Култура и туризам

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД НАШИОТ НАЈСВЕТOЛ ДЕН – ДВОЈНИОТ ИЛИНДЕН

909

909Macedonian Literary Association

“Grigor Prlichev” of Australia Inc.

Македонско Литературно Друштво „Григор Прличев“

P.O. Box 227 Rockdale NSW 2216 Australia

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД НАШИОТ НАЈСВЕТOЛ ДЕН – ДВОЈНИОТ ИЛИНДЕН

ОД ЧЛЕНОВИТЕ НА ЛИТЕРАТУРНОТО ДРУШТВО “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ” ОД СИДНЕЈ, АВСТРАЛИЈА

ДО ЧЕСТОЉУБИВИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД, КАДЕ И ДА Е ПО СВЕТОТ

Драги браќа и сестри, Македонци,

Ние, членовите на македонското литературно друштво “Григор Прличев” од Сиднеј, Австралија, ви испаќаме најсрдечни честитки по повод нашиот најсветол празник – двојниот Илинден.

Иако судбината не доведе овде, на десетици илјади километри далеку од родниот крај, ние никогаш не ја заборавивме нашата прва татковина Македонија, а тоа чувство што длабоко го носиме во душата, настојуваме преку пишаниот збор, преку дополнителната настава на мајчин македонски јазик и бројни фолклорни, црковни, театарски, културни и други активности  не само да го негуваме нашето македонско духовно и културно наслетсво, туку и да го презентираме и афирмираме во мултикултурното австралиско општество.

Во ерата на интернетот редовно и многу внимателно ги следиме случувањата во “стариот крај”, што би рекле по наше и во оваа прилика сакаме да го искажеме нашето длабоко разочарување и загриженост од се она што се случува во татковината, а што ни го приреди актуелната власт во соработка и со отворена подршка од странство.

Драги сонародници, ние не се мириме со промената на уставното име на нашата татковина; со игнорирањето на заклучоците на АСНОМ и никогаш нема да ја прифатиме таа наметната состојба, ниту било кое решение што го подметнуваат странски служби преку разни “платформи”, директиви, или наводни совети и притисоци!

Не прифаќаме ни двојазичност во цела Македонија што насила ни е наметната преку платформи, притисоци, поткупи и уцени. Ако сегашната власт во татковината не знае како да се соочи со проблемот за користење на јазикот на малцинствата, нека се поучи со искуствата од Австралија каде секој доселеник си го користи мајчиниот јазик во локалната средина каде живее, во етнички училишта, цркви или џамии. Но на ниво на целата земја единствен службен јазик е англискиот. Така се гради и се негува автралискиот идентитет и патриотизам. Така треба да биде и во татковината. Но за жал, не е ни во Егеј, Пирин и Мала Прескпа заради деценискиот шовинизам и асимилаторство на тамошните нацистички режими.

Драги Македонци и Македонки, згрозени сме од предавството на македонскиот идентитет, култура и историско минато со потпишувањето на капитулантските договори за пријателство со Бугарија и  Грција каде потполно неразумно и неодговорно некои потпишаа предавство на речиси се што претставува наша, македонска вредност, наше славно минато и нашите историски ликови со коишто се гордееме (Александар Македонски, Филип, Самоил, Кирил и Методиј) и со најискрена почит ги славиме и ние овде, на петтиот континент.

Деновиве, кога ние, далеку од татковината, со восхит го прославуваме двојниот Илинден, длабоко сме загрижени заради очигледната намера на Владата на Република Македонија и претседателот на државата да се откажат од нашиот и само нашиот Гоце (Делчев) кој целиот живот го посвети и го жртвува за вечниот идеал на сите нас: слободна и независна Македонија! Сега некакви комисии од македонски квази-историчари и политичари се спремни и да го жртвуваат, т.е да го продадат за скапи хонорари, Гоце заради лукративни интереси но ве уверуваме дека тоа нема да помине меѓу нас овде, во Австралија.

Некои квази-историчари од источниот сосед дури со невидена дрскост тврдат дека тие, бугарите, не биле окупатори на Македонија во Втората светска војна, туку ослободители!? И наместо нашата историска наука и политика гласно да им возвратат и да се спротивстават, наместо од Бугарија да побара воени репарации и оштети за сите злосторства и материјални штети што ги направија како окупатори во Македонија во Втората светска војна, од македонска страна се случува длабок и застрашувачки молк. А Бугарите уште инсистираат заедно да сме го славеле Илинден со нив! Илинден е само наш, на Македонците!

Почитувани, жалиме што нашиот најсветол празник поединци го оскрнавуваат во татковината, но нема да дозволиме тоа да ни се случува и нам, во раселена Македонија.

Апелираме до сите Македонци, каде и да се по светот: во САД, Канада, Европа, како и во поробените делови на Македонија: Мала Преспа, Егеј, Пирин, а се разбира и кај нас во Австралија што е можно посвечено и помасовно да го одбележиме двојниот Илинден пред се со оддавање на длабока почит кон сите оние што ги дадоа своите животи за идејата водилка на нашето постоење, за слободна и независна Македонија.

МАКЕДОНСКО ИМЕ – НЕМА ДА ЗАГИНЕ!

БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА!

За Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија

Душан Ристевски, Претседател      

Најново од: Култура и туризам

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

To top