нека живее оваа мала, но убава Македонија“, изјави на свеченоста естрадната дива Есма Реџепова- Теодосиевска, откако претседателот на државата Ѓорге Иванов ја одликуваше со „Орден за заслуги за Македонија“.

Во образложението за номинацијата на Есма за „Орден за заслуги за Македонија“, меѓу другото, се вели:

„Есма. Есма Реџепова-Теодосиевска е родена скопјанка, во семејство каде музиката била дел од семејната традиција. На единаесетгодишна возраст учествувала во популарната емисија на Радио Скопје „Микрофонот е Ваш” и ја освоила првата награда. На тој настап ја забележал нејзиниот иден маж Стево Теодосиевски, кој во тоа време работел како корепетитор на програмата на Радио Скопје.

По завршувањето на основното образование во Скопје, Есма започнала да работи со оркестарот „Теодосиевски”. Од 1960 до 1989 година Есма и Стево живееле во Белград, а поради големиот број настапи во голем број држави на сите континенти ги нарекувале „граѓани на светот”. Имаат одржано повеќе од 2.000 хуманитарни концерти, а, исто така, имаат спроведено и повеќе хуманитарни активности и донации. Имаат снимено повеќе од 100 сингл-плочи, 20 лонгплеј плочи, 32 аудиокасети, 15 компакт дискови, шест видеокасети… 

Покрај тоа што се занимава со музика, Есма е активна и на полето на хуманоста. Во домот на Теодосиевски се израснати и воспитани 47 деца, создавајќи едно големо музичко семејство.

Во 1976 година на Првиот фестивал на ромска музика и песна што се одржал во Чандигар, Индија, Есма и официјално е прогласена за Кралица на ромската песна. Во 1992 година на големата западноевропска турнеја е прогласена за Примадона на европското пеење, со што е единствениот фолк-пејач носител на оваа награда. 

eci3

Есма со претседателот Иванов 

Есма Реџепова-Теодосиевска, истакнат естраден уметник и хуманист, е родена на 8 август 1943 година, во Скопје. Потекнува од ромско семејство. Во нејзиното семејство песната, музиката и фолклорот се секојдневно присутни и се дел од семејната традиција.

На единаесетгодишна возраст учествувала во популарната емисија на Радио Скопје „Микрофонот е Ваш“ и ја освоила првата награда. На тој настап ја забележал Стево Теодосиевски, кој во тоа време работел како корепетитор на програмата на Радио Скопје. По завршувањето на основното образование во Скопје, Есма започнала да работи со оркестарот на Стево Теодосиевски и почнала да бележи успеси. Првиот настап во странство бил во театарот „Олимпија“ во Париз.

Во периодот од 1960 до 1989 година Есма и Стево Теодосиевски имале свое престојувалиште во Белград каде што Есма го завршила вишото естрадно училиште, а поради големиот број настапи во повеќе држави на сите континенти, со право се нарекувале „граѓани на светот“. Покрај тоа што се занимавале со музика, биле активни и на полето на хуманоста.

Низ нивниот дом поминале 47 деца кои биле израснати и воспитани во традиционален дух достојно да ги наследат своите родители. Покрај создавањето на вака бројно музичко семејство, Есма Реџепова-Теодосиевска и Ансамблот „Теодосиевски” имаат одржано повеќе од 2.000 хуманитарни концерти, а, исто така, имаатспроведено и повеќе хуманитарни активности и донации, од кои би се издвоила донацијата направена за градот Скопје „Домот на хуманоста и Музејот на музиката на Есма и Стево Теодосиевски“.

eci4   eci5

Есма Реџепова-Теодосиевска заедно со Ансамблот „Теодосиевски” има издадено 108 сингл плочи, 20 лонгплеј плочи, 32 аудиокасети, 15 компакт дискови, шест видео касети и има снимено 12 емисии од по 30 минути за МРТВ. Има настапувано во шест филмови и тоа: „Скопје ‘63“, „Крст ракост“, „Туѓиот татко“, документарен филм од прогласувањето за Кралица на ромската песна во Индија, „Запеј Македонијо“ и филмот „ЕСМА“ во продуцкија на ЗДФ од Германија.

За долгогодишната работа на музиката и песната и исполнувањето на критериумите на СОКОЈ е прогласена за истакнат естраден уметник и е единствената која во оваа категорија наградата ја добива според заслугите, а не според работниот стаж.

Во 1976 година, на „Првиот фестивал на ромска музика и песна“ што се одржал во Чандигар, Индија и официјално е прогласена за Кралица на ромската песна. Во 1992 година, на големата западноевропска турнеја е прогласена за „Примадона на европското пеење“ и е единствен фолк-пејач носител на оваа награда. Покрај овие награди Есма е добитник и носител и на повеќе други награди“.

Продолжува

slave

Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Култура и туризам

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

To top