Култура и туризам

Во четвртрок на 29 август православните христијани во Македонија празнуваат два празници, Неракотворна икона Христова и Свети Јоаким Осоговски

Marko Kitevski

Marko KitevskiПроф.Др. Марко Китевски

Во четвртрок на 29 август православните христијани во Македонија празнуваат два празници, Неракотворна икона Христова и Свети Јоаким Осоговски.

29/16 VIII. НЕРАКОТВОРНА ИКОНА ХРИСТОВА
Црковното предание за прва икона во Христијанската црква ја смета Неракотворната икона или Неракотворниот лик на Господ Исус Христос. Неракотворна икона значи икона што не е направена со човечка рака. Еве како таа настанала.
Во почетокот на нашата ера, односно во времето на Господ Исус Христос во градот Едеса на Еуфрат живеел царот Авгар. Тој се разболел, така што не можеле да го излекуваат сите царски лекари. Тогаш тој слушнал да чудата што ги правел Исус, за воскреснувањето мртви, за лекувањето болни, за истерувањето демони итн. Посакал Исус да дојде кај него и да го лекува. Затоа му испратил писмо по својот слуга Ананиј кој бил и сликар. Во случај Исус да не може да дојде слугата имал задача да го наслика неговиот лик и да му ја донесе сликата. Исус го добил писмото но поради своите обврски не можел да појде во Едеса. Од друга страна, сликарот Ананиј никако не можел да го наслика Божествениот лик на Исус Христос. Исус, пак, знаејќи за тоа го измил лицето со вода и побарал крпа за да го избрише. Кога го избришал лицето на крпата останал насликан неговиот лик. Таа крпа му ја дал на Ананиј да му ја однесе на царот Авгар. Кога Авгар ја добил крпата го целивал ликот на Исус и веднаш оздравел. Царот Авгар ја ставил крпата со ликот на Исус на градската капија, за да знаат сите дека царот верува во божественоста на Исус Христос. Притоа наредил сите што тука минуваат да се поклонат на ликот на Исус Христос. Во 944 година императорот Константин Багренороден (Порфирогенит) ја купил крпата со ликот на Исус, ја пренесол во Цариград и ја поставил во црквата „Света Софија“. Тоа пренесување се празнува на 29/16 август.

29/16 VIII. СВЕТИ ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ – САРАНДАПОРСКИ
СВЕТЕЦ СО СИЛЕН КУЛТ ВО СЕВЕРОИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА
Житието на свети Јоаким Осоговски сведочи дека тој се угледал на Игнатиј Богоносец „упатувајќи се како ѕвезда многусветла од запад кон исток, дојде во областите на планините Осоговски“. Значи, пустиножителството Свети Јоаким го започнал во селото Градец, во Осоговскиот крај, а потоа засекогаш се населил во една пештера во местото Бабин Дол во близината на Сарандапорската река, каде што останал до крајот на животот. Житието на овој светец сведочи дека педесет години по неговата смрт на местото каде што почивале неговите мошти бил ставен камен темелник на манастир што го носел неговото име.
Свети Јоаким Осоговски живеел во втората половина на XI век а умрел најдоцна во почетокот на XII век. Бил наречен Сарандапорски поради местото каде што живеел. Бил многу почитуван за што сведочи и неговата служба датирана во XIII век. Манастирскиот комплекс на Јоаким Осоговски бил основно светилиште на неговиот култ независно од црковните и политичките услови низ кои минел осоговскиот крај.

ТУРСКИ ЗНАК ПРЕД МАНАСТИРОТ
Испред манастирот постои еден тирски споменик. Него го поставил пашата. Кад је дошол да го запали манастирот му се слошило. Поставил га за кога турската војска ќе го види да се враќа, да не пали и да не пљачка. Од тога и муслиманите влизат во манастирот палат свеќа и ден денеска. Порано тука са били Турци, сега се иселија.
Народно предание.

Најново од: Култура и туризам

Свети преподобен Прохор Пчињски – пустиножител и чудотворец

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети преподобен Прохор Пчињски. Во православната традиција тој се почитува како голем подвижник, молитвеник и чудотворец, кој својот живот го посветил на Бога, на постот и на молитвата. Свети Прохор живеел во XI век. Според […]

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

To top