Култура и туризам

Обединетата македонска дијаспора на Симон Трпчески ќе му врачи Награда за истакнати постигнувања

Симон Трпчески
Симон Трпчески

Фото: Њујорк Тајмс

По повеќе месечно планирање, Обединетата македонска дијаспора (ОМД) утре ќе го инаугурира својот огранок во Лос Анџелес во чест на нашиот светски познат пијанист Симон Трпчески.

На настанот, ОМД ќе го одликува Трпчески со Наградата за истакнати постигнувања на ОМД што се доделува на личности кои придонеле за развој на стопанството, уметноста, науката и други сфери значајни за Македонија и за Македонците во земјата и во странство.

– Овој настан следува по гостувањето на Трпчески во Филхармонијата на Лос Анџелес и во Walt Disney Concert Hall. Неговото прифаќање на нашата награда е за нас голема чест и настан од ваков калибар, со истакнат гостин каков што е Трпчески, е соодветен начин да го прославиме неговото дело, но и да го промовираме отворањето на огранокот на ОМД во Лос Ангелес, изјави претседателот на ОМД Методија Колоски.

Се очекуваат повеќе од 200 гости, не само од Лос Анџелес, туку и пошироко, од Калифорнија и од останатите делови на САД. 

– Вакви манифестации би требало во иднина да бидат секојдневие за нас Македонците, бидејќи кај нашиот народ постои немерлив талент. Дел од нашата задача и мисија како организација е посветена на промоција на се што е македонско и на промоција на нашите таленти, истакна Колоски.

Според Бобан Јовановски, новоизбран директор на ОМД одговорен за САД, отворањето на регионалните ограноци е клучен дел од агендата на организацијата со цел да се обединат центрите на македонското иселеништво во САД и во светот.

– Би ни било многу полесно да останеме во своите седишта во Вашингтон и во другите светски метрополи каде што се гради светската политика, но ние како организација сакаме да се приближиме до нашите членови, да бидеме поблиску до нив и со нив, рече Јовановски.

Засега ОМД има отворено ограноци во Вашингтон, Торонто, Парис и Мелбурн.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top