Култура и туризам

ИЗРАЕЛ – ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (18)

imperija1

imperija1

ЗАВИСНОСТА ОД ИМПЕРИЈАЛИЗМОТ И ХОЛОКАУСТОТ

Во текстот на Тони Клиф, палестински Евреин кој до крајот на Втората светска војна живеел во тогашна Палестина, апотоа се пресели во Британија и станал еден од водечките троцкистички теоретичари се вели дека на ционистите секогаш им било јасно дека им е потребна помошта на империјалистичката сила што имала, главно, влијание во Палестина во тоа време

Во продолжение тој пишува дека на 19 октомври 1898 година, Херцл заминал за Цариград на прием кај кајзерот Вилхелм. Во тоа време Палестина била дел од Отоманската Империја, која била помлад партнер на Германија. Херцл му кажал на кајзерот дека ционистичкото населување во Израел ќе го зголеми германското влијание, бидејќи центарот на ционизмот е во Австрија, која била партнер на Германската Империја. Тој, исто така, покажал уште еден морков(адут): „Објаснив дека ги одвлекуваме Евреите од револуционерните партии“.

Кон крајот на Првата светска Војна, кога било јасно дека Британија ќе ја преземе Палестина, водачот на ционистите во тоа време, Хаим Вајцман, контактирал со британскиот секретар за надворешни работи, Артур Балфур, добивајќи од него, на 2 ноември 1917 година, декларација со која на Евреите им ветувал татковина во Палестина. Сер Роналд Сторс, првиот британски воен гувернер на Ерусалим, објаснил дека ционистичкиот „потфат бил потфат што тој го благослови поради тоа што за Англија формира ‘мал, лојален еврејски Алстер’ во морето од потенцијално непријателски арабизам“. Така ционистите станаа Портокаловиот ред на Палестина.

Во Втората светска војна станало јасно дека главна сила на Блискиот Исток ќе престане да биде Британија и ќе станат Соединетите Американски Држави. Поради тоа, Бен Гурион, ционистичкиот водач во тоа време, побрзал во Вашингтон да ги зацврсти договорите со САД. Израел сега е најдоверливиот сателит на Соединетите Американски Држави. Не е ништо тоа што Израел добивал повеќе економска помош од САД отколку која било друга земја, иако е толку мал. Исто така, добивал повеќе воена помош од која било друга земја во светот.

imperija2

Сфаќајќи го варварството на нацизмот, Троцки го предвидел искоренувањето на Евреите. На 22 декември 1938 година, тој напишал: „Можно е да се замисли без тешкотии што ги очекува Евреите на самиот почеток на идната војна. Но дури и без војна следниот развој на светската реакција со сигурност означува физичко истребување на Евреите… Само смелата мобилизација на работниците против реакцијата, создавањето на работнички милиции, непосредниот физички отпор на фашистичките банди, растечката самодоверба, активност и смелост помеѓу сите потиснати може да предизвика промена во односите на силите, да го запре светскиот бран на фашизам и да отвори ново поглавје во историјата на човештвото“.

До Втората светска војна преовладувачкото мнозинство од Евреите во светот, особено Евреите од работничката класа, не беа поддржувачи на ционизмот. Така, во Полска, каде што постоеше најголемата заедница на Евреи во Европа, во декември 1938 и јануари 1939 година, биле одржани избори за советот во Варшава, Лоџ, Краков, Лвов, Вилнус и други градови. Бундот, еврејската социјалистичка работничка антиционистичка организација, добила 70 % од гласовите во еврејските области. Бундот добил 17 од 20 мандати во Варшава, додека ционистите добиле само еден мандат.

