Култура и туризам

Ристо Гуштеров – познат бизнисмен и донатор (6)

gusterov1

gusterov1

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ЛИЧНОСТИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ 

Ристо Гуштеров повеќе години е во светот на бизнисот, и дома, преку фирмата „Римако“, по влезот на инвестицијата на американски „Џонсон контролс“ во „Бунарџик“ и во САД со ресторанот „Вергина“ (Кутлеш, Палатица) во Нејплс. Меѓутоа, македонската јавност најмногу го памети по донаторството на соборниот храм „Света Троица“ во Радовиш, неговото родно место, како и по донациите на црквата „Свети Архангел Михаил“ во Пустец и други хуманитарни активности во Македонија, во САД и Канада и во други земји

Тој е менаџер од престижната генерација на бизнисмени израснати под закрила на „Технометал“, најголемата македонска извозно-увозна компанија до почетокот на деведесеттите години на минатиот век. Го развива својот самостоен бизнис на релациите Русија-Австрија-САД. Со негов ангажман е привлечен и изграден првиот производен погон во слободната зона Бунарџик од мултинационалната корпорација „Џонсон контролс“. Затоа тој ќе изјави „Јас во Македонија ја започнав својата кариера, тука завршив високо образование, државата ми овозможи да се издигнам на одредено ниво на европските и светски бизниси и сега е нормално во знак на благодарност да и возвратам, а мислам дека тоа треба секој да го направи, на сопствената држава и народ“.

Тој прв финансираше во уметноста, профилирајќи се како мецена на македонската транзиција. На крајот од осумдесеттите години на минатиот век во Охрид е поставен монументот на сесловенските просветители, свети Кирил и Методиј, дело на академик Томе Серафимовски, а донација на Ристо Гуштеров.

Родното место на Ристо Гуштеров, градот Радовиш за прв­пат се спо­ме­ну­ва во 1019 го­ди­на во Гра­мо­та­та на ви­зан­ти­ски­от цар Ва­си­лие Вто­ри, а та­ка се ви­ка­ла и сред­но­ве­ков­на­та жу­па, што по­ка­жу­ва де­ка град­ска­та функ­ци­ја по­тек­ну­ва од сред­ни­от век. Во тоа вре­ме Ра­до­виш прет­ста­ву­вал зна­ча­ен ре­ги­о­на­лен за­на­ет­чи­ски и ру­дар­ски центар.

Gusterov2

МПЦ „Св. Тројца“ во Радовиш

За­штит­ник на оп­шти­на­та и гра­дот Ра­до­виш е све­те­цот Спа­со Ра­до­ви­шки. Праз­ни­кот се чес­тву­ва се­ко­ја го­ди­на на 21 август во па­рак­ли­сот „Свети Спа­со Ра­до­ви­шки“ на пло­шта­дот во Ра­до­виш. Меѓутоа, пре­поз­нат­лив бе­лег на гра­дот е, се­пак, цр­ква­та „Светa Тро­и­ца“, ко­ја е со­бор­на  храм во овој град. Сме­сте­на е на бу­ле­ва­рот Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски, со­би­ра 600 вер­ни­ци и прет­ста­ву­ва еден од нај­у­ба­ви­те и нај­бо­га­ти пра­вос­лав­ни хра­мо­ви на Бал­ка­нот и по­ши­ро­ко. Ра­до­ви­ша­ни со по­чит го­во­рат за неа и се гор­де­ат.

Вредноста со фрескоживописот, е од пет до седум милиони евра, донација на Ристо Гуштеров. Со помалку бизнис-носталгија тој истакнува дека единствен ќар од инвестиции во државата, кои го носат и внатрешниот мир, се донациите во уметноста и храмовите за заедништво на луѓето. Затоа,  тој вели дека Катедралниот храм „Света Троица“ изграден во неговото родно место Радовиш е врвот на неговата цел и дека филантропската активност ги прави луѓето среќни, да веруваат во иднината на Македонија, што за него тоа е досега најуспешниот и најголем подарок за земјата и луѓето.

Овој величествен Божји храм е посветен на денот кога се празнува Света Троица којшто е празник на целиот град. Кога посетителот за првпат ќе ја види црквата ќе биде импресиониран и од нејзината големина и од нејзиното надворешно опкружување кое создава една целина што може само да се доживее на лице место.

Според историските податоци, камен-темелникот на соборниот храм посветен на светите Троица беше поставен на 24. април 1997 година а црквата беше осветена на 12. октомври 2003 година од страна на архиепископот охридски и македонски господин господин Стефан со сите архијереи на МПЦOA. Ктитор и комплетен финансиер на ова прекрасно и величествено здание  во неговото родно место е бизнисменот Ристо Гуштеров.

Црквата „Света Троица“ по нејзината архитектонска конструкција и концепција спаѓа во типот на еднокорабни цркви со развиен впишан крст во правоаголно пространство и сводна куполна партија која е покриена во византиски стил. На пресекот на краците на крстот се развива голема купола на десетостран тамбур и четири помали куполи на просторите помеѓу краците. Сето ова е направено со користени примери од македонското архитектонско културно наследство. Црквата е висока 21 метар, а, додека, камбанаријата е висока 23,5 метри. Храмот е распослан на површина од 550 квадратни метри. Има партерно уреден простор околу самата црква а во нејзин склоп се камбанаријата, фонтаната, чешмата, административната зграда и паркиралиштето.

