Култура и туризам

Алтернативна Етимологија и Ономастика

bulka

bulka

Алтернативна Етимологија и Ономастика

МАКедонија и БУ[1]ЛГ/КАрија

За етимолошкото потекло на зборот Македонија и неговата семантика во научната јавност и јавноста воопшто познати се неколку теории. Едната е со хеленско потекло и ги посочува зборовите (макрос и донос како материјал за скованиот геотопонимот Македонија со преносно значење на висока/планинска земја) и потекнува од Античкиот Период. Постојат и неколку неосновани предложени значења поврзани со „Голема Мајка“ или „Мајката Земја“. Од друга страна за потеклото на името Булгарија исто така постојат неколку теории. Едната тврди дека потекнува од името на Степски народ кој полека емигрирал на Балканот, друга пак дека народите кои живееле по течението на реката Волга под одредени историско социјални услови или пак при природни катастрофи морале да емигрираат и се населиле на Балканскиот Полуостров.

Но за волја на вистината на мајчиниот јазик на локалните жители од Македонија, Булгарија но и народот кој живее во Југоисточна Србија, Југоисточна Албанија, Јужно Косово,  Северната територија на Република Грција, Јужна Романија, Европскиот и Крајбрежниот дел на Турција, името одностно имињата Македонија и Булгарија потекнуваат од најраспространетото и многу корисно растение за кое се употребуваат две имиња Мак и Булг/ка [2]. Тоа е збор односно име на најраспространетото и многу корисно растение во тој регион, Мак или Булк/га, од каде и потекнуваат имињата на Државите Булгарија и Македонија и географските региони и провинциите. Во сите дијалекти на мајчиниот јазик[3] кој го говори населението од горенаведените региони се користат и двата термини. Следствено двете имиња го имаат истото значење и потекло дадено од локалните жители на нивниот мајчин јазик. Разликата е што во западните дијалекте почесто се користи името Мак а во источните дијалекти името Булг/ка.

bulka

bulka 2

Античниот мит за „Градините на Мида[4]“ и „Орфејските Мистерии“, „Хиперборејците“ и учења се тесно поврзани со ова растение. Ова растение е застапено како украс во материјалната и духовната култура на автохтоното население од горенаведените територии уште од периодот на Антиката. Доказ за тоа може да се најде во археолошките пронајдоци од една раноантичка некропола кај Исар, Марвинци, според кои направена е скулптура и е поставена на еден од мостовите на Вардар во центарот на Скопје. Меѓубројните погребни дарови таа е погребена со кандило во облик на ча/ушка на Мак или Булга/ка. Макот како инспирација за уметнични дела е користен и во други наврати при создавање личен накит. Исто така многу често е присутен во народните носии како флорален мотив и често се употребува во надри медицината од локалните жители и има важен удел во духовноста на локалното население. Присутен како симбол е и на Државниот Грб на Македонија а боите на растението и неговите цветови се застапени на Булгарското национално знаме.

bulka 3

bulka 4

Едно растение, еден јазик, еден народ, едното исто име, Една Држава…!?

Македонија


[1] Гласот ‘ъ’ во западните дијалекти се изговара ‘у’

[2] Гласовите ‘г’ и ‘к’ се гутурали и многу често во дијалектите ги заменуваат местата. Исто така ‘к’ може да стане звучен односно  да премине во ‘г’ во зависност од положбата во која се наоѓа во зборот и кој глас му претходи и да дојде до едначење по звучност. Или во случај да му претходи сонант кој е позвучен од звучните консонанти и може да го претвори безвучниот консонант кој следи по него во неговиот соодветен звучен консонантски пар.

[3] Кој претставува еден ист јазик со повеќе дијалекти кој се разликува од сродните јазици во околината како на пример Српскиот или Украинскиот.

[4] Кои географски се сместуваат и во Тракија и во Македонија

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Најнови вести

To top