Култура и туризам

ВО ДОЛНА ПРЕСПА КАКО ДОМА (6)

dkd1

dkd1

БРАЈЧИНО – МЕСТО ЗА СЕЛСКИ ТУРИЗАМ 

Брачино е сместено на крајниот југоисточен дел на Општината Ресен, од која е оддалечено 32 километра, и е распространето од двете страни на Стара Река или, како што ја викаат, Брајчинска Река. Атарот на селото е доста голем и зафаќа простор од околу 60 километри квадратни, во кој повеќе преовладуваат шуми и пасишта, а помал дел отпаѓа на обработливо земјиште

Селото Брајчино е едно од најпрекрасните локации во преспанскиот регион. Се наоѓа под југозападниот срт на Баба Планина, каде што се допира со атарот на селото Бистрица, Битолско, како и со државната граница на јужниот сосед. Ова прекрасно село се наоѓа на надморска височина од 1000 метри.

Во Брајчино имаше основно училиште во кое се изведуваше настава до четврто одделе- ние (изградено во 1921 година), а денес останаа само споменикот на НОБ, продавницата на сретсело и угостителските објекти, хотел-ресторан „Балтан“, сопственост на Николина (Коља) Ангеловска и ресторанот „Шумска куќа“ на Методија и Милка Попјаневи. Брајчино пред педесетина години броело преку илјада жители, но во последните децении многу од жителите се иселиле во: Канада, Австралија, Америка и Шведска, како и во градовите низ Македонија, затоа бројотна жителите е доста намален. Денес во Брајчино живеат околу стотина жители и сите се Македонци. Како што во Македонија се развива селскиот туризам, така Брајчино е на пат да стане привлечно туристичко место.

dkdlk2

Брајчино

За Брајчино нема точни сознанија или документи како го добило своето име, но според мислењето и кажувањето на некои постари жители од селото и од други места, се вели дека постојат неколку верзии на преданија кои имаат различни толкувања. Така, во едно од нив се вели дека некогаш пред многу години од селото Браилово, Прилепско, дошле да живеат двајца браќа со нивните стада и крупен добиток.

Тука условите за живеење биле подобри, а за овците имало доволно пасишта, вода и сè друго што било потребно за стадото, а, од друга страна, местото било позасолнето од арамии кои им краделе овци, јагниња сирење и др. И по тие двајца браќа од Браилово, населбата ја нарекле „Брајчино“.

Брајчино е познато по средновековната тврдина „Кула“, како и по петте цркви и едениот манастир. Свети Никола е селската црква, која е изградена во 1871 година и до која се наоѓаат селските гробишта, потоа црквите Света Богородица, Свети Илија, Свети Архангел (обновена 1916 година), и Свети Атанас (обновена 1984 година). Манастирот Света Петка е едно од поважните духовни светилишта во Преспа.

Тој се наоѓа во непосредна близина на селото, на едно ливадско плато, а е изграден во XVI век, а во 1902 година му биле запалени конаците, но во 1985 година повторно се обновени со приватни донации и се прилагодени за туристички цели.. Селска слава за брајчинци е Света Петка и се слави на 8 август.

Ова преспанско село е познато и по „Брајчинските иселенички средби“. Така, на а седми и осми август секоја  година, на денот на прославата на празникот посветен на Света Петка, се одржаа „Брајчинските иселенички средби“. Ова значајна манифестација на која присуствуваат голем број иселеници и гости се одржува во континуитет на празникот Света Патка.

„Брајчинските иселенички средби“. се најзначајна манифестација за иселеничкото село Брајчино. Таа започнала да се слави многу оддамна како селска слава посветена на празникот Света Петка. Меѓутоа, од 1995 година прославата прераснала во манифестација под името „Брајчинските иселенички средби“.

mfhdf3

Манастирот „Света Петка“ во Брајчино

Од Брајчино потекнуваат 107 дипломирани интелектуалци, од кои 39 се инжинери, 27 економисти, 17, со философски факултет, 10 правници, 11 лекари, 2 фармацевти и 3 режисери, меѓу кои се: Мето Јовановски-писател, Љупчо (Луи) Темелковски – канадски политичар. Ристо Мачковски, познат градежен инжинер од Лас Вегас, Танас Јовановски – главен и одговорен уредник на весникот „Македонија“ во Торонто, Љупчо К. Вржовски, доктор по правни науки, во Бафало, САД, потоа иселениците, Борис Метеловски, Јон- че Поповски, Владе Мачковски, Крсте Гаговски и други.

