Култура и туризам

Тодор Петров и „Светскиот македонски конгрес” (8)

Todor1

Todor1

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ЛИЧНОСТИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Кога се пишува за етничка Македонија и за македонската дијаспора неодминливо е да се нагласи дека Тодор Петров  и Светскиот македонски конгрес се дел од активностите, постигнувањата и судбината на македонскиот народ во Република Македонија, во сите делови на етничка Македонија и стотиците  илјади раселени на сите страни во светот

Инаку, Тодор Петров е роден на 19 март 1960 година во Гевгелија. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, за потоа во неговиот роден град Гевгелија да биде  директор на Занаетчиска задруга и директор на неделникот „Македонско сонце“. Со осамостојувањето на Република Македонија како независна и самостојна на Балканот, тој ги започна своите политички активности. Така, од 15 септември 1990 до 1994 година беше независен пратеник во првиот повеќепартиски Парламент на Македонија, по распаѓањето на поранешна СФРЈугославија.

Од 1990 година Тодор Петров е претседател на Светскиот македонски конгрес. Од 2006 година беше претседател на кратковечната Македонска партија како транснационална партија. Неговите политички аспирации ги продолжи кога во 2009 година учествуваше во кандидатската трка на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија, но не ја доби.

Тодор Петров по националност е Македонец и верник на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Заедно со своите соработници на Светскиот македонски конгрес, со голем број Македонци кои се поддржувачи, донатори и помагатели на иднината на МПЦ-ОА, меѓу другото, го изградија Милениумскиот крст во населбата Аеродром во Скопје, кој претставува големо обележје за христијанска Македонија.

todor2

Гевгелија

Инаку, Светскиот македонски конгрес или СМК е национална македонска организација со седиште во Скопје, која се залага и се бори за правата на Македонците, во границите на Република Македонија, етничка Македонија и во целиот свет. Основачкото собрание на Светскиот македонски конгрес е одржано на 15 септември 1990 година. Прв и сегашен претседател на СМК е  Петров.

СМК себеси се смета за неформален светски парламент на сите Македонци. Во тесна соработка со него се повеќе македонски здруженија и партии на Македонци од деловите на етничка Македонија, здруженија на Македонците муслимани и здруженија на студенти. Познат е по повеќе добротворни акции за Македонците од Мала Преспа и Пиринска Македонија, протестите за нивна поддршка и против Рамковниот договор. Светскиот македонски конгрес бил и иницијатор на Референдумот во 2004 година.

Според пишаните документи на денешниот Светски македонски конгрес идејата за формирање на организација со истото име  започнала кон крајот на XIX век, во далечната 1899 година. Тоа се случило кога македонската емиграција во Европа била организирана и поведена од идеите за самостојна македонска држава. Во време кога Македонија е поробена, македонската емиграција решава да формира Парламент и Влада во егзил со единствена цел да ја анимира европската и Меѓународната заедница за неотстапното и неотуѓиво право на македонскиот народ на самоопределување за своја сопствена суверена, самостојна и независна држава Македонија.

Втората конференција, одржана на 19 јануари 1899 година, била посветена на подготовките за претстојното заседание на Македонскиот конгрес. Конференцијата ја осудува политиката на балканските држави и бара запирање на дејствувањето на нивните пропаганди во Македонија. На Конференцијата биле избрани 150 делегати за Македонскиот конгрес кои ќе ја претставуваат Македонија, делегати кои ќе ја претставуваат македонската емиграција во Бугарија, како и делегати кои ќе ги претставуваат Македонците во европските земји: Австрија, Франција и Англија.

На Македонскиот конгрес, како легално легитимно претставничко тело на македонскиот народ и на етничка Македонија, му претстоело јавно да ги изнесе политичките ревандикации на Македонците пред цивилизирана Европа:

За Македонија, во нејзините природни и етнички граници: од Шар Планина, на север, до реката Бистрица и до Егејското Море, на југ, и од Кораб и Грамос, на запад, до Родопите и реката Места, на исток, вклучувајќи го и Одринско, се барало ограничена државност, за период од 5 години, како преодна фаза кон потполна државна самостојност и независност. Етапа низ којашто, претходно минале сите балкански народи на патот кон нивната државна независност, и да усвои акт за демократско парламентарно уредување што ќе гарантира: лична слобода; неприкосновеност на имотот на сите, без разлика на националната и верската припадност, слобода на печатот и сите права на националните малцинства.

