Култура и туризам

ИЗРАЕЛ – ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (14)

jadvasem1

jadvasem1

ЕВРЕИТЕ И МУЗЕЈОТ „ЈАД ВА’ШЕМ“

Денешен Израел многу малку личи на она што бил во минатото. Огромната Јудејска Пустина која зафаќа шеесетина отсто од вкупната територија на Израел, постојано се претвора во зелена оаза. Таму, со изградбата на разни мелиорациони и други зафати, најмногу од системот „капка по капка“, потоа со копањето на каменот од песочните предели за градба на урбаните населби, се создава плодна почва

Денес, на тие простори можат да се видат огромен број пластеници, стаклени градини, лозови и овошни плантажи, индустриски растенија, жито, безброј расадници, цветни градини и бројни зелени површини. За да се постигне сето ова како главен базен за наводнување се користи водата од Галилејското Езеро. Често се вели дека тој кој ги држи изворите на висорамнината Голан и водите на Галилејското Езеро, тој го држи во своите раце животот на Светата земја.

Бројот на населението во Израел е во постојан пораст, затоа е тешко да се одреди точниот број. Меѓутоа, според последниот попис на населението во Израел, денес живеат околу 8 милиони жители. Од вкупниот број на населението околу 6 милиони се Евреи, поголем дел од Русија, односно од Советскиот Сојуз (околу 1 милион), како и од поголем број европски и други земји во светот.

Од преостанатиот милион од населението осумдесет отсто се муслимани, а дваесет отсто се христијани (католици и православни). Арапите (Палестинците) кои останаа да живеат во Израел по 1948 година, имаат израелско државјанство, додека бројката од околу 2 милиона Палестинци кои живеат во Газа, Витлеем, Ерихон и во други градови под палестинска управа, не се државјани на Израел.

Службен јазик во Израел е хебрејскиот (ибри), како и арапскиот јазик, на кои се пишува од десно кон лево. Исто така, англискиот и рускиот јазик имаат свое место во секојдневното комуницирање. Инаку, во текот на својата историја Евреите често користеле два или повеќе јазици, но сега хебрејскиот го сметаат за изворен, со кој се напишани нивните споменици на културата и разните книжевни дела. Хебрејскиот јазик спаѓа во групата на северозападни семитски јазици.

Остварувањето на вековните идеали за создавање сопствена држава и многудецениските стремежи на Евреите за Светата земја се остварија во 1948 година. Вистина, постигната е целта бидејќи кај голем број Евреи ширум светот секогаш тлеел донаторскиот однос и љубовта кон новата држава и големата хуманост кон својот народ, кон еврејството, кон посреќната иднина на својата идна татковина.

jadvasem2

Музејот Јад Вашем

Според некои податоци, уште од времето на почетните доаѓања на првите жители во новата држава Израел, тие биле финансиски помагани од богатите Евреи во дијаспората. Во поново време, пак, особено по Втората светска војна таквите финансиски донации се зголемувале и се зголемуваат од ден-во ден. Затоа, Израел денес е реалност и гордост на многумина кои материјално го помогнале опстојувањето на државата, на големиот број институти и институции, кои се реалност и предизвик за новите генерации.

Во периодот од 1948 година па до денес, Евреите од дијаспората во Израел формирале голем број фондации, донации, институции и други форми на финансирање, кои на свој специфичен начин ги изразуваат завештанијата, желбите, љубовта и мотивите на голем број Евреи ширум светот, особено на оние кои живеат во Соединетите Американски Држави и Канада.

Со давањето донации, поклонувања, дарувања, со формирањето на фондации и други форми на помош, всушност, Евреите ја стимулираат, ја помагаат и  поттикнуваат подобрата иднина на својата држава и на својот народ во Израел. Притоа, таму е создадена една традиција со која се манифестира приврзаноста и љубовта на Евреите кон сè она што се постигнува во нивната држава. Таквите релации создаваат трајни врски меѓу Евреите во дијаспората и Израел.

По примерот на Евреите одреден број Македонци во дијаспората формираа свој фондации во Република Македонија. Меѓу нив треба да се истакнат: Атанас Близнаков, Петар Стаматов и  Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски од САД.

Денес бројот на фондациите кај Евреите од дијаспората кои го помагаат опстојувањето на Израел е многу голем и е од непроценливо значење за развојот на економско, политичко, културно, образовно, техничко, технолошко и друго поле. Како резултат на еврејските фондации и дарувања, посебно место за одбележување има Музејот „Јад ва’Шем“ што значи „Споменик и име“, во кој се вградени материјални, морални и други средства на многу познати и признати личности во светот од еврејско потекло.

Музејот „Јад ва’Шем“ се наоѓа во непосредна близина на влезот во Ерусалим, на патот од Тел Авив, каде на еден стрмен рид се сместени гробиштата. Тука до овие неми сведоци на историјата е изграден Музејот кој постојано се проширува и надградува. Тој е местото каде посетителот се среќава со тажните страници од историјата на еврејскиот народ.

Тоа е просторот што е посетен од илјадници ученици, млади и стари, војници и дојденци. Тој е местото каде идните генерации се калат, учат и се воспитуваат во духот на еврејството, со цел да не го заборават ужасот од холокаустот.

Идејата за формирање на Музејот „Јад ва’Шем“  датира од времето на Втората светска војна, кога се ширеле извештаите за масовното уништување на Евреите со германска окупација. Така, во септември 1942 година, бил формиран Одбор на еврејскиот национален фонд, чиј основоположник бил Мордецар Шенхави член на кибуцот Мишмар Емек.

Во меѓувреме биле направени многубројни консултации, договори, упатства и други преговори со бројни еврејски организации и поединци во Израел и во дијаспората. Така, во февруари 1946 година е отворена канцеларија на „Јад Ва’шем“ во Ерусалим и нејзино одделение во Тел Авив, со цел да се прошират нивните дејности и активности.

jadvasem3   jadvasem4

Со конституирањето на еврејската држава, Израел, во мај 1948 година, а особено по завршувањето на воените активности, било предложено „Јад ва’Шем“  да постане институција на државата, чија цел била да ги регистрира жртвите од холокаустот. Подоцна во 1953 година, Собранието на Израел (Кнесетот) изгласал Закон за Музејот „Јад ва’Шем“ кој во август истата година е публикуван и стапил во сила за негово отпочнување со работа.

Инаку, главната мисија на Музејот „Јад ва’Шем“ била да изврши комеморација и документација на настаните, како и целосна селекција, истражување и публикување на доказите за холокаустот, потоа да направи избор и регистрација на имињата од жртвите, како и понатаму да истражува и да ги едуцира генерациите што доаѓаат. Оваа современа институција на Израел е една од најопремените во светот која може да послужи за пример.

Музејот „Јад ва’Шем“ е поделен на десетина одделенија, од кои посебно заслужуваат да се споменат: Пеколот на имињата, Меѓународното училиште за проучување на холокаустот, Библиотеката, Музејските специјални одделенија и други. Музејот „Јад ва’Шем“ во целина е неодминливо место за секој Евреин од Израел или од дијаспората, како и за посетителите како што бевме ние од Македонија кои доаѓаат во Ветената земја, која е судбината и иднината на Евреите.

Продолжува

KatS

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

To top