Меѓу брајчинци во Македонија, треба да се споменат: спортистот Мето Ѓорѓиевски (Плавиот) – син на полковникот Петре Ѓорѓиевски, учителот Ефтим Томевски, екс министерот Михајло Толевски, д-р. Методија Томовски, Здравко Петковски, Митре Петковски, Александар Диневски, Менде Диневски, Спасе Толевски, Светлана и Борјан Јовановски, Илијанчо Гаговски, Владе Јовановски, Драги Ангеловски, Ирина и Елизабета В. Томевска, доктор по педагошки науки, м-р Бојана Поповска, Дијана Т. Јовановска, м-р Стив П. Петревски, Драган Томевски, м-р Биљана Петковска, Патриција и Анита М. Томевскси, Ирина и Драган Томевски, како и почесните граѓани на Брајчино, Васил Грежловски, Периклија Дурловски и пејачот Мишко Крстевски, кој му посвети песна за Брајчино.

Следните автори родени во Брајчино имаат посебно место во литературата и културата:

Мето Јовановски е македонски раскажувач и романсиер. Меѓу другото, бил претседател на Македонскиот ПЕН центар и прв претседател на Хелсиншскиот комитет за човекови права. Тој е автор на следните дела: „Љуман Арамијата“ (1954), „Јадреш“ (1956), „Хајка на пеперутки“ (1957); „Слана во цутот на бадемите“ (1965); „Мени на мојата месечина“ (1959; „Земја и тегоба“ (1968); „Сведоци“ (1970); „Првите човекови умирања“ (1971); „Будалетинки“ (1973); „Патот до осамата“ (1978); „Орловата долина“ (1979); „Војвода над војводите“ (1980); „Крлежи“ (1984); „Крстопат кон спокојот“ (1987); „Балканска книга на умрените или ослободување преку зборување“ (1992); „Љубовта на Грифонот“ (2005). Автор е и на патеписот „Клучевите на Менхетен“ (1983), а има напишано и радио и тв-драми. Составувач е на антологијата „Една друга Америка“ (1978) и на лексиконите „Кој е кој, што е што“ (1963) и „Мал литературен лексикон“ (1971). Негови дела, особено расказите, се објавувани на повеќе светски јазици, а тој преведувал од англиски и руски јазик.

djdl4

Вера Вржовска-Петревска живее во Торонто. Таа е основач и прв претседател на литературното друштво „Браќа Миладиновци“ во црквата Свети Климент Охридски. Пишува носталгична и патриотска поезија на македонски и на англиски јазик и е автор на стихозбирката „Далечни корени“ 1996 и книката „My Broken Heart“ („Моето скршено срце“), 3018.  Во Тонто е отпечатен и „Првиот брајчонски календар“, (1986).

Методија Томевски, специјалист педијатар, примариус, актуелен потпретседател на Здружението на педијатри на Македонија, автор и коавтор на повеќе од 40 стручни и научни трудови. Десетина години стручен уредник на списанието „Здравје“, уредник на „Педијатрискиот информатор“ и член на Здружението на новинари на Македонија.

Илијанчо Б. Гаговски чиј корени му се од Брајчино, е еден од успешните бизнисмени во Македонија. Тој е директор на светската компанија „Микрософт“ за Македонија, Албанија и Косово, и интелектуалец кој се подготвува да стане доктор на науки.

Продолжува

slavk 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Свети преподобен Прохор Пчињски – пустиножител и чудотворец

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети преподобен Прохор Пчињски. Во православната традиција тој се почитува како голем подвижник, молитвеник и чудотворец, кој својот живот го посветил на Бога, на постот и на молитвата. Свети Прохор живеел во XI век. Според […]

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

To top