Нејзината внатрешност која плени со убавина и раскош, треба да се напомни дека има елементи од сите македонски православни цркви но и од црквите од Украина, Грција и Русија. Сепак, препознатливоста на стилот се состои во класичното и модерното црковно сликарство.

Внатре во црквата висечките лустери се позлатени, вратите се од резба, прозорците се витраж, а подот е мозаик од разни видови мермер и травертин. На средината, во центарот на црквата е насликано сонцето Вергина (Кутлеш-Палатица). Внатрешноста е доста просторна, со тераси. Покрај светците, внатре во црквата на влезот од десната страна е нацртан и самиот Ристо Гуштеров, како ктитор и речиси целото негово семејство: неговите три деца, сопругата, родителите, сестрата.

Во црквата се застапени и елементи од античка Македонија, така е поставена ѕвездата на Виргина (Кутлеш-Палатица), лаковите на Александар и Филип Македонски и цар Самуил, додека царските двери и владичкиот трон и дел од декорот во храмот се позлатени.

Импозантниот храм „Света Троица“ за Ристо Гуштеров не е само културно-сакрален објект на чиј ѕид стои неговото име како ктитор, туку со изградбата на храмот тој сакаше да ги подигне стандардите на добротворите во Македонија и да остави некое културно добро, бидејќи за него личниот интерес не е единствената цел во животот. Тој е еден од најголемите ктитори во поновата историја на МПЦOA. Затоа, Светиот синодот на МПЦOA го одликувал Ристо Гуштеров со орденот „Свети Климент Охридски“ од прв ред.

Инаку, Радовиш и неговата околина можат да се вбројат меѓу ретките градови кои располагаат со монументален објект, како што е црковно-соборниот храм „Света Троица“, чија изградба ја финансираше Ристо Гуштеров. Ова импозантно здание го привлекува вниманието на посетителите од земјата и пошироко. Црквата е знаменитост по која Радовиш е препознатлив и е дел од туристичката понуда.

Гуштеров се испроба и во политиката пред неколку години, влегувајќи во Либералната партија, каде што беше и главен финансиер. Кусо време беше и прв човек на таа партија, но се повлече, веројатно, сметајќи дека во бизнисот може да даде поголем придонес. Токму во тие мигови, авторот на овие редови го памети бизнисменот Ристо Гуштеров од средбата на Црковно-народниот собир во Детроит. На средбата на која присуствуваа и поглаварот на МПЦOA архиепископот охридски и македонски господин, господин Михаил и претседателот на Либералната партија Стојан Андов, кога, мегу другото стана збор и за изградбата на црквата „Света Троица“ во Радовиш.

Gusterov3

Ристо Гуштеров е успешен стопанственик кој својот бизнис одамна го прошири надвор од Македонија. Во Македонија сега ја поседува само фирмата „Римако“, а остатокот од неговиот капитал се неподвижен имот во Москва, Бугарија, Флорида, угостителскиот бизнис во САД и друго. За клучната улога што ја одигра во носењето на „Џонсон контролс“ во Македонија, тој го доби епитетот најзаслужен за влез на инвестицијата на американски „Џонсон контролс“ во „Бунарџик“.

Ристо Гуштеров има заслуги што ги помага Македонците насекаде во светот, особено во Мала Преспа, каде Пустец е  стожерот на тој дел од распарчена Македонија. Ова убаво македонско село е распространето вдолж ридот над самото Преспанско Езеро. Куќите се од камен, македонски, скромни, како и во многу преспански и други села. Сите зборуваат убав преспански македонски говор, на училиште четири години учат на мајчин македонски јазик, имаат амбуланта, земјоделска задруга, киносала, културен дом, колонијални продавници, рибарска задруга и голем број други институции.

Но, најважно е што имаат чист македонски дух и верба во иднината на македонската нација, на македонскиот јазик, на сè што е македонско. Селото Пустец е единствена македонска општина и една од поголемите населби во Корчанскиот Регион и најголемо македонско село во Албанија. А, таму во Долна Преспа се пее, се смее, се игра, се тагува и боледува на мајчин јазик.

Таму е изградена прекрасната Македонска православна црква „Свети Архангел Михаил“ која се наоѓа во центарот на ова градско село. Најголеми донатори на новоизградената црква во Општината Пустец, се, секако, Ристо Гуштеров и Ѓорѓија (Џорџ) Атанасоски од Флорида. Тие како да се натпреваруваат кој повеќе ќе донира на единствената македонска општина во Албанија. Новиот духовно-национален храм „Свети Архангел Михаил“ во Пустец е подигнат на некогашните темели на старата црква, каде пред тоа, на местото на црквата беше изграден Домот на културата

Инаку, Општина Пустец во регистарот е запишана на македонски како Пустец и на албански Ликенас. Името на Пустец му беше сменето во седумдесеттите години на минатиот век. Оваа општина вклучува девет различни населени места, населени со етнички Македонци кои зборуваат на нивниот мајчин македонски јазик и кои сакаат да им се поттикне сопственото културно наследство.

Ристо Гуштеров е познат по својот ресторански комплекс „Вергина“ во градот Нејплс, на Флорида. Со својот прекрасен внатрешен амбиент и со локацијата на објектот на главната улица во центарот на градот, ресторанот „Вергина“ претставува место за другарување, за средби и разделби. Во тоа се уверивме пред неколку години при нашата посета на Флорида и на градот Нејплс, кога во ресторанот од македонскиот персонал бевме почестени и со македонски јадења и пијалаци, за да се чувствуваме како да сме во Македонија.

Продолжува

 Katin6

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top