Култура и туризам

ВО ДОЛНА ПРЕСПА КАКО ДОМА (10)

dhfb1

dhfb1

ИЛИНДЕНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ ВО ЉУБОЈНО

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите денови и празници на Македонија. Тој е величествен ден на сенародниот македонски копнеж за борба и слобода на Македонија. Затоа тој голем ден за сите Македонци од етничка Македонија го прави Љубојно да е најубаво, највесело и најпривлечно

На Илинден во Љубојно се игра и се пее, љубанци и нивните гости се атмосфера кога се јаде и се пие, се чувствува топло гостопримство и срдечност кај сите оние штоприсатни на Илинден.

На Илинден во Љубојно се собираат голем број иселеници од прекуокеанските земји, од европските земји, Преспанци што живеат низ Македонија, голем број Македонци од егејскиот дел на Македонија што живеат ширум светот, гости и иселеници од другите села, туристи од Претор, Сливница и Крани, како и голем број повратници од Преспа, Битолско, Охридско, Леринско и од Мала Преспа.

Во 2018 година „Љубанските илинденски иселеничките средби“ го прославија својот јубилеј – 45 години од своето постоење. Со тоа се потврди фактот дека тие се значајна културна манифестација не само за Љубојно и Преспа, туку и за Република Македонија. Во изминатите 45 години на успешно организирање продефилираа голем број културно-уметнички друштва, музички ѕвезди, литературни дејци и други културолози. Затоа со право се вели дека овој и другите предходни jубилеи се за почит и ќе останат запишани со златни букви во аналите на Илинден, на Љубојно, на Преспа и Македонија и на Македонците во дијаспората.

kdll2

Манастирот „Св.Петар и Павле“

Во аналите на историјата е запишано дека токму на Илинден љубанци со гордост го истакнуваат своето бурно минато исполнето со непокор и борба за опстанок. Тоа е резултат на фактот дека на првиот Илинден се случиле бурни и драматични настани, а и во текот на окупацијата Љубојно било едно од жариштата на револуционерното движење и прва ослободена територија.

Во почетокот средбите во Љубојно имаа карактер во вид на панаѓурска прослава, но како одминуваше времето манифестацијата прерасна во значајна илинденска прослава и печалбарска средба. Така, во последните дваесетина години средбите почнуваат на 31 јули вечерта, со играорни и пејачки групи од разни краеви на Македонија, од поранешна Југославија, Бугарија, Мала Преспа, како и уметнички друштва на Македонците од Австралија, Канада, САД и европските земји.

Притоа, треба да се истакне дека во овој долг период била огромна соработката со раководните структури на манифестацијата „Илинденски денови“ од Битола. Тие, речиси, секоја година, на сметка на нивната значајна манифестација, за 31 јули испраќаат фолклорни групи и оркестри да настапат на Полена, за што љубанци ја изразуваат својата благодарност.

За средбите во Љубојно се практикува на празникот Илинден, во 9 часот да се посети црквата Свети Илија, каде се одржува богослужба, а потоа да се посети и спомен-плочата подигната на куќата на Калајџиовци, а во чест на паднатите борци во Илинденското востание. Исто така се посетува спомен – плочата на борците од НОБ на Полена, каде почнува веселбата со музички групи и пејачи од македонската музичка естрада. Се свири и се игра до доцна во ноќта на Илинден.

dbss3

Од Иселеничките средби во Љубојно

Љубанските илинденски печалбарски средби се доживуваат свечено и празнично во сите куќи во Љубојно и кај сите посетители. На Илинден Љубојно добива свечен празничен лик. Тогаш се чувствува топло гостопримство и срдечност кај сите оние што доаѓаат и се среќаваат со своите роднини, пријатели, познати…

Во аналите на „Љубанските илинденски иселенички средби“ е запишано дека тие започнале на Илинден 1974 година. Иницијатори за овие средби биле Мијал и Владо (Аронот) Паспаловски, кои од Соединетите  Американски Држави биле дојдени во родниот крај. Тие ја платиле музичка група да свири пред црквата „Свети Илија“, во која по традиција сите љубанци одат на Илинден. Таа прва веселба на Илинден 1974 година била спонтано прифатена од љубанци со аманет секоја година да се веселат на Илинден пред црквата „Свети Илија„ и на Полена.

Исто така, од почетокот на организирањето на Љубанските средби се вклучиле бројни иселеници и пр мештаните на Љубојно. Покрај претставниците на Месната заедница од Љубојно и љубанци, големи заслуги имаат и; фестивалот „Илинденски денови“ од Битола, Општината Ресен, Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, бројни оркестри, естрадни уметници, фолклорни групи, медиумите во Македонија и во дијаспората, како и голем број вљубеници во Љубојно и нивни пријатели кои со своето учество дале значаен прилог и придонес средбите да бидат богато организирани, масовни, да имаат поширок карактер и да бидат вечни.

Притоа, посебно треба да им се оддаде признание на долгогодишните организатори Владо Пашариковски, Бошко Рајчовски-Пелистерски, Славе Катин, музичката ѕвезда Ламбе Алабаковски, како и членовите на Месната заедница во Љубојно и други ентузијасти.

kshb4

Од познатите личности од Македонија, пак, како гости на „Љубанските илинденски иселенички средби“ или биле присутни на средбите, го посетиле или престојувале во Љубојно и дале свој придонес, меѓу другите голем број македонски естрадни уметници, познати музички состави, фолклорни групи и друштва од Македонија и од дијаспората. Тие оставија траен белег и ги направија средбите да бидат вечни.

Меѓу нив посебно место имаат оние кои настапувале на средбите уште пред повеќе од дваесет години и оние кои настапуваат повеќе пати во овој период, меѓу кои: Јонче Христовски, Гоце Николовски, Гоце Арнаудов, Наум Петрески, Војо Стојаноски, Блага Петревска, Благица Павловска, Сузана Спасовска, Благица Калева, Владо Јаневски, Левко Блажевски, Елена Велевска, Ирена Спасовска, Ефто Пупиновски, Анета Мукаетова, Татјана Лазаревска, Анета Мицевска, Ламбе Алабаковски, и многу други.

Исто така, на „Љубанските илинденски иселенички средби“ со свој репертоар на македонски народни песни настапиле и групите „Синтезис“, „Љубојна“, „Молика“, „Биоритам“, „Маестрал“ и бројни културно- уметнички друштва од Македонија, Балканот и светот.

Продолжува

G6 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Свети преподобен Прохор Пчињски – пустиножител и чудотворец

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети преподобен Прохор Пчињски. Во православната традиција тој се почитува како голем подвижник, молитвеник и чудотворец, кој својот живот го посветил на Бога, на постот и на молитвата. Свети Прохор живеел во XI век. Според […]

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

To top