Култура и туризам

Триумфални порти (арки) во Битола

Триумфални порти (арки) во БитолТриумфални порти (арки) во Битола

Текст – извадок од книгата – „Битола Калеидоскоп“, автор: Александар Стерјовски, издавач: Конзулат на Република Србија во Република Македонија, Битола 2017 г

Стари фотографии со легенди – извадок од книгата: „Битола низ стари разгледници“ Автор: Димче Најдов, Битола 2014 г

Подигање триумфална порта во чест на ценета, цивилна или државничка личност, во Битола за првпат е регистрирана на 20 јуни 1911 год. и му била посветена на последниот султан што ја посетил Битола, Решад Петти.

Всушност, не била една, биле четири. Првата била поставена при влезот во градот од страната на Железничката станица (Технички факултет), од каде доаѓал султанот со возот од Солун, останатите од левата страна на реката Драгор. Најгорната се наоѓала пред резиденцијата на султанот (денес Ректорат), потоа пред Стариот сарај (денес Општина и Суд) и третата нешто подолу. Сите биле богато украсени со зеленило, цвеќиња, знамиња и со пораки од Куранот.

Триумфалната капија на Султанот Мехмед Решат V, подигната во негова чест до општинската зграда, која беше негова разиденција за време на престојот. Капијата остана сé до 1913 година а можеби и подоцна.Втората капија во чест на султанот Решад пред зградата на “хуќуматот” во 1911 година. Постоеше и трета капија на влезот во Битола од Ресен и една (четврта) пред железничката станица при пречекот на султанот.

Најексплоатираното место за нив уште од почетокот станал влезот во градот од страната на Железничката станица. Покрај султанот, тука една ги пречекала и гостите при промоцијата на железничката пруга Велес-Битола на 19 јануари 1936 год., потоа француските воени ветерани во месец септември 1936 год., пред да го посетат Кајмакчалан. Била украсена со зеленило, цвеќиња, со француско и југословенско знаме и со вобичаениот натпис, на француски и српски јазик „Добро ни дојдовте”.

Следни имало и на 6 ноември истата година при пречекот на српскиот патријарх Варнава, па една била за јунаците од Софија и Скопје, во 1942 год. итн.
Арки, според потребите, се поставувале и на други места.

Српската воена музика поминува под Триумфалната Капија на Решад V за време на Божиќните празници 1913 година

Во 1926 год. една имало на патот од црквата „Св. Недела” до Нижото земјоделско училиште и му била посветена на кралот Александар Караѓорѓевиќ, кој на 8 октоври истата година го посетил училиштето. Ја имале изработено браќата Стојановиќ, кои добиле хонорар од 5.000 динари од општинскиот буџет.

Во месец ноември 1936 год. арка била поставена и на западниот влез од градот (Девеани) во чест на претседателот на кралската влада д-р Милан Стојадиновиќ, кој доаѓал по посетата на Ресен. И таа била украсена со зеленило, цвеќиња, знамиња и со обврзниот натпис „Добро ни додовте“.

Покрај на влезните пунктови, арки се поставувале и во самиот град, при што најомилено место бил просторот пред хотелот „Босна” (денес Малиот плоштад). Тука се нашла втората арка при промоцијата на возот Велес – Битола”, како и при пречекот на јунаците во 1942 год.

При пречекот на патријархот Варнава во 1936 год., во дворот на Богословијата била поставена, исто така, една со натпис „Добро ни дојде, свети патријарше”, со букви позајмени од „Миросавлевото евангелие”.

Обичајов забележен бил и низ битолските села. Арката, поставена на 20 август 1933 год. пред влезот на село Буково, била во врска со осветувањето на новата црквичка посветена на жртвите од претходните војни за пречек на гостите од градот и од селата. И таа имала богатство од зеленило и знамиња, но и доминантна фотографија на кралот Александар Караѓорѓевиќ. Но таа не била првата „селска арка”, зашто при проаѓањето на престолонаследникот Александар Караѓорѓевиќ низ селово, на пат за манастирот во Крстоар, на 7 ноември 1913 год., при прославата на годишнината од ослободувањето на Битола, буковци имале поставено една.

Ова е, се разбира, редуциран регистар, зашто бројот им е многу поголем.

https://bitola.info/mk/triumfalni-porti-vo-bitola/

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top