Култура и туризам

ВО ДОЛНА ПРЕСПА КАКО ДОМА (11)

tral1

 tral1

ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ ВО ДОЛНА ПРЕСПА

Иселеничките средбо кои се одржуваат во Љубојно по 45 – ти пат се повод слични средби да се организираат и во другите долнопреспански села: Долно Дупени, Брајчино и Штрбово, како и во други села во Преспа, Подмочани, Болно и Пустец, и во Мала Преспа. И овие средби, главно, имаат иселенички карактер

Средбите ги организираат иселениците од дијаспората и месното население. А целта е да се вратат иселениците во своите родни огништа, да се видат со своите најблиски, да има повторни видувања со роднините и пријателите, да имаат пријатни мигови во родните огништа и сето тоа да остане незаборавно.

На иселеничките средби во Долна Преспа покрај другарувањата во родното село, кое со невидена сила ги привлекуваат иселените повторно да се вратат на дедовските корени, се паметат долгите ора накитени и со младо и старо и се вијат сред село, прекрасната атмосфера и моментот кога селото е живо како во поранешните времиња. На иселеничките средби сите се дел од многубројните случувања кои остануваат за паметење во родното село под Пелистер.

tral2

Една од првите иселеничката средба во Долно Преспа започна да се одржува во Долно Дупени во 1989 година. По иницијатива на иселеници од Долно Дупени кои живеат во Торонто: Ѓорѓи Ристевски, Михајло Николовски – Мајорчето и Васил Ангеловски се одлучи да се одржуваат слични средби како во Љубојно. Така, иницијаторите решија финансиски да ја поддржат средбата и заедно со претставници на Месната заедница да ја организираат.

Иницијативата да се организира првата манифестација од ваков вид во Долно Дупени наиде на широк одејќи кај населението. Првата иселеничка средба се одржа на 14 јули 1989 година во чест на „Св. Кузман и Дамјан – Св. Врач“, селската слава. На тој ден се собраа голем број мештани како и дојденци од Канада, САД, Австралија и од поранешните европски замји, туристи, намерници и бројни посетители од соседните села. Се пееше, се играше и се пиеше на Полена и по домовите Тој е денот сите ја изразија својата љубов кон Долно Дупени, кон својот народ и кон Македонија.

Повеќе од дваесет години традицијата продолжи „Долнодупенските иселенички средби“ да се негуваат и средбите да се организираат на викендите најблиску до празникот „Св. Кузман и Дамјан“. Иселеничките средби се одржуваа во недела и траеја еден ден. Според програмата се одржуваше духовна богослужба во храмот посветен на светците чувари на селото, потоа на сред село, на „Полена“ одбраната музика и естрадните уметници ги забавуваа присутните до доцна во ноќните часови.

tral3

На иселеничките средбите во Долно Дупени се организираа и културни манифестации. Меѓу другото, во 1990 година беше промовирана значајната и единствена монографија за Долно Дупени, чиј автор е Владо Јовановски. За ова дело пред многубројната публика зборуваше проф. д-р Петре Георгиевски.

Исто така, на средбите настапиле културно – уметнички друштва и голем број естрадни уметници, меѓу кои: Гоце Арнаудов, Блага Петревска Петар Нечовски, Ламбе Алабаковски и многу други. Тие помогнаа со песни и ора, со весели мигови, иселеничките средбите во Долно Дупени да останат незаборавни.

Првата „Брајчинска иселеничка средба“, пак, се одржа на празникот на света преподобна маченица Параскева – Света Петка во 1995 година. Ова средба ги стави темелите на наредните иселенички другарувања да бидат поорганизирани, повесели и помасовни. Децении наназад празникот св. Петка летна се празнувал во Брајчино. Тој е најзначајна селка слава која од 1995 година прерасна во прослава „Брајчински иселенички средби“. Таа се одржува во континуитет на празникот св Петка.

„Брајчинските иселенички средби“ ја продолжија традицијата да започнуваат на 7 август во манастирските конаци во кругот на црквата „Света Петка“, со присуство на голем број иселеници од Брајчино и од другите села на Долна Преспа. На овој светол ден за брајчинци се подготвуваат пет казани посен грав за околу илјада посетители, што е поклон од народот за народот.

tral4

Играорци од Мала Преспа

На 8 август, пак, на празникот св. Петка прославата продолжува свечено по домовите, кога секое брајчинско семејство има гости за ручек. Потоа, на сред село и во дворот на училиштето во попладневните часови започнува веселбата со богата културно-уметничка програма и со учество на бројни различни оркестри и бројни естрадни уметници. Затоа со право се вели дека „Брајчински иселенички средби“ се слават два дена и се прославуваат со силен жар, ентузијазам, љубов и со желба тие да бидат вечни.

Инаку, на Илинден во Дплна Преспа се собираат голем број иселеници од прекуокеанските земји, од европските земји, Преспанци што живеат низ Македонија, голем број Македонци од егејскиот дел на Македонија што живеат ширум светот, гости и иселеници од другите села, туристи и голем број повратници од Преспа, Битолско, Охридско и други места на етничка Македонија.

Продолжува

c6 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

To top