Сето тоа радикално се промени со холокаустот. Едвај да има Евреин во Европа што не загубил членови од неговото или нејзиното семејство во него. Се сеќавам дека кратко време пред него една моја тетка од Данциг дојде да нè посети во Палестина. Не се сретнав со другите членови од нејзиното семејство, но таа, заедно со сите други, исчезна во холокаустот. Една моја роднина, која ја познавав многу добро, се пресели во Европа со својот маж и со петгодишното дете веднаш пред војната, и тие, исто така, беа убиени во гасните комори.

imperija3

Денес, преовладувачкото мнозинство од Евреите се ционисти и тоа е доста разбирливо.

Катастрофа е терминот што го употребуваат Палестинците кога упатуваат на основањето на израелската држава во 1948 година. Оттогаш, во трите војни помеѓу Израел и Арапите во 1948, 1967 и 1973 година, имало масовно етничко чистење на Палестинците. Денес има 3,4 милиони палестински бегалци, далеку повеќе отколку бројот на Палестинци кои останале во областите во кои живееле порано.

Бројките за сопственост над земјата сведочат за нивното елиминирање: во 1917 година, Евреите поседувале 2,5% од земјиштето во нивната земјата. Во 1948 година, тоа се зголемило на 5,7%, а денес е околу 95% во границите пред 1967 година, додека Арапите поседуваат само 5%.

Еден е од најтрагичните случаи во историјата, тоа што еден угнетуван народ како Евреите, кој страдал од варварството на нацистите, наметнал угнетување и варварство врз друг народ – Палестинците, народ што на никој начин не бил вмешан во извршувањето на холокаустот.

Според Тони Клиф Палестинците немаат моќ да се ослободат самите. Тие дури немаат сила да постигнат какви било реформи. Тие не се како црнците во Јужна Африка, кои постигнале многу важни реформи. Тие се откачија од апартхејдот, го освоија правото да гласаат и избраа црнечки претседател. Точно е дека економскиот апартхејд сè уште постои. Богатството сè уште е концентрирано во рацете на мала група на белци, сега покрај малиот број богати Црнци. Преовладувачкото мнозинство од црнците сè уште живеат во бедна сиромаштија.

Црнците во Јужна Африка се неспоредливо посилни од Палестинците. Пред сè, во Јужна Африка има пет до шест пати повеќе Црнци отколку белци, додека, пак, бројот на Палестинците повеќе или помалку е ист со бројот на Израелци (мнозинството од Палестинците се бегалци). Второ, црните работници се срцевината на јужноафриканската економија, додека Палестинците се многу маргинални за економијата. Јужноафриканскиот синдикат Косату е броен синдикат што играл клучна улога во соборувањето на апартхејдот. Палестинците немаат соодветна синдикална организација.

Ако постои ситуација каде што теоријата на Троцки, за перманентна револуција, совршено е применлива, тоа е таа на Палестинците.

Неговата теорија тврди дека не може да се постигнат демократски барања и национално ослободување без пролетерска револуција. Клучот за судбината на Палестинците и на секој друг на Блискиот Исток лежи во рацете на арапската работничка класа, чии главни центри на моќта се во Египет, а помалку во Сирија, Ирак, Либан и во другите земји. Трагично, потенцијалот на арапската работничка класа не станал стварност, поради штетниот ефект на сталинизмот што долго време доминирал на левицата на Блискиот Исток. Сталинистите биле тие што им ја отвориле вратата на БААС партијата и на Садам Хусеин во Ирак, кои го доведоа Асад и сириската БААС на власт, кои ја отворија вратата за Насер и за подоцнежните исламисти во Египет.

Една револуција на арапската работничка класа ќе му стави крај на империјализмот и на ционизмот. Едноставна дволичност е да се тврди дека ова ќе ги загрози Евреите во тој регион. Кога режимот на апартхејдот доминираше со Јужна Африка, поддржувачите на режимот тврдеа дека АНК [Африканскиот национален конгрес] се залага за колежи над белците. Но ништо од тоа не се случи, заклучува Тони Клиф, палестински Евреин кој до крајот на Втората светска војна живееше во тогашна Палестина. Откако се пресели во Британија стана еден од водечките троцкистички теоретичари.

Продолжува

c6

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Најнови вести

To top