Култура и туризам

ИЗРАЕЛ – ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (17)

EIH1

EIH1

ЕВРЕИТЕ, ИЗРАЕЛ И ХОЛОКАУСТОТ

Според текстот на Тони Клиф, палестински Евреин кој до крајот на Втората светска војна живеел во тогашна Палестина, а потоа се пресели во Британија и станал еден од водечките троцкистички теоретичари, Француската револуција ги ослободи Евреите. Помеѓу 1789 година и обединувањето на Германија и Италија по речиси еден век, исчезна физичкото, економското и интелектуалното гето. Менделсон, Хајне и Маркс и сите Евреи, беа истакнати личности во германската култура

Во неговиот текст се вели дека навистина, постоеше широко раширен антисемитизам, па дури и погроми, но тоа се случуваше во царистичка Русија, каде јаремот на феудализмот сè уште натежнуваше и каде модерниот капитализам штотуку зачекоруваше. Кога капитализмот стана стар и истрошен, особено по Големата депресија од 30-тите години на XX век, се сврте против сите демократски достигнувања на својата младост. Сега Евреите, едноставно, не беа потиснати во гета, туку уште пострашно – во гасни комори.

Помеѓу овие два периода во Франција избувна еден ужасен случај на антисемитизам . Во 1895 година еден воен офицер Евреин, по име Драјфус, кој беше обвинет дека е германски шпион. Судењето што претставуваше лов на вештерки водеше кон хистерија на толпата против Евреите. Овој бран на антисемитизам претставуваше нуспроизвод на битката помеѓу растечкиот француски и германски империјализам.

Во тоа време, во Париз живеел еден добро етаблиран виенски новинар, Теодор Херцл. Херцл извлекол заклучок од фуријата дека антисемитизмот е природен и неизбежен. Во 1895 година тој напишал: „Во Париз, како што кажав, усвоив послободен однос кон антисемитизмот, кого сега почнувам историски да го разбирам и да го оправдувам. Пред сè, ја сфатив празнотијата и безнадежноста на обидите за ‘борба’ против антисемитизмот“.

EIH2 

Поделениот Ерусалим

Херцл го критикувал Емил Зола и другите Французи, главно, социјалисти, кои застанале во одбрана на Драјфус. Тој се жалел што Евреите „бараат заштита од социјалистите и од рушителите на постојниот граѓански поредок… Вистински, тие повеќе не се Евреи. Сигурно, тие не се ниту Французи. Тие, веројатно, ќе станат водачи на европскиот анархизам“.

Тој тврдел дека одговорот на антисемитизмот лежи во напуштањето на земјите од страна на Евреите  онаму каде што не ги сакаат и во основањето на нивна сопствена држава. При овој потфат, тој објавил, „антисемитите ќе бидат наши најзависни пријатели… наши сојузници“. Оттука, тој отишол на средба со царистичкиот министер за внатрешни работи, Плевхе, човекот што го организирал погромот во Кишињев од 1903 година. Тој пред него го ставил мамецот дека иселувањето на Евреите од Русија ќе го ослабне револуционерното движење, непријателот на Плевхе.

Ако антагонизмот помеѓу Евреите и христијаните, наводно, биде природен и неизбежен, тогаш, се разбира, следува дека и антагонизмот помеѓу Евреите и Арапите во Палестина бил природен и неизбежен. На почетокот Херцл го дефинирал ционизмот како „давање на луѓето без земја, земја без луѓе“.

Кога неговото внимание го стекна фактот дека во Палестина живеат Арапи, Тој сериозно ја сфати  работата дека, едноставно, треба да се ослободи од нив. На 12 јуни 1895 година, Херцл напишал: „Ќе се обидеме да го одоброволиме сиромашното население преку границата, обезбедувајќи вработување во транзитните земји, истовремено, оневозможувајќи му да се вработи во нашата сопствена земја“. Каков бесрамен израз на намерата за етничко чистење“.

Ционистите кои се доселија во Палестина од крајот на XIX век не сакаа да основаат економија слична на онаа на белците во Јужна Африка. Таму белците ги сочинуваа капиталистите, додека црнците беа работничката класа. Ционистите сакаа целото население да биде еврејско.

EIH3

Со многу нискиот стандард на Арапите во споредба со Европејците и со многу раширената и отворена и прикриена невработеност, единствениот начин за постигнување на оваа цел било затворањето на пазарот на труд за Арапите. Имало редица начини кои биле употребени за да се постигне тоа. Прво, Еврејскиот национален фонд, кој бил сопственик на голем дел од земјата во сопственост на Евреи, вклучувајќи, на пример, и голем дел од Тел Авив, имал статут што инсистирало дека само Евреи можат да бидат вработени на таа земја.

Во таа насока, ционистичката синдикална федерација, Хистадрут (Општа федерација на еврејскиот труд) врз сите свои членови наметнала два издатока: еден за одбрана на еврејскиот труд и еден за одбрана на еврејскиот производ. Хистадрутот организирал протести против сопствениците на расадници што вработувале работници Арапи, принудувајќи ги сопствениците да ги отпуштат.

Исто така, вообичаено било да се видат младинци како одат низ еврејскиот пазар помеѓу жените што продаваат зеленчук или јајца и ако најделе некоја што била Арапка, истурале парафин врз зеленчукот или ги кршеле јајцата. 

Исто така, Тони Клиф во својот текст вели: „Се сеќавам дека во 1945 година една кафетерија во Тел Авив беше нападната и, речиси, целосно искршена поради гласините дека имало некој Арап што работи во кујната, миејќи ги чиниите. Исто така, ги паметам, од времето кога бев на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим помеѓу 1936 и 1939 година, постојаните демонстрации против продеканот на универзитетот, д-р Магнус. Тој беше богат американски Евреин и либерал, а неговиот криминал беше тоа што беше закупец на еден арапски земјопоседник“.

Продолжува

 c6

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top