За реализација на така поставената политичка национална програма било предвидено формирање на постојано тело на Македонскиот конгрес во својство на Привремена влада на Македонија, што ќе ги претставува и застапува интересите на македонскиот народ во надворешните односи, во прв ред со големите европски држави.

Централниот македонски комитет подготвил и посебен Мемоар за македонското прашање за предавање на европските сили, по неговото усвојување на Македонскиот конгрес и по потврдувањето на истиот со потписите на сите членови на Македонскиот конгрес.

По теркот на македонската емиграција во Европа и денешниот Светскиот македонски конгрес претставува неформален Светски парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет. Тој  е основан на 15 септември 1990 година во Гевгелија, врз основа на Декларацијата за основање Светски македонски конгрес, донесена на Општонародното собрание за време на блокадата на македонско-грчката граница одржана на 16 јуни 1990 година на граничниот премин Богородица.

Светскиот македонски конгрес е регистриран на 26 септември 1990 година според Законот за општествени организации и здруженија на граѓани.

На 8 август 1993 година на Првото генерално собрание на Светскиот македонски конгрес усвоен е нов Статут на Светскиот македонски конгрес, со што престанал да важи Статутот на Здружението за Светски македонски конгрес донесен на 15 септември 1990 година на Основачкото собрание на Конгрес.

Според Статутот на „Светскиот македонски конгрес” тој претставува Парламент на Македонците од целиот свет поради нивното духовно, културно и економско обединување, а во функција на македонскиот народ и неговата држава Македонија, како и афирмација на етничкиот, културниот и јазичниот, верскиот и историскиот идентитет на македонскиот народ.

Меѓу другото, основните цели на  Светскиот македонски конгрес се обединување на сите асоцијации, организации и институции на Македонците и пријателите на Македонија од целиот свет и предлагање и преземање мерки за опстанок на македонскиот народ и обнова и развој на Македонија. Тој донесува платформа за интегрално остварување на правата на македонскиот народ под покровителство на Организацијата на Обединетите нации.

todor3

СКМ се бори за градење на Македонија како правна држава врз принципите на парламентарната демократија, пазарната економија, општите слободни тајни и неподредени избори и почитувањето на човековите права и граѓанските права и слободи, во согласност со меѓународните договори. Посебен простор посветува на обезбедувањето на правата на малцинствата во Македонија и нивните национални, етнички, јазични, верски и културни достигнувања , во согласност со меѓународните договори. Зошто, јазикот, фонетското писмо, личните имиња, топонимите, теогонијата се непобитни аргументи за поврзаноста на Македонците од античко време со современите-денешни Македонци.

Исто така, Светскиот македонски конгрес се залага за меѓународно афирмирање  на македонската вистина, култура, јазик, уметност, историја и достигнувања на секое поле од општествениот живот; како и на формирање на македонски клубови и асоцијации, организации и институции насекаде низ светот. Посебен простор посветува на заштитата и одбраната на правата и интересите на македонскиот народ и Македонците од целиот свет пред надлежните државни и меѓународни органи, организации и заедници, со посебен акцент на грижата за заштита на положбата и правата на Македонците  од сите делови на Македонија кои се раселени по  целиот свет.

Во рамките на одбележувањата на 2.000-годишнината од христијанството, на 5 ноември 2013 година  Светскиот македонски конгрес поднесе иницијатива до Општина Аеродром за  изградба на крст. На 24 јуни 2014 година, македонскиот крст беше осветен, при што донаторите на македонскиот крст јавно беа објавени. Крстот е монтажен, висок 33 метри, со симболика колку што живеел Исус Христос до неговото воскресение.

Според СМК крстот не е ниту конспирација ниту провокација, туку културна афирмација. Крстот не е антиисламски симбол, туку дел од културата на Македонија. Крстот има право на простор во Македонија затоа што Македонија е основата на христијанството во Европа.

Инаку, се смета дека  крстот на Аеродром, а и другите православни споменици не се симбол на македонската етничките заедници туку на сите верски заедници. Крстот е универзален верски симбол и на Македонците и на другите христијани. Крстот, воопшто не претставува порака на Македонците против сожителство со другите верски заедници.

Затоа, со право се вели дека Тодор Петров и Светскиот македонски конгрес долги години работат за Македонија, за Македонците и македонското прашање, обединувајќи ги македонските иселеници за одржување бројни социокултуролошки настани. Тодор Петров особено е активен во промовирањето на демократијата во Македонија. Тој е за заштита на македонското име, знаме, Устав и промоција на признавањето на Македонија како суверена земја од страна на земјите од светот.

Продолжува

 B3

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Најнови вести

To top