Култура и туризам

Чекори кон небото

violeta

violeta

Чекори кон небото, Виолета Сековска и други

На страната на СВЕТСКАТА КНИЖЕВНА АКАДЕМИЈА “VOCEA LİTERARA” во Р. Романија блесна името на Македонската поетеса Виолета Сековска која твори поезија од својата најмлада возраст, но започнува да ја презентира од 2011 година со својата прва збирка песни „Македонија“,па следуваат:
„Срна и елен“,
Јас постојам“
„Дамари“
„Петти елемент“
„Созерцание“
“Бисер”
“Светот на Јаков”.

Зборник на македонско-хрватско пријателство:
“Чекори кон небото, Виолета Сековска и други”.

Интернационален зборник: ” Бела Роза, Виолета Сековска и други”.
Нејзините песни се наоѓаат во
Aнтологија на англиски јазик и во две антологии на македонски јазик.
Нејзини песни се наоѓаат во повеќе од 50 меѓународни зборници ширум Балканот.
Сековска е креатор и творец на поетско – музичкиот перформанс
„Со љубов за Македонија“ со кој има настапувано ширум Македонија и во Р. Албанија, Кралството Данска, Р. Хрватска, Р. Србија и Р. Црна Гора.
Поезијата на Виолета Сековска е повеќепати наградувана од престижни и реномирани здруженија и институции во земјава и на балканот.
Поезијата ѝ е хармонски осмислена, метрички помно пресметана налик на старите мајстори на хуманизмот и преродбата. Во нејзините стихови преовладуваат патриотски, духовни-религиозни и љубовни мотиви.
Во продолжение на Македонски и Турски јазик поезија од Сековска>
Во чашата нема само вино
Има една пуста пустина
која зјае,
Те влече кон неа полнотија од солзи пресушени.

Во чашата нема само вино
љубов претопени во суво билје
каде животот одчукува во векови
се огледува погледот во твојата душа.

Во чашата нема само вино
се кршат ѕвездите во неа,
гласот на тишината го допираш
со усните очите ги склопува,
негови-нејни,
во чашата твоето име, неговото….

Ако чашата се скрши, во што се претвора виното?
Во тебе или во мене?

Турски:

Bardakta sadece şarap değil.
Bardakta bir çöl var.
Seni çeken çöl
Casa kurudu gözyaşları yla dolu.
Bardakta sadece şarap değil.
Bir bardakta kurutulmuş çiçeklere dönüşen aşk
Bir bardakta kurutulmuş çiçeklere dönüşen aşk vardır.O bardakta hayat yüzyıllardır.
Koi’nin hayatı ruhunun aynasıdır.
Bardakta sadece şarap değil.
Bir bardakta, yıldızlar kırılıyor.
Sessizliğin sesi dudaklarına dokunuyor
Gözü kapatır
Seninki, benim.
Adının bir bardak içinde, onun.
Eğer birkaç saat kırılırsa.
Şarap neye dönüşecek?
Senin içinde, içimde

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top