Култура и туризам

46-ТИ „ЉУБАНСКИ ИЛИНДЕНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИСРЕДБИ“

IZVESTAJ

IZVESTAJ

46-ТИ „ЉУБАНСКИ ИЛИНДЕНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИСРЕДБИ“

Четириесет и шесте „Љубански илинденски иселенички средби“  се одржаа во центарот на Љубојнои, познат како  „Полена“ на први и втори август 2019 година. Тие започнаа со народна веселба, за потоа да ги прогласи за отворени градоначалникот на Општината Ресен, д-р Живко Гошаровски, кој беше во придружба на  министерот за дијаспора, Едмонд Адеми, пратеничката во Собранието на РМ, д-р Бети Рабаџиевска-Наумовска, Архиерејот на Европската епархија, митрополитот Пимен  и советници на Општина Ресен

 Веселбата на отворањето начетириесет и шесте „Љубански илинденски иселенички средби“ ја збогатија младите и полетни играорци на Друштвото „Гоце Делчев“ од Битола, кои се претставија со грст македонски народни ора и песни пропратени со македонски тапани, за што беа наградени со аплаузи.

Во изминатите 46 години на успешно организирање продефилираа голем број културно-уметнички друштва, музички ѕвезди, литературни дејци и други културолози.  Така и оваа година на први и втори август 2019 се славеше Илинден, најголемиот ден на слободарскиот дух од сите денови и празници на македонскиот народ и Македонија. Со тоа се потврди фактот дека „Љубанските илинденски иселеничките средби“ се значајна културна манифестација не само за Љубојно и Преспа, туку и за Република Македонија.

Во организација на Одборот за прослава на средбите, на чело со претседателот Васил Томулевски и Месната заедница, оваа година на Илинден во Љубојно се собра голем број иселеници од прекуокеанските земји, од европските земји (Европската Унија), Преспанци што живеат низ Македонија, голем број Македонци од егејскиот дел на Македонија што живеат ширум светот, гости и иселеници од другите села, туристи од Претор, Сливница и Крани, како и голем број повратници од Преспа, Битолско, Охридско, Леринско и од Мала Преспа

izvestaj 2Изведувачите на детската театарска претстава „Ем љубов – ем панаѓур“

Илинден е величествен ден на сенародниот македонски копнеж за борба и слобода на Македонија. Затоа тој голем ден за сите Македонци од етничка Македонија го прави Љубојно да е најубаво, највесело и најпривлечно. На Илинден во Љубојно се игра и се пее, се јаде и се пие, се чувствува топло гостопримство и срдечност кај домаќините и кај сите оние што дошле за Илинден во убавата Долна Преспа. 

Токму на Илинден во Љубојно со гордост се истакнуваа бурното минато исполнето со непокор и борба за опстанок на македонскиот народ и етничка Македонија. Тоа е резултат на фактот дека на првиот Илинден се случиле бурни и драматични настани, а и во текот на окупацијата Љубојно беше едно од жариштата на револуционерното движење и прва ослободена територија во Преспа.

На „Љубанските илинденски иселенички средби“ со свој репертоар на македонски народни песни настапија и присутните ги забавуваа  групите „Молика“ и „Фаворити“ од Битола, со познатите естрадните уметници: Елена Велевска, Благојче Стојановски – Туше, Ташко Каранфиловски и Елена Јовчевска.

Посебно внимание на „Љубанските илинденски иселенички средби“ привлече Театарска група од 25 деца чии корени на нивните родители потекнуваат од Љубојно. Овогодишната преставата беше насловена „Ем љубов – ем панаѓур“ и е дело на Панче Александар. Овој познат и признат ентузијаст, заедно со различни детски групи има учествувано на средбите  четири пати. Како и во предходните така и оваа година Детстската театарска група беше наградена со долготрајни аплаузи од присутните на „Љубанските илинденски иселенички средби“.

Тие направија оваа традиција во Љубојно да продолжи да живее полни 46 години, а со тоа Илинден да биде и слава и верски празник. Илинден како ден на востанието на македонскиот народ да стане и ден на Љубојно и околните села, Брајчоно. Долно Дупени, Наколец, Штрбово, Крани и Арвати, како и Селата во Долна Преспа во Егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа во Албанија.

Како и сите изминати годиниу и оваа година на денот Илинден во црквата „Свети Илија“ во Љубојно се одржа традиционална богослужба на која присуствуваа голем број верници од Љубојно и гости на средбите.

izvestaj 3КУД

Инаку, Иселеничките средби се исполнети со интересни содржини, Тогаш ечат песни и ора, се радуваат луѓето на многуте визити, видувања, спомени и завет – дека каде и да се, ама на Илинден, во Долна Преспа да се.

Овој голем ден на верската и националната симболика на македонскиот народ ја издигна до ниво на магија која го поврзува, независно дали се наоѓа во Македонија, Австралија, Европа, Канада, САД, Европската Унија или на други простори во светот. Овој македонски празник е ден над деновите, симбол над симболите, магнет над магнетите.

На прославата на четириесет и шесте „Љубански илинденски иселенички средби“, се потврди дека родното место, со невидена сила ги привлекува иселените повторно да се вратат на дедовските корени. На средбата во прекрасната атмосфера присутните ги доживееја деновите и моментот како во поранешните времиња. На иселеничките средбисите иселениците беа дел од многубројните случувања кои остануваат за паметење во родното печалбарско Љубојно и Македонија.

Slave Nikolovski - KatinПишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

To top