Култура и туризам

Археологија на македонскиот дух

kukubajska

kukubajskaМарија Емилија Кукубајска

Археологија на македонскиот дух

КАМЕНАТА КНИГА

На традиционалната годишна манифестација организирана од ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ Гевгелија – Метрички караван, изданието за 2019 е посветено на поети кои се родени или твореле во Штип и Гевгелија.  

Во Народниот театар во Гевгелија, книгата беше промовирана од претседателката на Друштвото на Писателите на Македонија, Соња Стојменска – Елзесер, книжевен научник и есеист.

Песната КАМЕНАТА КНИГА од реномираната македонско-американска поетеса Марија Емилија Кукубајска е дел од содржината на Метричкиот караван. Дел од авторите застапени во изданието се и Михаил Ренџов, Ристо Лазаров, Васил Тоциновски, Стојан Тарапуза, Трајче Кацаров.                             

kuku 

КАМЕНАТА КНИГА

Брчки – на лицето, камена месност,

 сончеви резови на разумот, везови – тврди докази

во камената книга неистината од фреквенции

на времето/простор. Брчки неизбришани

од милениуми, издупчени, со купули испишани

знаци на сонцето, зраци на зреење на живот

од пред времето да се брои

од оваа точка на која сега копа, чита, стои

читателот на душата: Анѓеле, Дарјан, Душко, Емануел,

Еми, Марија, Сашко… женско, машко дете, во чо-векот.

Камената книга – светлина во материја,

дух во физика, ф-акт и езотерија,

камено срце, со стрели, триаголници, лакови,

човек – ѕвезда, во богослужба вовед, дружба,

енергијата, се концентрира…  преку Бог се интерпретира.

Камената книга студенило оддава однадвор само,

а од вселената во неа вселена – топлина на Авторот

на СЕ’ – преку предци грее, звучи:

СУМ – како и секаде и тука мојот ракопис да ве учи…

творец и на камен и на пламен,

и на неживо и сè живо – ЈАС сум, вистина, светлина, пат:

наследства ви откривам, иднина подмладувам,

ве чувам од лажниот светлоносец и крадец на идентитети.

Брчките, пра-писма врз образот на светот, камени

зраци небесни … човекот го чинеле човечен,

со надземни знаци човечното го кревале

во него – СозДавачот свој да го бара – за љубов, милост,

род и пород, и на земја и на небо – за да мисли, да се моли,

да благодари, да ПРОСТУВА.

Во камената книга – живо камено срце

предокот наш препознал, прсти на исконот,

корени, струни на бесконечност… пресадувал,

ускладувал, од небесни констелации во камени комуникации,

од еонски ери во тахионски пештери… сонца неутрински,

деноноќни. Во Црвен Брег, Беласица, бела Пела, Цоцев Камен

во црноземни минерали и метали – Бог битисува, богатство, дух.

… Камените книги

им се откриваат на надарените само, тие што учеле

да читаат бои и резби, наследници да учат на тајни

тешки: кои крадци аждајски им риеле ризници рајски.

Камените книги

души послани, посеани по полиња –  земни култури

израснале, посеви космички, хранливи агрикултури

со посланија печатени од Сезнајниот, од детски градини

на цивилизациите – до сега: тапии на историјата на Македонија,

Светонија, иако обесчестувана во векот на лажниот, и одродена.

Сепак, и сега ќе биде – препородена од пламенот во каменот.

Најново од: Култура и туризам

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

To top