Култура и туризам

ВО ОХРИД ПРОМОВИРАНО ДЕЛОТО „MACEDONIANS IN THE WORLD“ (МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ) ОД СЛАВЕ КАТИН

lav

lav

ВО ОХРИД ПРОМОВИРАНО ДЕЛОТО „MACEDONIANS IN THE WORLD“ (МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ) ОД СЛАВЕ КАТИН

На 21 август 2019 година, во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше промовирана  публикацијата „Macedonians in the World“ (Македонците во светот) од Славе Катин. Тоа  е дело на Издавачката куќа  „Македонска искра“ од Скопје и на Фондацијата „Џорџ Атанасоски’ од Прилеп. Делото е на англиски јазик, на 432 страници, чиј рецензенти се покојниот академик Антонио Шкокљев-Дончо од Белград и бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски од САД, а промотор на публикацијата беше м-р Милчо Јованоски 

Делото на Славе Катин „Macedonians in the World“ (Македонците во светот) беше претставено пред бројни гости во Библиотеката „Григор Прличев“. Свеченоста ја отвори Гордана Змејкоска, директор на Библиотеката, која рече дека ѝ претставува чест што по втор пат отвора промоции на книги на овој познат автор на кој цел творечки опус му е поврзан со Македонија и Македонците во светот.

За делото, пак, зборуваше познатиот новинар м-р Милчо Јованоски, кој во своето излагање, меѓу другото рече дека во книгата е даден развојниот пат на македонското иселеништво кој во основа се совпаѓа со развојот на настаните на Балканот и уште повеќе во зависност од тоа како се одвивале настаните околу Македонија. Тешките, лоши, често и невозможни услови за живеење, политичките состојби и постојаната борба за опстанок присилиле голем број Македонци да се определат за преселби, за печалбарство. За иселувањето е карактеристично што Македонците од етничка Македонија најпрво се определувале за иселување во Соединетите Американски Држави и Канада, а потоа за Австралија, Европа и други земји.

Инаку, Македонија традиционално е иселенички регион од каде се одвивале иселенерски движења на македонскиот народ претежно кон трансокеанските и во другите земји уште од средината на 19 век. Ваквите движења беа особено потенцирани во втората половина на 19 век и беа познати како „печалба“ (заминување во странство заради економски причини). Со различен обем и интензитет тие продолжија до денес. Така, според некои податоци, првата група на „печалбари“ (луѓе кои оделе на работа во странство) стигнале до северноамериканскиот континент во 1885 година, а Австралија во 1920 година. Сепак, поединци кои се придружија на групите „печалбари“ од соседните и други земји го преминаа океанот уште пред тоа. Затоа, книгата „Македонците во светот“ е особено посветена на Македонија, на Македонците во светот.

Во публикација „Macedonians in the World“ (Македонците во светот) осебно е нагласена улогата на македонските православни цркви и црковни општини, клубски и други асоцијативни  облици на собирање  во прекуморските и во европските земји. Најголемиот број Македонци членуваа или се редовни посетители на тие многубројни асоцијации, каде тие организираат верски, национални, фолклорни, спортски, културни и други манифестации.

Делото е поделено на седум глави. Првата глава е насловена „Вистината за Македонија“, потоа следат главите „Македонската православна црква-Охридска архиепископија“, „Македонците во светот“. „Македонски асоцијации во САД“, „Македонски асоцијации во Канада“, „Македонскиот печат во Австралија и Европа“ и седмата глава е посветена на Македонците во соседните земји.

Во публикацијата „Macedonians in the World“ (Македонците во светот) се презентирани настаните пред Втората светска војна, кога асоцијациите на македонските доселеници биле под силно туѓо влијание, особено на бугарската, а подоцна и од грчката пропаганда. Но без оглед на тоа, тие ја за­држале својата македонска етничка припадност, зошто нивните друш­тва и асоцијации создавале можности за меѓусебни контакти и за побрза интеграција во новото оп­штество.

Меѓутоа, по конституирањето на Република Македонија во 1944 година и по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква рапидно се изменија состојбите на организиран црковно-духовен и национален план. Македонските православни цркви започнаа да го опфаќаат мнозинството на македонските иселеници кои се сплотени во самостојни асоцијации, во состав на македонските православни цркви, манастири, и други црковни организации во кои членуваат Македонци, без оглед од кој дел на Македонија потекнуваат.

За животниот пат на авторот на делото „Macedonians in the World“ (Македонците во светот) зборуваже авророт на овие редови, кој, меѓу другото рече дека новинарот, публицистот, истражувачот и преведувачот –  Славе Катин е голем вљубеник во својата родна Преспа и во Охрид, во етничка Македонија и македонскиот народ, како и во Македонската православна црква – Охридска архиепископија и во Македонците од сите делови на Македонија расселени насекаде во светот.

Славе Катини’ е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации,   и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија и на животот на Македонците во дијаспората. Покрај 58-те публикации, Катин е автор и на повеќе од 150 научни трудови од различни области и на над 3.000 новинарски и други текстови објавени во Република Македонија и во светот. Тие, главно, се однесуваат на Македонија, иселеништвото, религијата, културата, македонскиот јазик и литературата.

Свето Стефановски

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top